Прејди на содржината

ФК Јувентус

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јувентус
Целосно имеФудбалски клуб Јувентус С.п.А.
ДржаваИталија Италија
ПрекарСтарата дама[1],
Бјанконери (Црно-бели),
Зебрата
Основан1 ноември 1897; пред 123 години
(како Спортски клуб „Јувентус“)
ЛокацијаТорино, Италија
Бои          црна и бела
СтадионАлијанц стадион
Капацитет41,000
СопственикСемејството Ањели
(преку Exor S.p.A)
ПретседателИталија Џанлука Фереро
ТренерИталија Тијаго Мота
ЛигаСерија А Серија А
2023–24Серија А, 3-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Титули
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

ФК Јувентус (од латински: Iuventus, во превод „младост“), познат и само како Јувентус или колоквијално скратено Јуве[2]италијански фудбалски клуб од градот Торино, Пиемонт. Моментално се натпреварува во Серија А, највисокото ниво на италијанскиот клупски фудбал, каде ги минал сите сезони од своето постоење со исклучок на сезоната 2006-2007.

Основан во 1897 година од група локални средношколци,[3] Јуве е вториот најстар професионален клуб во Италија меѓу оние што сè уште активни во земјата, по Џенова (1893); тој е исто така и најтрофејниот и клуб со најголема спортска традиција како и еден од најреномираните во светот со освоени 72 официјални трофеи во својата историја, вклучувајќи го и рекордот од 36 титули шампион на земјата од која доаѓа и уште 11 титули во натпреварувањата на УЕФА.[4]

Врската со семејството Ањели, која трае речиси непрекинато од 1923 година, е првото и најдолготрајното претприемничко-спортско партнерство во Италија;[5][6] преку необичен модел на управување воспоставен во меѓувреме, клубот Јувентус станал еден од првите италијански спортски клубови што постигнал професионален ante litteram,[7] воспоставувајќи се на национално ниво од следната деценија и на меѓународно ниво од средината на 70-тите години на дваесеттиот век.[8] Во следната деценија станал првиот клуб што ги освоил сите три големи европски натпреварувања: Купот на УЕФА (1976-1977), Купот на победниците на куповите (1983-1984) и Европскиот куп на шампиони (1984-1985);[9] а со триумфите во Суперкупот на УЕФА 1984 и Интерконтиненталниот куп 1985, Јувентус исто така станал првиот и останал единствениот клуб во светот кој ги освоил сите пет официјални машки натпреварувања на УЕФА,[10] рекорд, дополнително подобрен со успехот во УЕФА Интертото купот 1999.[11]

Според пласманот на сите времиња објавени во 2009 година од страна на IFFHS, организација призната од страна на ФИФА, врз основа на перформансите на клубовите и меѓународните натпревари, Јувентус е најдобар клуб во Италија и втор во Европа за XX век, зад Реал Мадрид.[12]

Својте домашни натпревари Јувентус ги игра на Стадионот Јувентус, преименуван од спонзорски причини во Алијанц стадион, кој е со капацитет од 41.507 седечки места. Откако во првите години настапувале во розеви дресови, на почетокот на дваесеттиот век клубот ја усвоил денешната играчка опрема составена од црно-бели дресови и црни или бели шорцеви.[13]

Историја

[уреди | уреди извор]
Екипата на Јувентус од 1905, која го освоила првото скудето.

Во есента 1897 година, во Торино бил основан Спорт-Клуб Јувентус на иницијатива на група ученици од средното училиште Масимо д'Аѕељо; меѓу нив биле и Лујџи Форлано и браќата Еуџенио и Енрико Канфари.[3] Три години подоцна, клубот се пријавил за своето прво првенство на Италија.[14]

Првата национална титула пристигнала во 1905 година,[14] сепак, само една година подоцна, претседателот на клубот, швајцарецот Алфред Дик, по жестоките судири во соблекувалната, го напуштил Јувентус и, заедно со група важни членови, се приклучил на Торинезе од кој подоцна се родил Торино:[15] епизодата која, покрај тоа што го означила потеклото на Дербито на Торино, била почеток на серија финансиски и спортски проблеми за Јувентус кои кулминирале во 1913, кога клубот избегнал испаѓање во понизок ранг благодарение на репешаж.[16]

Јувентус на Карло Каркано во сезоната 1933-1934, четврто освоено скудето во Златните пет години

По Првата светска војна, Јувентус, кој се опоравил под претседателството на Џузепе Хес и Корадо Корадини, ја подобрил својата позиција во првенството и ги обезбедил првите играчи на италијанската репрезентација.[17] Едоардо Ањели го презел претседателството во клубот на 24 јули 1923 година.[5][6] Со понатамошното доаѓање на првиот професионален тренер, унгарецот Јено Кароли, дошло и освојувањето на второто скудето во сезоната 1925-1926.[18]

Првиот победнички циклус на клубот, благодарение на придонесот на важни елементи како што биле Џовани Ферари, Раимундо Орси, Луис Монти и одбранбеното трио составено од Комби-Розета-Калигарис,[19] се случил помеѓу 1930-1931 и 1934-1935, кога Јувентус освоил пет последователни првенства и се пласирал во полуфиналето на Митропа купот четири години по ред; тренер на тимот во четири од петте победнички сезони бил Карло Каркано.[20] Многу играчи токму на Јувентус го формирале јадрото на италијанската репрезентација, победник на Меѓународниот куп на Централна Европа и Светското првенство 1934.[21] Прераната смрт на Едоардо Ањели, која се случила во 1935 година, се совпаднала со крајот на „Златните пет години“. Сепак, кон крајот на меѓувоениот период дошол и првиот Куп на Италија за Бјанконерите освоен во 1938 година.

Од лево: Омар Сивори, Џон Чарлс и Џампјеро Бониперти, Магичното трио на торинезите помеѓу 1950-тите и 1960-тите години

Во периодот после Втората светска војна под претседателство на Џани Ањели, а подоцна и на неговиот брат Умберто, Јувентус се вратил на патеките на славата петнаесет години по првиот го доживеал вториот победнички циклус, благодарение на доаѓањето на Омар Сивори и Џон Чарлс, кои заедно со Џампјеро Бониперти го формирале таканареченото Магично Трио:[22] освоени биле три првенства помеѓу 1958 и 1961 година, од кои првото било десетто што на клубот му го донело правото на прикачување на ѕвездата на своите дресови.[23] Сивори, исто така, во 1961 година станал првиот фудбалер од Серија А кој ја освоил Златната топка.[24] Во текот на 1960-тите, поминати под претседателскиот мандат на Виторе Катела, клубот се соочил со длабока обнова: резултатот од сето тоа била речиси безбојна деценија, иако сепак скудетото било освоено еднаш во 1966-1967, триумф наречен Операта на Јуве под водството на Ериберто Ерера кој бил остварен против сите прогнози и очекувања.[25]

Во 1971 година, Бониперти станал претседател на клубот и првата првенствена титула во ова ново руво пристигнала веднаш во неговата прва сезона, 1971-1972, повторена во следната 1972-1973: тие биле првите од третиот победнички циклус кој во следните петнаесет години, под тренерското водство прво на Честмир Вицпалек, потоа на Карло Парола и на крајот на Џовани Трапатони во Торино донел девет шампионски титули, два Купа на Италија и победи во меѓународните натпреварувања што го направило Јувентус првиот клуб кој ги освоил сите натпреварувања под покровителството на УЕФА, последователно, и прв во светот кој ги освоил сите официјални клупски натпреварувања.

Тимот на Јувентус во сезоната 1974-1975, кој под водството на тренерот Карло Парола го освоил 16-тото скудето во клупската историја

Конкретно, во 1977 година дошла првата меѓународна титула во Купот на УЕФА, по крајот на жешкото финале против шпанскиот тим Атлетик Билбао.[26] Првата титула во Европскиот куп на шампиони, била постигната во Брисел на 29 мај 1985 година против Ливерпул приближно една година по победата без пораз во Купот на победниците на куповите, но успехот во најзначајното европско натпреварување, бил засенет од сериозни инциденти пред натпреварот генерирани од британските хулигани кои довеле до смрт на 39 гледачи. Скудетото освоено во 1986 ја затворило деценијата на Трапатони: за време на неговото раководење вкупно 9 членови на Јувентус играле во италијанската репрезентација на Мундијалот во Аргентина 1978 и 6 на следното издание во Шпанија 1982 на кое Италија станала шампион.

Алесандро Дел Пјеро и Пауло Соуса го слават освојувањето на Лигата на шампионите во 1996.

Откако завршиле кариерите на генерацијата фудбалери кои го сочинувале столбот на тимот, Јувентус се соочил со период од девет години без значајни резултати на национално ниво, иако во Торино пристигнале уште неколку трофеи: еден Куп на Италија (1990) и два Купа на УЕФА (1990 и 1993).[23] Сепак, пристигнувањето на клупата на Марчело Липи во 1994 година било увертира за четвртиот победнички циклус на бјанконерите: во десет сезони - со исклучок на двегодишниот период во кој бил заменет на клупата од Карло Анчелоти, кој го освоил Интертото купот – тимот предводен од Липи освоил пет шампионски титули во Серија А и еден Куп на Италија, стигајќи до четири финалиња во Лигата на шампионите освојувајќи ја во 1996 во Рим. Покрај тоа, освоиле еден Интерконтинентален куп, еден Суперкуп на УЕФА и четири Суперкупа на Италија.

Успесите постигнати во првенството под раководството на Фабио Капело во средината на 2000-тите биле одземени со исходот на случајот Калчополи: во летото 2006 година, системот на спортска правда им ја одзел титулата на Бјанконерите постигната во 2005 година и ги спуштил од првото на последното место во поредокот на Серија А за 2006 година, што автоматски ги исфрлило во Серија Б за првпат во нивната историја.[27] Под водството на клупската легенда од 1990-тите години, Дидје Дешан, Јувентус се вратил во највисоката дивизија една година подоцна со освојување на титулата во втората италијанска лига.

Бјанконерите во сезоната 2016-2017, го слават освојувањето на шесттото скудето од деветте по ред во 2010-тите години

Помеѓу 2010 и 2023 година, претседателството на клубот го презел Андреа Ањели, четвртиот експонент на династијата од Торино.[28] За време на неговиот мандат, под тренерското водство на Антонио Конте, потоа Масимилијано Алегри и на крајот Маурицио Сари, бјанконерите му дале живот на петтиот циклус на успеси, надминувајќи го периодот на „Златните пет години“ со освојување на девет последователни првенствени титули од 2012 до 2020 година, нешто „уникатно“ во италијанскиот фудбал;[29] дополнително, во истата деценија во Торино пристигнале четири последователни двојни круни, благодарение на триумфите во Купот на Италија, што е уште еден национален рекорд,[30] и исто толку Суперкупови на Италија. Исто така, клубот играл во две финалиња на Лигата на шампионите, но и двете ги загубиле.

Хронологија

[уреди | уреди извор]
Хронологија на Јувентус
Победник на Купот на Италија (4. титула).
Победник на Купот на УЕФА (1. титула).
Победник на Купот на победниците на куповите (1. титула).
Победник на Суперкуп на УЕФА (1. титула, 1. учество).
Победник на Интерконтиненталниот куп (1. титула).
Победник на Купот на УЕФА (2. титула).
Победник на Купот на Италија (9. титула).
Победник на Лигата на шампионите (2. титула).
Победник на Суперкупот на УЕФА (2. титула).
Победник на Интерконтиненталниот куп (2. титула).
Победник на Суперкупот на Италија (2. титула).
Победник на Суперкупот на Италија (3. титула).
Победник на Суперкупот на Италија (5. титула).
Победник на Суперкупот на Италија (6. титула).
Победник на Купот на Италија (10. титула).
Победник на Купот на Италија (11. титула).
Победник на Суперкупот на Италија (7. титула).
Победник на Купот на Италија (12. титула).
Победник на Купот на Италија (13. титула).
Победник на Суперкупот на Италија (8. титула).
Победник на Купот на Италија (14. титула).

Бои и симболи

[уреди | уреди извор]
Основачите на Јувентус во 1899 облечени во розова и црна опрема во најраните денови

Играчката опрема на Јувентус е црно-бел дрес со вертикални пруги,[33] традиционално во комбинација со бели шорцеви и чорапи. Меѓутоа, раната опрема на клубот усвоена помеѓу 19 и 20 век, наместо тоа, била составена од розев дрес - во комбинација со вратоврска или машна - и црни панталони. Подоцна, поради честото перење, розевата боја толку јасно избледела што клубот одлучил да ја смени.[33]

Во раните години на дваесеттиот век[13] од Англичанецот Севиџ, меѓу членовите на друштвото, било побарано да пронајде посоодветен и поотпорен на абење дрес за играње во неговата родна земја. Така, Севиџ го контактирал својот пријател од Нотингем, навивач на Нотс Каунти, клубот чиј дрес се состоел од црно-бели пруги: поради оваа причина опремата на Јувентус е слична на онаа што ја користеле Страчките.[34]

Официјални симболи

[уреди | уреди извор]
Зебрата дигната на две нозе, веќе дел од иконографијата на клубот, го придружувала и грбот на клубот од доцните 70-ти до раните 90-ти.

Со исклучок на одреден симбол во употреба помеѓу 1979 и раните 1990-ти - кој само го придружувал официјалниот грб -, имено црната силуета на зебра дигната на две нозе, се од 2017 година, идентификацискиот амблем на Јувентус останал суштински непроменет:[35] овален штит исполнет со наизменични столбови во бело и црно, со името на клубот втиснато во горниот дел, додека во долниот дел имало бик, граѓански симбол на Торино; другите детали биле во златна боја, или алтернативно во Савојско сино, второто од почит кон традицијата на Савоја во Торино.[35]

Во сезоната 2017-2018, клубот усвоил различен грб со цел инаугурација на обновен корпоративен идентитет,[36] всушност лого што јасно се разликува од традиционалната европска фудбалска хералдика:[37] тоа содржи пиктограм што ја репродуцира стилизираната буква «J», составена од црно-бели вертикални ленти кои, закривени на дното, кои ги проектираат рабовите на древниот француски штит, што експлицитно се однесува и на скудетото;[36] над сè ова се наоѓа името на клубот.[36] Ова лого е рестилизирано во сезоната 2020-2021 со елиминација на зборот JUVENTUS.[38]

Официјалната химна на Јувентус - петта во историјата на клубот - е Juve (storia di un grande amore) (во превод на мак. „Јуве приказна за големата љубов“), напишана од Алесандра Торе и Клаудио Гвидети и аранжирана од пејачот и музичар Паоло Бели.[39] Меѓу компонираните песни за Јувентус една од најпознатите е Juvecentus, дело на Пјеранџело Бертоли во 1997 година, по повод стогодишнината од основањето на клубот.[40]

Стадиони

[уреди | уреди извор]
Влезот на Корсо Марсиљија, домашниот терен од 1922 до 1933

Првите терени користени од клубот, во двегодишниот период 1897-1898 година, биле Парко дел Валентино и Џардино дела Читадела. Потоа сè до 1908 година, натпреварите ги играле на Пјаца д'арми, освен во периодот од две години 1905-1906 година во текот на кој домашен терен бил Велодром Умберто I.[41] Од 1909 до 1922 година, се користел објектот Корсо Себастополи, а од тогаш до 1933 година на Корсо Марсиљија кој бил сцена за освојување на четири првенства, три од кои последователни.[42]

Од 1933 до 1990 година, клубот ги играл своите домашни натпревари на Стадионот Комунале (подоцна Стадион Олимпико) во областа Санта Рита. Роден со името на општината „Бенито Мусолини“, а изграден за потребите на Светското првенство 1934, преименуван по Втората светска војна прво во Комунале, а подоцна и во Комунале „Виторио Поцо“, овој стадион бил домаќин на 890 првенствени натпревари на Јувентус;[43] по дефинитивното деактивирање на стадионот Филаделфија, Комунале бил споделен со сограѓаните од Торино од 1963 година. Комунале бил користен се до 1990 година, годината во која двата клуба се преселиле на Деле Алпи, изграден во областа Валете за потребите на Светското првенство 1990, кој бил дом на бјанконерите од 1990 до 2006 година.[44]

Стадионот Јувентус, денешниот дом на Јувентус од 2011

Во 2002 година, градскиот совет му доделил на Јувентус експлоатација на областа Деле Алпи за деведесет и девет години,[44] па во 2008 година било одлучено да се изгради нов стадион[45] на местото на разрушениот Деле Алпи. Во меѓувреме, од 2006 до 2011 година, клубот привремено се вратил да ги игра своите домашни натпревари на Комунале, реновиран за време на Зимските олимписки игри 2006 и преименуван во Олимпико;[43] каде одново го делеле игралиштето со градскиот ривал Торино. Од 2011 година, Јувентус ги игра своите домашни натпревари на Стадионот Јувентус,[46] кој изграден врз пепелта на стариот Деле Алпи станал првиот модерен објект изграден во Италија кој е во сопственост на некој фудбалски клуб.[47]

Навивачи

[уреди | уреди извор]
Една од трибините со навивачите на Јувентус

Јувентус е убедливо најпопуларниот клуб во Италија, барем кога се во прашање навивачите, со преку 12 милиони навивачи само во Италија и скоро 200 милиони во светот.

Првите вистински навивачки групи на навивачите на Јувентус почнале да се организираат во средината на 1970-тите, а првите две такви се викале Venceremos и Autonomia Bianconera и двете биле лево политички настроени. Како минувале годините сè повеќе групи се формираат па така во 1976 настануваат Fossa dei Campioni и Panthersi.

Само една година подоцна се основани таканаречените Fightersi од страна на Бепе Роси, кој по својата смрт станува симбол на навивачите на Јувентус. Две екстремни навивачки групи кој и денес постојат, Nucleo Armato Bianconero' и Viking се основани во 1985 и 1986 година. Многу навивачи на другите клубови во Италија и во Европа имаат голема почит према овие две навивачки групи.

Најголемата група на навивачи на Јувентус во тоа време, Gruppo Storico Fighters се распаѓа после конфликтот со навивачите на Фјорентина во Фиренца во 1987 година. Многу поранешни членови на фајтерсите и другите навивачки групи којшто се распаднале одлучиле да основаат нова навивачка група под името Arancia Meccanica (во превод: Пеколен портокал), инспирирани од популарниот филм на Стенли Кјубрик, но во краток временски период го менуваат името на групата во Drughi. Drughi станува најважната навивачка група на Јувентус и во периодот од 1988 до 1996 година веќе имаат преку 10.000 членови. Денес важат за една од најдобрите Ултрас групи во Италија, а посебни се по тоа што претставуваат единствена навивачка група на Апенинскиот Полуостров која не е политички определена.

По неколку обиди за повторно основање на навивачката група Fighters, во 2005 година е одлучено оваа навивачка група да го промени името во Tradizione Bianconera под кое е позната и денес.

Навивачите на Јувентус во 2006 година

Во периодот додека Јувентус настапувал на Деле Алпи, клубот има многу ниска посетеност на домашните, а и во европските натпревари, па така стадионот со капацитет од скоро 70.000 места во повеќето натпревари бил полупразен. На тоа не влијаела само лошата видливост на стадионот, туку и тоа што голем број на навивачи доаѓаат од југот на Италија, од островите Сицилија, Сардинија како и од градови како што се Неапол, Бари, Лече, Палермо, а и од оние кој се по насевер како Рим и Болоња. Во Италија се многу познати и придружниците на навивачката група Drughi, а некој од нив се Drughi Roma од Рим, Drughi Sicilia од Сицилија итн. Во самиот град Торино, Јувентус нема мнозински број на навивачи во однос на градскиот соперник ФК Торино, и поради тоа Јувентус на гостинските натпревари секогаш бил повеќе пратен, а во многу случаи имал и повеќе навивачи отколку домаќинот против кого тогаш играл.

Јувентус во периодот од 2006 до 2011 година клубот играл на Олимпискиот стадион во Торино, пред во септември 2011 да биде отворен Јувентус стадион, новоизграден стадион кој има помал капацитет од Деле Алпи, но за разлика од него просечната гледаност на новиот стадион е скоро максимална, а се случувало во текот на сезоната да бидат распродадени сите билети за само неколку часа и тоа за многу понеатрактивен противник од дното на табелата.

Најважно, за сите обични навивачи и оние навивачи на Ултрас групите освен високата посетеност, е тоа што сите навивачки групи на новиот стадион одлучиле да бидат на иста трибина и заедно да навиваат, што претходно не било случај на Олимпико. Тогаш помалите групи биле на север, а поголемиот број на Ултрас групи на југ и често доаѓало до несогласувања во врска со навивањето.

Ривалства

[уреди | уреди извор]
Момент од Дербито на Италија одиграно во 1930

Поради позицијата што ја заземал Јувентус во врвот на италијанскиот фудбал, речиси постојано уште од повоениот период, и како резултат на ширењето на неговата поддршка и на различни анти-парохијални тврдења, клубот денес има повеќекратни ривалства кои длабоко се чувствуваат:[48] во прв ред е секако ривалството со сограѓаните од Торино наречено Дерби дела Моле.[49] Потоа следува она со Интер наречено Дерби на Италија, кое датира од 1960-тите и повторно разгорено по судските одлуки во врска со италијанскиот фудбалски скандал од 2006 година,[50] покрај тоа, тука е и ривалството со Милан, и покрај тоа што двата клуба долго време одржуваат добри спортско-комерцијални односи со меѓусебна размена на играчи.[51]

Понови и поврзани со појавување на екипите во центарот на вниманието во текот 1980-тите, со последователна спортска борба за освојување на националната титула, се ривалството со навивачите на Фјорентина, главно поврзано со борбата за шампионската титула во сезоната 1981-1982,[52] и она со Рома, која до средината на таа деценија била главен против кандидат на Јувентус во битката за титулата.[53] Понатаму, не треба да се занемари ниту антагонизмот со Наполи, кој постои уште од 1950-тите години, но кој се влошил на почетокот на третиот милениум.[54]

Моментален состав

[уреди | уреди извор]
Бр. Позиција Играч
1 Италија ГМ Матија Перин
3 Бразил ОД Глеисон Бремер
4 Италија ОД Федерико Гати
5 Италија СР Мануел Локатели
6 Бразил ОД Данило
7 Португалија СР Франсиско Консеисао
8 Холандија СР Теун Копмејнерс
9 Србија НП Душан Влаховиќ
10 Турција НП Кенан Јилдиз
11 Аргентина СР Нико Гонсалес
14 Полска НП Аркадиуш Милик
15 Франција ОД Пјер Калулу
16 САД СР Вестон Мекени
Бр. Позиција Играч
17 Црна Гора СР Василије Аџиќ
19 Франција СР Хефрен Тирам
21 Италија СР Николо Фаџоли
22 САД СР Тимоти Веа
23 Италија ГМ Карло Пинсољо
26 Бразил СР Дуглас Луис
27 Италија ОД Андреа Камбјазо
29 Италија ГМ Микеле Ди Грегорио
32 Колумбија ОД Хуан Кабал
37 Италија ОД Николо Савона
40 Шведска ОД Јонас Рухи
51 Белгија НП Самуел Мбангула
Тренери на Јувентус

Моментален тренерски штаб

[уреди | уреди извор]

Тренерски штаб за сезоната 2024-2025:

Функција Име
Главен тренер Италија Тијаго Мота
Помошник тренер Италија Едоардо Сакини
Технички соработници Италија Алдо Долчети
Италија Маурицио Тромбета
Италија Симоне Падоин
Италија Франческо Мањанели
Тренер на голманите Италија Клаудио Филипи
Главен за атлетска подготовка Италија Симоне Фолети
Атлетски тренер Италија Енрико Мафеи
Италија Андреја Петрузио
Италија Лучија Франческо
Главен анализатор Италија Рикардо Ширеја
Клупски доктор Италија Клаудио Риго

Домашни натпреварувања

[уреди | уреди извор]
Екипата на Јувентус од сезоната 1997-1998, која го освоила 25-тото скудето во клупската историја.
1905, 1925-1926, 1930-1931, 1931-1932, 1932-1933, 1933-1934, 1934-1935, 1949-1950, 1951-1952, 1957-1958 10 титули
1959-1960, 1960-1961, 1966-1967, 1971-1972, 1972-1973, 1974-1975, 1976-1977, 1977-1978, 1980-1981, 1981-1982 10 титули10 титули
1983-1984, 1985-1986, 1994-1995, 1996-1997, 1997-1998, 2001-2002, 2002-2003, 2011-2012, 2012-2013, 2013-2014 10 титули10 титули10 титули
2014-2015, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2018-2019, 2019-2020
1937–1938, 1941–1942, 1958–1959, 1959–1960, 1964–1965, 1978–1979, 1982–1983, 1989–1990, 1994–1995, 2014-2015 10 титули
2015-2016, 2016-2017, 2017-2018, 2020-2021, 2023-2024
1995, 1997, 2002, 2003, 2012, 2013, 2015, 2018, 2020
2006-2007.
Тогшниот капитен на Јувентус, Џанлука Вијали, го подига пехарот на Лигата на шампионите освоен во сезоната 1995-1996.

Меѓународни натпреварувања

[уреди | уреди извор]
1984–1985, 1995–1996
1983-1984.
1976-1977, 1989–1990, 1992-1993.
1984, 1996.
1985, 1996.
1999.

Младински натпреварувања

[уреди | уреди извор]

Младинскиот сектор на Јувентус е еден од најуспешните во својата категорија на национално ниво, со 9 титули Шампион на Италија, и на меѓународно ниво, со повеќе од 100 официјални трофеи, вклучувајќи ги и оние на некои од најважните натпреварувања во светот во својата категоријата, како што е Турнирот Вијареџо, кој го освоиле 9 пати (рекорд кој го делат со Милан).[56] Понатаму, тимот бил финалист на Blue Stars/FIFA Youth Cup ​​во 1962 година[57] и полуфиналист во УЕФА Младинската лига во сезоната 2021-2022.[58]

Младински сектор

[уреди | уреди извор]

Младинскиот сектор на Јувентус е составен од 17 машки тимови кои се натпреваруваат на турнири од национално и меѓународно ниво во различни категории.[59] На нив, од сезоната 2018-2019 им бил придодаден вториот тим до 23 години, Јувентус Некст Џен, регистриран во Серија Ц првенството[60] и кој, со победата во Купот на Италија Серија Ц во својата втора година на активност, станал првиот Б тим во историјата на италијанскиот фудбал кој освоил национален трофеј.[61]

Спонзори

[уреди | уреди извор]
Спортска опрема
Спонзори на дресовите
  1. или Мадама на пиемонтски јазик.
  2. Предлошка:Treccani
  3. 3,0 3,1 Manzo, Peirone, «Calcio», p. 86.
  4. „Juventus building bridges in Serie B“. 20 ноември 2006. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  5. 5,0 5,1 agnelli-edoardo-giovanni-umberto_(Enciclopedia-dello-Sport), AGNELLI; Edoardo, Giovanni, Umberto
  6. 6,0 6,1 Giovanni De Luna (23 јули 2023). „Agnelli-Juve, binomio unico al mondo ma le vittorie non ci bastano più“.
  7. Tranfaglia, et al., p. 193.
  8. „Breathing in football and Alpine air in Turin“. 8 јануари 2015. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |lingua= (се препорачува |language=) (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  9. „Le cinque che hanno vinto tutto“. 21 јуни 2019. Занемарен непознатиот параметар |archivurl= (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  10. Angelo Caroli (9 декември 1985). „Juve, Grande Slam“ (sez. La Domenica Sport. изд.). Stampa Sera. стр. 3.
  11. Paul Saffer (10 април 2016). „Paris sulle orme della Juventus“.
  12. Најдобри европски клубови за 20. век
  13. 13,0 13,1 Guido Vaciago (14 септември 2019). „Juventus, ecco perché le maglie sono bianconere“.
  14. 14,0 14,1 Manzo, Peirone, «Calcio», p. 91.
  15. Manzo, Peirone, «Calcio», p. 87.
  16. Almanacco dello Sport: La vita sportiva dell'Italia e dell'estero in tutte le Sue manifestazioni. R. Bemporad e Figlio. 1914. стр. 359. Занемарен непознатиот параметар |поглавје= (help); Занемарен непознатиот параметар |град= (help)
  17. Tavella, Ossola, pp. 282 e sqq.
  18. „La storia“. Занемарен непознатиот параметар |urlarchive= (help); Занемарен непознатиот параметар |deadurl= (help)
  19. Празен навод (help).
  20. Sappino, p. 593.
  21. Празен навод (help).
  22. Marco Ruiz (5 novembre 2008). „«Vi a Del Piero con 18 años y lo contraté en 24 horas»“ (шпански). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  23. 23,0 23,1 Празен навод (help).
  24. Victor Sinet (12 декември 1961). „Palmarès Ballon d'Or: 1961 – Omar Sivori [[[sic]]]“ (француски). Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); URL–wikilink conflict (help)
  25. Alessandro De Calò (2 gennaio 1998). „Simoni e la Juve il breve incontro“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |pubblicazione= (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  26. Sergio Di Cesare (1º aprile 2008). „Hard work pays off for Zoff“ (англиски). Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  27. 27,0 27,1 27,2 По пресудата на Сојузната апелациона комисија во врска со фактите вклучени во Калчополи, титулата италијански шампион 2004-2005 му била одземена на Јувентус и и не била доделена никому оставајќи го првенството без шампион за таа сезона; Што се однесува до титулата 2005-2006, клубот бил автоматски спуштен од 1-во на 20-то место во поредокот и автоматски испаднал во Серија Б за сезоната 2006-2007 со казнени поени, за „вид на асоцијативен прекршок“ – термин кој тогаш не бил предвиден од италијанскиот спортски правен систем, но бил оценет од страна на Сојузниот суд како повреда на членот 6 од Кодексот за спортска правда кој важел во тоа време во врска со случаите на „спортски прекршок“ –, во корелација со претходната година; конечната позиција во поредокот постигнат од тимот во шампионатот за сезоната 2004-2005, како и бодовите и резултатите добиени во натпреварите од споменатиот двегодишен период останале непроменети по конечните пресуди и на спортската и на обичната правда (2015), види. „Appello: ecco le motivazioni“. 4 август 2006. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  28. „Tredici stagioni di record“. 2023-01-15.
  29. „Campioni d'Italia. Ancora. Stron9er“. 26 јули 2020.
  30. „Chi ha vinto più coppe nazionali in Europa?“. 10 мај 2018. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  31. 31,0 31,1 Титулата била отфрлена „во ретроспектива“ од FIGC, бидејќи првенството било предмет на бојкот.
  32. По инцидентите што му претходеле на финалето на Купот на шампионите против Ливерпул на стадионот Хејсел во Брисел, и последователната одлука за исклучување на англиските клубови од натпреварувањата на УЕФА, закажаното финале на Суперкупот на УЕФА во 1985 година помеѓу Јувентус и Евертон не било одиграно. Последователно, УЕФА одлучила да му го додели пехарот на Јувентус, кој физички го поседува трофејот, но бидејќи никогаш немало официјална награда, тие не можат да го вклучат во листата на трофеи.
  33. 33,0 33,1 Празен навод (help).
  34. „Black and White“ (англиски). 21 maggio 2008. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  35. 35,0 35,1 „Il marchio Juventus“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  36. 36,0 36,1 36,2 „Juventus: Black and White and More“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  37. „La Juve è moderna. Il Barça all'antica“. SportWeek (4 [817]). RCS MediaGroup. 28 јануари 2017. стр. 24–25. ISSN 1388-3356.
  38. „Iconici“. 1 август 2020.
  39. „Paolo Belli: biografia e discografia“. Архивирано од изворникот на 15 април 2013. Посетено на 29 ноември 2009. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  40. „Bertoli Fans Club: Partecipazioni – Juvecentus“. Архивирано од изворникот на 16 мај 2009. Посетено на 25 август 2008. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  41. Giovanni De Luna (26 март 2005). „La storia nel pallone“. La Stampa. стр. 1. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  42. Празен навод (help).
  43. 43,0 43,1 „Gli stadi della Juve“. Архивирано од изворникот на 2016-06-12. Посетено на 2024-08-20. Занемарен непознатиот параметар |urlarchivio= (се препорачува |archive-url=) (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  44. 44,0 44,1 Enrica Tarchi (luglio 2002). „Finalmente nostro!“. Hurrà Juventus (7 [162]). Juventus Football Club S.p.A. стр. 8–12. ISSN 1594-5189. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  45. „Il Cda approva la realizzazione del nuovo stadio“. 18 март 2008. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  46. Отворен новиот стадион на Јувентус
  47. Centro studi e ricerche del Settore Tecnico (4 април 2013). „FIGC – 2013“ (PDF). Federazione Italiana Giuoco Calcio: 154. Архивирано од изворникот (PDF) на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  48. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Hazard, Gould.
  49. Hazard, Gould, pp. 210-214.
  50. „Juve-Inter, storia di una rivalità“. 22 settembre 2008. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  51. Corrado Sannucci (15 мај 2003). „Juve e Milan, la sfida infinita: storia di rivalità e di campioni“. la Repubblica. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  52. Hazard, Gould, pp. 200-201.
  53. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име FIFA.
  54. Hazard, Gould, pp. 214-217.
  55. „Scudetto 1925-26“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  56. „La Juve vince la 68ª Viareggio Cup“. 30 март 2016. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  57. „Blue Stars/FIFA Youth Cup“ (PDF) (англиски). Fédération Internationale de Football Association: 7–8. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Занемарен непознатиот параметар |urlarchivio= (се препорачува |archive-url=) (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  58. „Under 19, applausi e lacrime. Ai rigori passa il Benfica“. 2022-04-22.
  59. Prospetto informativo OPV 2007, p. 64.
  60. „La seconda squadra bianconera è realtà!“. Занемарен непознатиот параметар |datae= (help); Проверете ги датумските вредности во: |archivedate= (help)
  61. „Under 23 storica: conquistata la Coppa Italia Serie C!“. 27 јуни 2020. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  1. Viola fu giocatore-allenatore della Juventus nello spareggio delle finali di Lega Nord contro il Bologna (1º agosto 1926), e nella doppia sfida della finalissima nazionale contro l'Alba Roma (8 e 22 agosto 1926), al posto del tecnico Károly improvvisamente morto il 25 luglio 1926, pochi giorni prima della succitata gara contro i felsinei, e per questo considerato il vincitore morale del campionato 1925-1926.[55]

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Luciana Manzo и Fulvio Peirone, Sport a Torino. Luoghi, eventi e vicende tra Ottocento e Novecento nei documenti dell'Archivio Storico della Città, Archivio Storico Città di Torino. TO01465329

Nicola Tranfaglia и Pier Giorgio Zunino, Guida all'Italia contemporanea, 1861-1997, Garzanti, Vol. 4. 88-11-34204-X

Renato Tavella и Franco Ossola, Il Romanzo della Grande Juventus, Newton & Compton. 88-8289-900-4

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Статијата „ФК Јувентус“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).