Серија А 2015-2016
Серија А 2015-2016 | |
---|---|
Прваци | Јувентус (32. титула) |
Испаднале | |
Лига на шампиони | |
Лига Европа | 3. клуба |
Одиграни натпрвари | 380 |
Најдобар стелец | Гонсало Игуаин (36 гола)[1] |
Најголема победа дома | 6-0 Наполи - Болоња (19 април 2016)[2] |
Најголема победа во гости | 4 гола разлика 5 натпревари[2] |
Натпревар со најмногу голови | 5-2 Сампдорија - Карпи (23 август 2015)[2] Лацио - Верона (11 февруари 2016)[2] |
Најголема серија на победи | 15 натпревари[2] Јувентус |
Најголема серија без пораз | 26 натпревари[2] Јувентус |
Најголема серија без победа | 22 натпревари[2] Верона |
Најголема серија на порази | 5 натпревари[2] Џенова |
Најголема посетеност | 79,154 Интер-Милан 1-0 (13 септември 2015)[2] Интер-Јувентус 0-0 (18 октомври 2015)[3] |
Најмала посетеност | 0 (зад затворени врати) Палермо - Аталанта 2-2 (20 април 2016)[2] |
Просечна посетеност | 22,199[2] |
← 2014–15 2016–17 → |
Серија А 2015-2016 била 114-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односоно 84 сезона на Серија А. Сезоната започнала на 22 август 2015, а завршила на 15 мај 2016 година.
Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2014-2015. Карпи, Фрозиноне и Болоња биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.
На 25 април 2016, Јувентус ја одбранил титулата на три кола пред крајот после поразот на нивниот главен конкурент Наполи од Рома во Рим со 1-0. На крајот Наполи го освоил второто место и избориле право да играат во Лигата на шампионите 2016-2017, додека третопласираната Рома се изборила за место во плејоф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите 2016-2017.
Четвртоплаисраниот Интер и петопласираната Фјорентина избориле место во Лигата на Европа 2016-2017, подоцна ним им се приклучил и шестопласираниот Сасуоло откако во финалето на Купот на Италија Јувентус - кој веќе имал изборено учество во европските натпреварувања за слендата сезона - го победил Милан.
Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Карпи, Фрозиноне и Верона.
Најдобар стрелец за сезоната бил Гонсало Игуаин од Наполи со 36 постигнати гола, со што го скршил рекордот на Гунар Нордал од сезоната 1949-1950 за најмногу постигнати голови од еден играч во една сезона во Серија А.
Општо
[уреди | уреди извор]Првенството започнало на 22 август 2015 со натпреварите од првото коло и завршило на 15 мај 2016. На 27 јули 2015 во Милано било одржано извлекувањето на натпреварите од календарот. Според програмата натпреварите од календарот требало да се играат секој викенд, освен на 6 септември 11 октомври и 15 ноември 2015 како и 27 март 2016 како дати за кој биле закажани натапите на националните репрезентации, додека на 27 декември 2015 и 3 јануари 2016 година немало италијански фудбал поради тоа што првенството бил на пауза заради Новогодишните и Божиќните празници.
Бројот на екипите и како позициите кој носат квалификација во натпреварувањата организирани од страна на УЕФА се исти како и претходната сезона. По завршувањето на првенството, првите три екипи ќе се здобијат со право на учество во Лигата на шампионите 2016-2017, првите два во групната фаза, а третиот во квалификациската плејоф рунда, во зависност од резултатите од европските купови; четврта и петтата екипа на табелата, се квалификува за Лига Европа 2016-2017, заедно со победникот на Купот на Италија. Шестопласираната екипа ќе има право на учество во Лигата на Европа, само ако победникот во националниот куп е некоја од екипите која веќе има обезбедено учество во некое од Европските натпреварувања.
Првите осум екипи на табелата се пласираат во осминафиналето на Купот на Италија 2016-2017 како носители, и таму имаат предност натпреварот да го играат на домашен терен.
Каљари, Чезена и Парма биле екипите кој испаднале од Серија А претходната сезона : Каљари испаднал после единаесет сезони по ред во Серија А, Чезена се вратила во Серија Б по само една сезона во Серија А, додека екипата на Парма по шест сезони поминати во низа во Серија А, како последна екипа на табелата испаднала во понизок ранг на натпреварување. Подоцна Парма поради банкрот била префрлена во Серија Д. На нивно место Карпи како првопласирана и Фрозиононе како второпласирана екипа во Серија Б 2014-2015 се пласирале директно во италијанската елита, а интересно е тоа што и двете екипи дебитираат во Серија А. Болоња која била четвртопласирана после регуларниот дел од сезоната им се приклучила на дваете горе споменати екипи во Серија А како победник на плејофот во Серија Б. Дури во сезона 1993-1994 за последен пат се случило во првенството да влезат две екипи што никогаш претхдно не играле во Серија А: во тоа време тоа биле екипите на Пјаченца и Реџана кој дебитирале во највисоката лига.
Од оваа сезона, новина во Серија А е воведувањето на Hawk-Eye технологијата на головите, како систем за детекција, која покажува дали топката ја поминала гол линијата или не, а со тоа да се елиминираат судиските грешки по ова прашање, или да се намалат епизодите на фантомски голови. Една мала промена, исто така е претставена со многу почесто совпаѓање отколку во минатото да постои натпревар од Серија А, во терминот од 15:00 часот во сабота (покрај веќе вообичаените термини за сабота од 18:00 и 20:45 часот).
Настани
[уреди | уреди извор]Прв дел од сезоната (Андата)
[уреди | уреди извор]Почетокот на сезоната, предвиден за крајот на август (нешто порано од вообичаеното) поради Европското првенство 2016, донел неколку изненадувања, вклучувајќи го и негативниот старт на бранителот на титулата Јувентус, кој останал без ниту еден освоен бод по првите сто и осумдесет минути, со што станале главните ликови на најлошиот старт во едно првенство во историјата на овој клуб (во апсолутна смисла уште од шеснаесеттото првенство (1912-13)).[4] Интер, ослободен од обврските кон Евро-турнирите, се искачил на чело на табелата по пет кола со максимален број бодови.[5] Нероаѕурите, кои не биле на врвот цели пет години, овојпат дошле особено благодарение на нивната одбрана, примајќи само еден гол во овој дел од сезоната.[6] Околу септември, Фjорентина го победила Интер со 4-1 во гости, благодарение на хет-трикот на Никола Калиниќ, и го презема водачкото место во лигата од нероаѕурите.
По преземањето на првото место (за првпат водачи на табелата после 17 години) виолетовите останале во водство три кола, покажувајќи добра игра сè до поразот на домашен терен од Рома, со кој џалоросите го презеле врвот на две кола, пред во единаесеттото да загубат на гостувањето во Милано од Интер со 1-0 со првиот гол во италијанското првенство на Гари Медел.[7] Екипата на Роберто Манчини се осамостоила на врвот на 22 ноември, победувајќи го новакот во лигата Фрозиноне (4-0), затоа што до тоа коло тие биле изедначени на првото место по бројот на бодови со Фјорентина. Меѓутоа првото место тешко се брани од конкурентите и веќе во следното четеринаесетто коло Интер бил поразен во Неапол и го предал првот на Наполи на Гонсало Игуаин (најдобриот стрелец во лигата во тој момент), кој бил стрелец и на двата гола во успехот на наполитанците со 2-1.[8] Наполи продолжил со одличните игри и останал на врвот до крајот на првиот дел од сезоната (андата) со што станал зимски првак (campione d'inverno), но со само два бода повеќе од новиот конкурент за скудетото Јувентус и Интер; по слабиот почеток бјанконерите наредиле 9 победи по ред и се искачиле на второто место со 39 бода колку во тој момент имал и Интер, но подобрата гол-разлика била во корист на екипата од Торино. Првиот дел од сезоната на четвртото место го завршила Фјорентина со бод помалку од Јувентус и Интер и три помалку од Наполи, а Рома која во еден момент била водач на табелата западнала во голема резултатска криза и заостанала на петтото место со седум бода помалку од водачот.
Меѓу екипите кој разочарале во првиот дел од сезоната се Милан и Лацио. Ризик за слабо првнство се чини дека има Торино, додека Кјево и Аталанта биле стабилни во средината на табелата. Доста слаб прв дел од сезоната имала и екипата на Џенова, поготово ако се земеат предвид резултатите од претходната сезона, додека Емполи и Сасуоло уживале во својте најдобри денови во Серија А откако и двете екипи биле во првиот дел од табелата далеку од зоната за испаѓање.[9] Болоња, ги порпавила својте резултати од почетокот на сезоната со доаѓањето на клупата на Роберто Донадони,[10] додека на дното останала Верона, кој го завршил првиот круг од сезоната дури и без победа во првенството.[11]
Втор дел од сезоната (Риторно)
[уреди | уреди извор]Во текот на првата половина од сезоната, Интер иако долго биле на врвот не успеале да се одлепат од противниците, додека во втората половина од сезоната сме сведоци на издвојување на Наполи и Јувентус од останатите конкуренти за скудето на солидна дистанца: бјакнонерите, по победата над Кјево во гости (0-4), стигнале до нивната 12-та последователна победа[12] меѓутоа Наполи одговорил со убедлива победа над Емполи (5-1).[13] Фjорентина и Интер, гонителите на водечката двојка, сега веќе останале доста назад на табелата. Екипата на Милан направила позитивен почетокот на новата година, со девет последователни натпревари без пораз (од кој пет победи), вклучувајќи ги и успесите во дерби натпреварите против Фјорентина и Интер, како и ремито против Наполи во гости. Со тоа росонерите се приближиле до својата цел трката за третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.[14]
Надвор од врвот продолжила одличната серија на Болоња, која освоила 9 бода во првите три натпревари од вториот дел на сезоната по победата со 3-2 над Сампдорија, во период во кој слабо им оди и на двата клуба од Џенова, бидејќи и Грифоните и Самп биле заглавени непосредно пред зоната за испаѓање. Во самата зоната за испаѓање се наоѓа Верона,[15] која останала без победа и по 23 натпревари во лигата, и двата дебитанти Карпи и Фрозиноне. Шестото повратно коло донело пресвртница на настани, со судири меѓу првите четири тима на табелата, Јувентус-Наполи и Фјорентина-Интер. Првиот натпревар бил одлучен во 88-мата минута кога напаѓачот на Јувентус Симоне Ѕаѕа постигнал прекрасен погодок: Јувентус дошол до својата 15 победа едноподруго (што е нивен клупски рекорд), и го престигнал Наполи на врвот, си го поврати приматот што му недостасуваше од претходната сезона, и така го заврши својот процес на враќање на врвот од -11 бода. Во вториот натпревар, сепак, Фиорентина издвојува победа со 2-1, изборувајќи се да остане осамена на 3-тото место и верификација на кризата на Интер, кој наскоро ќе биде престигнат од страна на Рома и скоро стигнат од Милан на -2.
Во 31-вото коло Јувентус го победил Емполи со 1-0 (со голот на Марио Манџукиќ), а Наполи загубил со 3-1 во Удине од Удинезе, зголемувајќи си го својот заостаток зад екипата од Пиемонт на -6. Зад нив, Рома го освоила дербито со Лацио (1-4) и продолжила брзо да се искачува сè до 3-то место, правејќи предност пред Интер, Фјорентина, Милан и Сасуоло, кој се приближува кон шестото место. На пет круга до крајот, Јувентус го совладал Палермо (4-0), а Наполи паднал во Милано против Интер (2-0), останувајќи на -9 од врвот. Кон крајот на сезоната, се јавува контроверзност помеѓу капитенот на Рома Тоти и тренерот Спалети: капитенот се покажал одлучувачки во два последователни натпревари, изедначувајќи го резултатот против Аталанта (3-3) во последните минути, а потоа, бил главниот лик во кам-бек победата против Торино, постигнувајќи два гола, по влегувањето во игра во 86-тата минута, оставајќи ја Рома во игра за второто место.
Во 35-тиот круг од првенството, екипата на Јувентус математички ја освојува титулата (32-ра), благодарение на победата на гости со 1-2 над Фјорентина и победата на Рома над Наполи (1-0). Интер го консолидира 4-тото место по победата со 3-1 над Удинезе. Во борбата за опстанок, Палермо го надминува Фрозиноне по победата на гости во нивниот меѓусебен двобој, додека Сампдорија се движи се подалеку од зоната за испаѓање по победата над Лацио (2-1 со пресврт). Верона, и покрај успехот против Милан (2-1), математички ги губи шансите за опстанок и станува првиот клуб кој испаднал во понизок ранг за оваа сезона, поради победата на Карпи над Емполи (1-0), кој веќе го гледа спасот, задржувајќи се на +3 бода во однос на Палермо на 3 кола од крајот. Меѓутоа, во претпоследното коло Палермо го престигнал Карпи во Битката за опстанок, благодарение на ремито (0-0) против Фјорентина во гости, додека клубот од Емилија-Ромања загубил на домашен терен од Лацио (1-3) во натпревар во кој промашиле два пенали. Во истото ова коло математички го обезбедиле опстанокот екипите на Удинезе (со ремито 1-1 во Бергамо против Аталанта) и Сампдорија (и покрај поразот со 0-3 во градското дерби против Џенова). Исто така 37-мото коло значело крај на низата од 26 натпревари (25 победи и едно реми) без пораз на Јувентус, откако тие загубиле во Верона од полседнопалсираната екипа со 2-1: Лука Тони постигна гол од пенал, во неговиот последен натпревар пред да се пензионира.
Во последното коло Наполи го обезбедува второто место на крајот од првенството, победувајќи го Фрозиноне со 4-0 благодарение на хет-трикот на Игуаин, кој го надминува рекорд на Гунар Нордал по бројот на постигнати голови во едно издание на Серија А (36). Трето место го освоила Рома, а потоа следуваат Интер, Фјорентина и Сасуоло: неровердите математички го осигурале шестото место кое вреди квалификација во Лигата на Европа, откако го совладале Интер (3-1), истиснувајќи го Милан на седмото место. Карпи, Фрозиноне и Верона испаѓаат во Серија Б.
Играчки рекорди
[уреди | уреди извор]Во текот на сезоната биле соборени два играчки рекорда, а новите рекордери се голманот на Јувентус Џанлујџи Буфон и напаѓачот на Наполи Гонсало Игуаин.
На 20 март 2016, Џанлујџи Буфон го скршил рекордот на некогашниот голман на Милан Себастијано Роси од 929 минути без примен гол, поставувајќи нов рекорд од 974 минути без примен гол.[16]
На 14 мај, Гонсало Игуаин го скршил реордот на Гунар Нордал за најмногу постигнати голови во Серија А за една сезона (35 во 1949-1950), постигнувајќи вкупно 36 гола.[17] Со тоа тој исто така се израмнил со Џино Росети од сезоната 1928-1929 (тогаш во лигата учествувале 32 клуба), како двајца најдобри стрелци во историјата на италијанската прва лига.[18]
Екипи
[уреди | уреди извор]Вкупно 20 екипи учествувале во лигата, вклучувајќи ги и 17-те од претходната сезона 2014-2015 и трите промовирани екипи од претходната сезона во Серија Б 2014-2015.
Екипи по региони
[уреди | уреди извор]Број на екипи | Регион | Екипи |
---|---|---|
3 | Емилија-Ромања | Болоња, Карпи и Сасуоло |
Ломбардија | Аталанта, Интер и Милан | |
Лацио | Лацио, Рома и Фрозиноне | |
2 | Лигурија | Џенова и Сампдорија |
Пиемонт | Јувентус и Торино | |
Тоскана | Емполи и Фјорентина | |
Венето | Кјево и Верона | |
1 | Кампанија | Наполи |
Фурланија-Јулиска Краина | Удинезе | |
Сицилија | Палермо |
Стадионите на екипите и нивните локации
[уреди | уреди извор]Личности и спонзори
[уреди | уреди извор]Екипа | Претседател | Тренер | Капитен | Опрема | Спонзор на дресот |
---|---|---|---|---|---|
Аталанта | Антонио Перкаси | Еди Реја | Џанпаоло Белини | Најк | Suisse Gas, Stone City |
Болоња | Џои Сапуто | Роберто Донадони | Архимеде Морлео | Макрон | FAAC, Illumia |
Карпи | Клаудио Калиуми | Фабрицио Кастори | Кристијан Ѕакардо | Џивова | Azimut Holding, Gaudì Jeans |
Кјево | Лука Кампадели | Роландо Маран | Серџо Пелисиер | Џивова | Paluani, Italgreen |
Емполи | Фабрицио Корси | Марко Џампаоло | Масимо Макароне | Хома | Gensan, NGM Mobile |
Фјорентина | Марио Коњињи | Пауло Соуса | Гонсало Родригес | Le Coq Sportif | Save the Children |
Фрозиноне | Маурицио Стирпе | Роберто Стелоне | Алесандро Фрара | Легеа | Banca Popolare del Frusinate, Gala |
Џенова | Енрико Прециози | Џан Пјеро Гасперини | Николас Бурдисо | Лото | LeasePlan |
Интер | Ерик Тохир | Роберто Манчини | Мауро Икарди | Најк | Пирели |
Јувентус | Андреја Ањели | Масимилијано Алегри | Џанлујџи Буфон | Адидас | Jeep |
Лацио | Клаудио Лотито | Симоне Инѕаги | Лукас Биља | Макрон | Paideia |
Милан | Силвио Берлускони | Кристијан Броки | Рикардо Монтоливо | Адидас | Fly Emirates |
Наполи | Аурелио Де Лаурентис | Маурицио Сари | Марек Хамшик | Макрон | Lete, Pasta Garofalo |
Палермо | Маурицио Ѕампарини | Давиде Балардини | Стефано Сорентино | Хома | |
Рома | Џејмс Палота | Лучано Спалети | Франческо Тоти | Најк | Football Cares, Telethon |
Сампдорија | Масимо Фереро | Винченцо Монтела | Анџело Паломбо | Хома | Tempotest Parà, SsangYong Tivoli |
Сасуоло | Карло Роси | Еузебио Ди Франческо | Франческо Мањанели | Капа | Мапеи |
Торино | Урбано Каиро | Џампјеро Вентура | Камил Глик | Капа | Сузуки, Fratelli Beretta |
Удинезе | Франко Солдати | Лујџи Де Канио | Антонио Ди Натале | HS Football | Дачија, Alcott |
Верона | Маурицио Сети | Лујџи Делнери | Лука Тони | Најк | Metano Nord, Manila Grace |
Тренерски промени
[уреди | уреди извор]Екипа | Тренер кој заминал | Причина | Дата на заминување | Позиција | Тренер кој го заменил | Дата на назначување |
---|---|---|---|---|---|---|
Наполи | Рафаел Бенитес | Заминал во Реал Мадрид | 25 мај 2015 | Пред-сезона | Маурицио Сари | 12 јуни 2015[20] |
Удинезе | Андреја Страмачони | оставка | 1 јуни 2015[21] | Стефано Колантуонo | 4 јуни 2015[22] | |
Сампдорија | Синиша Михајловиќ | Заминал во Милан | 1 јуни 2015 | Валтер Зенга | 4 јуни 2015 [23] | |
Милан | Филипо Инѕаги | отпуштен | 4 јуни 2015 | Синиша Михајловиќ | 16 јуни 2015[24] | |
Емполи | Маурицио Сари | оставка | 5 јуни 2015 | Марко Џампаоло | 9 јуни 2015[25] | |
Фјорентина | Винченцо Монтела | отпуштен | 8 јуни 2015 [26] | Пауло Соуса | 21 јуни 2015[27] | |
Карпи | Фабрицио Кастори | отпуштен | 28 септември 2015[28] | 20-ти | Џузепе Санино | 29 септември 2015[29] |
Болоња | Делио Роси | отпуштен | 28 октомври 2015 | 18-ти | Роберто Донадони | 28 октомври 2015[30] |
Карпи | Џузепе Санино | отпуштен | 3 ноември 2015[31] | 20-ти | Фабрицио Кастори | 3 ноември 2015[32] |
Палермо | Џузепе Јакини | отпуштен | 10 ноември 2015[33] | 12-ти | Давиде Балардини | 10 ноември 2015[33] |
Сампдорија | Валтер Зенга | отпуштен | 10 ноември 2015[34] | 10-ти | Винченцо Монтела | 15 ноември 2015[35] |
Верона | Андреја Мандорлини | отпуштен | 30 ноември 2015[36] | 20-ти | Лујџи Делнери | 1 декември 2015[37] |
Палермо | Давиде Балардини | отпуштен | 11 јануари 2016[38] | 16-ти | Фабио Вивијани (привремен) | 11 јануари 2016[38] |
Рома | Руди Гарсија | отпуштен | 13 јануари 2016[39] | 5-ти | Лучано Спалети | 13 јануари 2016[39] |
Палермо | Фабио Вивијани (привремен)[38] | Крај на привр. период | 18 јануари 2016[38] | 14-ти | Џовани Тедеско | 26 јануари 2016[40] |
Палермо | Џовани Тедескo | отпуштен | 10 февруари 2016[38] | 14-ти | Џовани Боси | 10 февруари 2016[41] |
Палермо | Џовани Боси | отпуштен | 15 февруари 2016[42] | 15-ти | Џузепе Јакини | 15 февруари 2016 |
Палермо | Џузепе Јакини | отпуштен | 10 март 2016 | 17-ти | Валтер Новелино | 10 март 2016[43] |
Удинезе | Стефано Колантуонo | отпуштен | 14 март 2016 | 16-ти | Лујџи Де Канио | 15 март 2016[44] |
Лацио | Стефано Пиоли | отпуштен | 3 април 2016 | 8-ти | Симоне Инѕаги | 3 април 2016[45] |
Палермо | Валтер Новелино | отпуштен | 11 април 2016[46] | 18-ти | Давиде Балардини | 12 април 2016[47] |
Милан | Синиша Михајловиќ | отпуштен | 12 април 2016 | 6-ти | Кристијан Броки | 12 април 2016[48] |
Завршна табела
[уреди | уреди извор]Последно ажурирање: 15 мај 2016.[49]
Поз. | Екипа | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Јувентус | 91 | 38 | 29 | 4 | 5 | 75 | 20 | +55 | |
2. | Наполи | 82 | 38 | 25 | 7 | 6 | 80 | 32 | +48 | |
3. | Рома | 80 | 38 | 23 | 11 | 4 | 83 | 41 | +42 | |
4. | Интер | 67 | 38 | 20 | 7 | 11 | 50 | 38 | +12 | |
5. | Фјорентина | 64 | 38 | 18 | 10 | 10 | 60 | 42 | +18 | |
6. | Сасуоло | 61 | 38 | 16 | 13 | 9 | 49 | 40 | +9 | |
7. | Милан | 57 | 38 | 15 | 12 | 11 | 49 | 43 | +6 | |
8. | Лацио | 54 | 38 | 15 | 9 | 14 | 52 | 52 | 0 | |
9. | Кјево | 50 | 38 | 13 | 11 | 14 | 43 | 45 | −2 | |
10. | Емполи | 46 | 38 | 12 | 10 | 16 | 40 | 49 | −9 | |
11. | Џенова | 46 | 38 | 13 | 7 | 18 | 45 | 48 | −3 | |
12. | Торино | 45 | 38 | 12 | 9 | 17 | 52 | 55 | −3 | |
13. | Аталанта | 45 | 38 | 11 | 12 | 15 | 41 | 47 | −6 | |
14. | Болоња | 42 | 38 | 11 | 9 | 18 | 33 | 45 | −12 | |
15. | Сампдорија | 40 | 38 | 10 | 10 | 18 | 48 | 61 | −13 | |
16. | Палермо | 39 | 38 | 10 | 9 | 19 | 38 | 65 | −27 | |
17. | Удинезе | 39 | 38 | 10 | 9 | 19 | 35 | 60 | −25 | |
18. | Карпи | 38 | 38 | 9 | 11 | 18 | 37 | 57 | −20 | |
19. | Фрозиноне | 31 | 38 | 8 | 7 | 23 | 35 | 76 | −41 | |
20. | Верона | 28 | 38 | 5 | 13 | 20 | 34 | 63 | −29 |
Легенда:
|
Нотес:
|
Пласман
[уреди | уреди извор]- Јувентус Шампион на Италија 2015-2016 (32-ра титула) и освојувач на Купот на Италија 2015-2016
- Јувентус и Наполи се квалификувале за групната фаза на Лигата на шампионите 2016-2017. Рома се квалификувала за плеј-оф рундата.
- Интер и Фјорентина се квалификувале за групната фаза на УЕФА Лига Европа 2016-2017; Сасуоло се квалификувал за третото коло од квалификациите за УЕФА Лига Европа 2016-2017.
- Карпи, Фрозиноне и Верона испаднале во Серија Б 2016-2017.
Шампионскиот тим
[уреди | уреди извор]Почетна постава 3-5-2 формација | |
---|---|
1 | Џанлујџи Буфон (35 настапи) |
15 | Андреја Барцалји (31) |
19 | Леонардо Бонучи (36) |
3 | Џорџо Кјелини (24) |
26 | Стефан Лихтштајнер (26) |
6 | Сами Хедира (20) |
8 | Клаудио Маркизио (23) |
10 | Пол Погба (35) |
33 | Патрис Евра (26) |
17 | Марио Манџукиќ (27) |
21 | Пауло Дибала (34) |
- Тренер: Масимилијано Алегри
Резерви: Алваро Мората (34), Хуан Квадрадо (28), Алекс Сандро (22), Стефано Стураро (19), Симоне Ѕаѕа (19), Даниеле Ругани (17), Ернанес (14), Роберто Переира (13), Симоне Падоин (12), Квадво Асамоа (11), Марио Лемина (10), Мартин Касерес (6), Нето (3), Рубињо (0), Емил Аудеро (0).
Резултати
[уреди | уреди извор]Табеларен приказ
[уреди | уреди извор]Последно ажуриање: 15 мај 2016.
Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.
АТА | БОЛ | КАР | КЈЕ | ЕМП | ФЈО | ФРО | ЏЕН | ИНТ | ЈУВ | ЛАЦ | МИЛ | НАП | ПАЛ | РОМ | САМ | САС | ТОР | УДИ | ВЕР | |
Аталанта | 2-0 | 3-0 | 1-0 | 0-0 | 2-3 | 2-0 | 0-2 | 1-1 | 0-2 | 2-1 | 2-1 | 1-3 | 3-0 | 3-3 | 2-1 | 1-1 | 0-1 | 1-1 | 1-1 | |
Болоња | 3-0 | 0-0 | 0-1 | 2-3 | 1-1 | 1-0 | 2-0 | 0-1 | 0-0 | 2-2 | 0-1 | 3-2 | 0-1 | 2-2 | 3-2 | 0-1 | 0-1 | 1-2 | 0-1 | |
Карпи | 1-1 | 1-2 | 1-2 | 1-0 | 0-1 | 2-1 | 4-1 | 1-2 | 2-3 | 1-3 | 0-0 | 0-0 | 1-1 | 1-3 | 2-1 | 1-3 | 2-1 | 2-1 | 0-0 | |
Кјево | 1-0 | 0-0 | 1-0 | 1-1 | 0-0 | 5-1 | 1-0 | 0-1 | 0-4 | 4-0 | 0-0 | 0-1 | 3-1 | 3-3 | 1-1 | 1-1 | 1-0 | 2-3 | 1-1 | |
Емполи | 0-1 | 0-0 | 3-0 | 1-3 | 2-0 | 1-2 | 2-0 | 0-1 | 1-3 | 1-0 | 2-2 | 2-2 | 0-0 | 1-3 | 1-1 | 1-0 | 2-1 | 1-1 | 1-0 | |
Фјоренитна | 3-0 | 2-0 | 2-1 | 2-0 | 2-2 | 4-1 | 1-0 | 2-1 | 1-2 | 1-3 | 2-0 | 1-1 | 0-0 | 1-2 | 1-1 | 3-1 | 2-0 | 3-0 | 1-1 | |
Фрозиноне | 0-0 | 1-0 | 2-1 | 0-2 | 2-0 | 0-0 | 2-2 | 0-1 | 0-2 | 0-0 | 2-4 | 1-5 | 0-2 | 0-2 | 2-0 | 0-1 | 1-2 | 2-0 | 3-2 | |
Џенова | 1-2 | 0-1 | 1-2 | 3-2 | 1-0 | 0-0 | 4-0 | 1-0 | 0-2 | 0-0 | 1-0 | 0-0 | 4-0 | 2-3 | 2-3 | 2-1 | 3-2 | 2-1 | 2-0 | |
Интер | 1-0 | 2-1 | 1-1 | 1-0 | 2-1 | 1-4 | 4-0 | 1-0 | 0-0 | 1-2 | 1-0 | 2-0 | 3-1 | 1-0 | 3-1 | 0-1 | 1-2 | 3-1 | 1-0 | |
Јувентус | 2-0 | 3-1 | 2-0 | 1-1 | 1-0 | 3-1 | 1-1 | 1-0 | 2-0 | 3-0 | 1-0 | 1-0 | 4-0 | 1-0 | 5-0 | 1-0 | 2-1 | 0-1 | 3-0 | |
Лацио | 2-0 | 2-1 | 0-0 | 4-1 | 2-0 | 2-4 | 2-0 | 2-0 | 2-0 | 0-2 | 1-3 | 0-2 | 1-1 | 1-4 | 1-1 | 0-2 | 3-0 | 2-0 | 5-2 | |
Милан | 0-0 | 0-1 | 0-0 | 1-0 | 2-1 | 2-0 | 3-3 | 2-1 | 3-0 | 1-2 | 1-1 | 0-4 | 3-2 | 1-3 | 4-1 | 2-1 | 1-0 | 1-1 | 1-1 | |
Наполи | 2-1 | 6-0 | 1-0 | 3-1 | 5-1 | 2-1 | 4-0 | 3-1 | 2-1 | 2-1 | 5-0 | 1-1 | 2-0 | 0-0 | 2-2 | 3-1 | 2-1 | 1-0 | 3-0 | |
Палермо | 2-2 | 0-0 | 2-2 | 1-0 | 0-1 | 1-3 | 4-1 | 1-0 | 1-1 | 0-3 | 0-3 | 0-2 | 0-1 | 2-4 | 2-0 | 0-1 | 1-3 | 4-1 | 3-2 | |
Рома | 0-2 | 1-1 | 5-1 | 3-0 | 3-1 | 4-1 | 3-1 | 2-0 | 1-1 | 2-1 | 2-0 | 1-1 | 1-0 | 5-0 | 2-1 | 2-2 | 3-2 | 3-1 | 1-1 | |
Сампдорија | 0-0 | 2-0 | 5-2 | 0-1 | 1-1 | 0-2 | 2-0 | 0-3 | 1-1 | 1-2 | 2-1 | 0-1 | 2-4 | 2-0 | 2-1 | 1-3 | 2-2 | 2-0 | 4-1 | |
Сасуоло | 2-2 | 0-2 | 1-0 | 1-1 | 3-2 | 1-1 | 2-2 | 0-1 | 3-1 | 1-0 | 2-1 | 2-0 | 2-1 | 2-2 | 0-2 | 0-0 | 1-1 | 1-1 | 1-0 | |
Торино | 2-1 | 2-0 | 0-0 | 1-2 | 0-1 | 3-1 | 4-2 | 3-3 | 0-1 | 1-4 | 1-1 | 1-1 | 1-2 | 2-1 | 1-1 | 2-0 | 1-3 | 0-1 | 0-0 | |
Удинезе | 2-1 | 0-1 | 1-2 | 0-0 | 1-2 | 2-1 | 1-0 | 1-1 | 0-4 | 0-4 | 0-0 | 2-3 | 3-1 | 0-1 | 1-2 | 1-0 | 0-0 | 1-5 | 2-0 | |
Верона | 2-1 | 0-2 | 1-2 | 3-1 | 0-1 | 0-2 | 1-2 | 1-1 | 3-3 | 2-1 | 1-2 | 2-1 | 0-2 | 0-1 | 1-1 | 0-3 | 1-1 | 2-2 | 1-1 |
Календар
[уреди | уреди извор]Извлекувањето на календарот се одржало на 27 јули 2015 година, на церемонијата на Expo во Милано.
|
Статистика
[уреди | уреди извор]Екипна
[уреди | уреди извор]Лидери на табелата
[уреди | уреди извор]- Од 3-то до 5-то коло: Интер
- Од 7-мо до 8-мо коло: Фјорентина
- Од 9-то до 10-то коло: Рома
- 13-то коло: Интер
- 14-то коло: Наполи
- Од 15-то до 18-то коло: Интер
- Од 19-то до 24-то коло: Наполи
- Од 25-то коло: Јувентус
Интер | Фјорентина | Рома | Инт | Нап | Интер | Наполи | Јувентус | ||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1ª | 2ª | 3ª | 4ª | 5ª | 6ª | 7ª | 8ª | 9ª | 10ª | 11ª | 12ª | 13ª | 14ª | 15ª | 16ª | 17ª | 18ª | 19ª | 20ª | 21ª | 22ª | 23ª | 24ª | 25ª | 26ª | 27ª | 28ª | 29ª | 30ª | 31ª | 32ª | 33ª | 34ª | 35ª | 36ª | 37ª | 38ª |
Создавање на пласманот
[уреди | уреди извор]Легенда:
Боја | Означува |
---|---|
црвена | пораз |
бела | нерешено |
зелена | победа |
1ª | 2ª | 3ª | 4ª | 5ª | 6ª | 7ª | 8ª | 9ª | 10ª | 11ª | 12ª | 13ª | 14ª | 15ª | 16ª | 17ª | 18ª | 19ª | 20ª | 21ª | 22ª | 23ª | 24ª | 25ª | 26ª | 27ª | 28ª | 29ª | 30ª | 31ª | 32ª | 33ª | 34ª | 35ª | 36ª | 37ª | 38ª | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аталанта | 0 | 3 | 4 | 5 | 8 | 11 | 11 | 14 | 14 | 17 | 17 | 18 | 18 | 21 | 24 | 24 | 24 | 24 | 24 | 25 | 26 | 27 | 27 | 28 | 29 | 29 | 30 | 30 | 30 | 33 | 36 | 36 | 37 | 38 | 41 | 41 | 42 | 45 |
Болоња | 0 | 0 | 0 | 3 | 3 | 3 | 3 | 3 | 6 | 6 | 9 | 12 | 13 | 13 | 16 | 19 | 19 | 22 | 22 | 23 | 26 | 29 | 29 | 30 | 33 | 34 | 35 | 36 | 36 | 36 | 36 | 37 | 37 | 37 | 40 | 41 | 41 | 42 |
Карпи | 0 | 0 | 1 | 1 | 2 | 2 | 5 | 5 | 5 | 5 | 6 | 6 | 6 | 9 | 10 | 10 | 10 | 11 | 14 | 17 | 18 | 19 | 19 | 19 | 19 | 20 | 21 | 22 | 25 | 28 | 28 | 28 | 31 | 32 | 35 | 35 | 35 | 38 |
Кјево | 3 | 6 | 7 | 7 | 10 | 11 | 12 | 12 | 12 | 12 | 13 | 13 | 16 | 16 | 19 | 22 | 22 | 23 | 26 | 27 | 27 | 27 | 27 | 30 | 31 | 31 | 34 | 34 | 35 | 38 | 41 | 44 | 45 | 48 | 48 | 49 | 49 | 50 |
Емполи | 0 | 0 | 1 | 4 | 4 | 4 | 7 | 7 | 10 | 11 | 14 | 14 | 15 | 18 | 21 | 24 | 27 | 27 | 30 | 31 | 32 | 32 | 33 | 34 | 34 | 34 | 34 | 34 | 35 | 36 | 36 | 39 | 39 | 42 | 42 | 43 | 43 | 46 |
Фјорентина | 3 | 3 | 6 | 9 | 12 | 15 | 18 | 18 | 18 | 21 | 24 | 27 | 28 | 29 | 32 | 32 | 35 | 38 | 38 | 38 | 41 | 42 | 45 | 46 | 49 | 52 | 53 | 53 | 54 | 55 | 56 | 56 | 59 | 59 | 59 | 60 | 61 | 64 |
Фрозиноне | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 4 | 4 | 7 | 7 | 10 | 10 | 11 | 11 | 14 | 14 | 14 | 14 | 15 | 15 | 15 | 16 | 16 | 19 | 19 | 22 | 23 | 23 | 26 | 26 | 27 | 27 | 27 | 30 | 30 | 30 | 31 | 31 | 31 |
Џенова | 0 | 3 | 3 | 3 | 3 | 6 | 7 | 10 | 10 | 11 | 12 | 13 | 16 | 16 | 16 | 16 | 16 | 16 | 19 | 22 | 23 | 24 | 24 | 25 | 25 | 28 | 28 | 31 | 34 | 34 | 37 | 40 | 40 | 43 | 43 | 43 | 46 | 46 |
Интер | 3 | 6 | 9 | 12 | 15 | 15 | 16 | 17 | 18 | 21 | 24 | 27 | 30 | 30 | 33 | 36 | 36 | 39 | 39 | 40 | 41 | 41 | 44 | 45 | 45 | 48 | 48 | 51 | 54 | 55 | 55 | 58 | 61 | 61 | 64 | 64 | 67 | 67 |
Јувентус | 0 | 0 | 1 | 4 | 5 | 5 | 8 | 9 | 12 | 12 | 15 | 18 | 21 | 24 | 27 | 30 | 33 | 36 | 39 | 42 | 45 | 48 | 51 | 54 | 57 | 58 | 61 | 64 | 67 | 70 | 73 | 76 | 79 | 82 | 85 | 88 | 88 | 91 |
Лацио | 3 | 3 | 6 | 6 | 9 | 12 | 15 | 15 | 18 | 18 | 18 | 18 | 19 | 19 | 19 | 20 | 23 | 24 | 27 | 28 | 31 | 32 | 32 | 33 | 36 | 37 | 37 | 38 | 41 | 42 | 42 | 45 | 48 | 48 | 48 | 51 | 54 | 54 |
Милан | 0 | 3 | 3 | 6 | 9 | 9 | 9 | 10 | 13 | 16 | 19 | 20 | 20 | 23 | 24 | 25 | 28 | 28 | 29 | 32 | 33 | 36 | 39 | 40 | 43 | 44 | 47 | 47 | 48 | 49 | 49 | 49 | 52 | 53 | 53 | 54 | 57 | 57 |
Наполи | 0 | 1 | 2 | 5 | 6 | 9 | 12 | 15 | 18 | 21 | 22 | 25 | 28 | 31 | 31 | 32 | 35 | 38 | 41 | 44 | 47 | 50 | 53 | 56 | 56 | 57 | 58 | 61 | 64 | 67 | 67 | 70 | 70 | 73 | 73 | 76 | 79 | 82 |
Палермо | 3 | 6 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 10 | 11 | 11 | 11 | 14 | 15 | 15 | 15 | 18 | 18 | 18 | 21 | 21 | 24 | 25 | 25 | 26 | 26 | 26 | 27 | 27 | 27 | 28 | 28 | 28 | 28 | 29 | 32 | 35 | 36 | 39 |
Рома | 1 | 4 | 7 | 8 | 8 | 11 | 14 | 17 | 20 | 23 | 23 | 26 | 27 | 27 | 28 | 29 | 32 | 33 | 34 | 35 | 35 | 38 | 41 | 44 | 47 | 50 | 53 | 56 | 59 | 60 | 63 | 64 | 65 | 68 | 71 | 74 | 77 | 80 |
Сампдорија | 3 | 4 | 7 | 7 | 10 | 10 | 11 | 11 | 14 | 15 | 16 | 16 | 16 | 16 | 16 | 17 | 20 | 23 | 23 | 23 | 23 | 23 | 24 | 24 | 25 | 25 | 28 | 31 | 32 | 32 | 33 | 36 | 36 | 37 | 40 | 40 | 40 | 40 |
Сасуоло | 3 | 6 | 7 | 8 | 11 | 12 | 12 | 15 | 15 | 18 | 19 | 22 | 22 | 23 | 26 | 27 | 28 | 29 | 32 | 32 | 32 | 33 | 33 | 34 | 35 | 38 | 41 | 44 | 44 | 45 | 48 | 48 | 48 | 49 | 52 | 55 | 58 | 61 |
Торино | 3 | 6 | 7 | 10 | 10 | 13 | 13 | 14 | 14 | 15 | 15 | 15 | 18 | 21 | 22 | 23 | 23 | 23 | 23 | 26 | 26 | 27 | 28 | 28 | 31 | 32 | 32 | 33 | 33 | 33 | 36 | 39 | 42 | 42 | 42 | 45 | 45 | 45 |
Удинезе | 3 | 3 | 3 | 3 | 3 | 6 | 7 | 8 | 11 | 11 | 12 | 12 | 15 | 18 | 18 | 18 | 21 | 24 | 24 | 24 | 24 | 25 | 26 | 27 | 27 | 27 | 30 | 30 | 30 | 31 | 34 | 34 | 35 | 38 | 38 | 38 | 39 | 39 |
Верона | 1 | 1 | 2 | 3 | 3 | 3 | 4 | 5 | 5 | 5 | 6 | 6 | 6 | 6 | 6 | 7 | 8 | 8 | 8 | 9 | 10 | 11 | 14 | 15 | 15 | 18 | 18 | 18 | 19 | 19 | 22 | 22 | 22 | 22 | 25 | 25 | 28 | 28 |
Натпреварот Сасуоло-Торино кој бил закажан за 16-тото коло всушност бил одигран помеѓу 20-тото и 21-вото коло од сезоната, па на табелата може само делумно да ја одразува реалната бодовна состојба на тие две екипи во тој временски период.
Освоени бодови во сооднос
[уреди | уреди извор]Сооднос андата-риторно[уреди | уреди извор]
|
Сооднос дома-гости[уреди | уреди извор]
|
Рекорди
[уреди | уреди извор]- Најголем број на победи : Јувентус (29)
- Најголем број на победи дома : Јувентус и Наполи (16)
- Најголем број на победи во гости: Јувентус (13)
- Најмал број на победи : Верона (5)
- Најмал број на победи дома : Верона (4)
- Најмал број на победи во гости : Верона (1)
- Најголем број на нерешени : Сасуоло и Верона (13)
- Најголем број на нерешени дома : Кјево и Сасуоло (8)
- Најголем број на нерешени во гости : Верона (7)
- Најмал број на нерешени : Јувентус (4)
- Најмал број на нерешени дома : Интер и Јувентус (2)
- Најмал број на нерешени во гости : Јувентус (2)
- Најголем број на порази : Фрозиноне (23)
- Најголем број на порази дома : Болоња, Верона, Палермо, Удинезе и Фрозиноне (9)
- Најголем број на порази во гости : Фрозиноне (14)
- Најмал број на порази : Рома (4)
- Најмал број на порази дома : Наполи (0)
- Најмал број на порази во гости : Рома (3)
- Најдобар напад : Рома (83 дадени гола)
- Најлош напад : Болоња (33 дадени гола)
- Најдобра одбрана : Јувентус (20 примени гола)
- Најлоша одбрана : Фрозиноне (76 примени гола)
- Најдобра гол-разлика : Јувентус (+55)
- Најлоша гол-разлика : Фрозиноне (-41)
- Најголем број на натпрвари без победа : Верона (22, 1-22 коло)
- Најголем број на натпревари без нерешено : Јувентус (17, 9-25 коло)
- Најголем број на натпревари без пораз (најдобра серија) : Јувентус (26, 11-36 коло)
- Најдобра победничка низа дома : Јувентус (16)
- Најдобра победничка низа во гости : Јувентус (8)
- Најголем број на последователни победи : Јувентус (15, 11-25 коло)
- Најголем број на последователни победи дома : Јувентус (16)
- Најголем број на последователни победи во гости : Јувентус (8)
- Најголем број на последователни нерешени : Интер, Џенова, Рома, Аталанта, Верона, Удинезе, Болоња, Карпи и Фрозиноне (3)
- Најголем број на последователни нерешени дома : Аталанта, Болоња, Фјорентина и Сасуоло (3)
- Најголем број на последователни нерешени во гости : Лацио (6)
- Најголем број на последователни порази : Џенова (5, 14-18 коло)
- Најголем број на последователни порази дома : Верона (4)
- Најголем број на последователни порази во гости : Емполи (6)
- Најголем број на досудени пенали за : Лацио и Торино (11)
- Најмал број на досудени пенали за : Палермо (1)
- Најголем број на досудени пенали против : Сампдорија (10)
- Најмал број на досудени пенали против : Фјорентина (1)
- Најголем број на корнери :
- Најголем број на офсајди :
- Најголем број на жолти картони : Карпи (110)
- Најголем број на црвени картони : Аталанта и Интер (5)
- Најмал број на корнери :
- Најмал број на офсајди :
- Најмал број на жолти картони : Наполи (71)
- Најмал број на црвени картони : Наполи (0)
Поединечна
[уреди | уреди извор]Список на стрелци
[уреди | уреди извор]
|
Хет-трикови[уреди | уреди извор]
|
Список на играчи со најмногу асистенции[уреди | уреди извор]
|
Најмногу суви мрежи
[уреди | уреди извор]Поз. | Играч | Клуб | Суви мрежи |
---|---|---|---|
1 | Џанлујџи Буфон | Јувентус | 21 |
2 | Самир Хандановиќ | Интер | 15 |
Пепе Реина | Наполи | ||
4 | Чипријан Татарушану | Фјорентина | 14 |
5 | Антонио Миранте | Болоња | 12 |
6 | Марко Спортиело | Аталанта | 11 |
Албано Бизари | Кјево | ||
8 | Андреја Консиљи | Сасуоло | 10 |
Џанлујџи Донарума | Милан | ||
10 | Федерико Маркети | Лацио | 9 |
Факти и бројки
[уреди | уреди извор]- Првиот гол: Бошко Јанковиќ, Верона-Рома 1-1 (61-ва минута)
- Последен гол: Ерос Писано, Палермо-Верона 3-2 (84-та минута)
- Најбрз гол: Алберто Палоски, Џенова-Кјево 3-2 (1')
- Најдоцен гол: Ерос Писано, Аталанта-Верона 1-1 (97-ма минута)
- Натпревар со најмногу голови: Сампдорија-Карпи 5-2, Лацио-Верона 5-2 (7)
- Натпревар со најголема разлика во голови: Наполи-Болоња 6-0 (6)
- Натпревар со најмногу жолти картони: Милан-Болоња (11)
- Натпревар со најмногу црвени картони: Рома-Аталанта и Фјорентина-Интер (3)
- Коло со најмногу голови: 38-мото (37)
- Коло со најмалку голови: 5-то, 12-то, 27-мо (18)
- Натпревар со најмногу гледачи: Интер-Милан и Интер-Јувентус 1-1 (79 154)[52]
- Натпревар со најмалку гледачи: Палермо-Аталанта (0)[52]
- Вкупно гледачи (просечно по натпревар): 8 421 728 (22 221)[52]
- Коло со најголем број на нерешени: 16-то, 26-то, 31-во (6)
Поврзанотака
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. Espnfc.us. Посетено на 16 October 2015.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. Espnfc.us. Посетено на 16 October 2015.
- ↑ „Inter, Juve share spoils in 'Derby d'Italia'“. 18 October 2015. Посетено на 29 January 2016.
- ↑ Ivan Palumbo (30 август 2015). Gazzetta.it (уред.). „Juventus, 5 punti dolenti (e zero in classifica): ecco cosa non va“.
- ↑ Repubblica.it, уред. (23 септември 2015). „Serie A: quinta vittoria dell'Inter, il Frosinone ferma la Juve. Roma ko, Napoli solo pari“.
- ↑ Stefano Cantalupi (24 септември 2015). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Difesa, Felipe Melo e i guai altrui: i perché dell'Inter in fuga“.
- ↑ Valerio Clari (31 октомври 2015). Gazzetta.it (уред.). „Inter-Roma 1-0: Medel segna e si fa male, poi Handanovic salva“.
- ↑ Giuseppe Di Giovanni (3 декември 2015). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Lippi: "Higuain nel Napoli è come Messi nel Barcellona. Io pronto a tornare..."“.
- ↑ la Repubblica, уред. (29 септември 2015). „Sassuolo, Squinzi ci scherza su: "Vinceremo lo scudetto"“.
- ↑ Gazzetta TV, уред. (30 декември 2015). „Dall'alto è meglio: in azione il drone del Bologna di Donadoni“.
- ↑ Giovanni Del Bianco (2 декември 2015). Guerin Sportivo (уред.). „Hellas Verona, il "tradimento" di Delneri“.
- ↑ „Chievo-Juventus 0-4: dodicesima vittoria di fila, bianconeri inarrestabili“. Repubblica.it. 2016-01-31. Посетено на 4 февруари 2016.
- ↑ assiste a una presa di distanzatta/ „Serie A, Napoli-Empoli 5-1: Insigne, Higuain e Callejon, azzurri di nuovo in vetta“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). www.corrieredellosport.it. Посетено на 4 февруари 2016. - ↑ Rai News, уред. (14 февруари 2016). „Il Milan batte 2-1 il Genoa e risale la classifica“.
- ↑ „Serie A: finalmente Verona, Atalanta ribaltata - Sportmediaset“. Sportmediaset.it. Посетено на 4 февруари 2016.
- ↑ Buffon establishes new recored of 974 minutes without conceding a goal
- ↑ „Higuain, record di gol: sono 36, superato Nordahl“. gazzetta.it. 14 мај 2016.
- ↑ Mark Doyle (14 мај 2016). „From lazy to lethal: How Sarri turned Higuain into Serie A's most prolific striker ever“. goal.com (англиски).
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-22. Посетено на 2016-04-26.
- ↑ „Report: Maurizio Sarri has signed and is planning summer transfers - The Siren's Song“. Thesirenssong.com. 6 June 2015. Посетено на 16 October 2015.
- ↑ „Andrea Stramaccioni to leave Udinese after just one season | Football News“. Sky Sports. 30 June 2015. Посетено на 16 October 2015.
- ↑ „Stefano Colantuono named new Udinese manager“. Espn Fc. 4 June 2015. Посетено на 16 October 2015.
- ↑ „Walter Zenga named new Sampdoria boss with Sinisa Mihajlovic bound for AC Milan | Daily Mail Online“. Dailymail.co.uk. 4 June 2015. Посетено на 16 October 2015.
- ↑ Sport, Guardian (2015-06-16). „Milan appoint Sinisa Mihajlovic as coach after sacking Filippo Inzaghi | Football“. The Guardian. Посетено на 16 October 2015.
- ↑ „Marco Giampaolo nuovo allenatore Empoli F.C“. Firenzetoday.it. Посетено на 16 October 2015.
- ↑ „Fiorentina sack manager Vincenzo Montella“. Espn Fc. 8 June 2015. Посетено на 16 October 2015.
- ↑ „Report: Sousa agrees Viola deal“. Football Italia. 10 June 2015. Посетено на 16 October 2015.
- ↑ „Carpi FC 1909 » Comunicato – Carpi F.C. 1909“. Carpifc1909.it. Архивирано од изворникот на 2015-10-04. Посетено на 16 October 2015.
- ↑ „Carpi FC 1909 » Giuseppe Sannino è l'allenatore biancorosso“. Carpifc1909.it. Архивирано од изворникот на 2015-10-03. Посетено на 16 October 2015.
- ↑ „Bologna fire coach Rossi“. 2015-10-28.
- ↑ „Esonerato Sannino, panchina a Castori“. carpifc.com. 3 November 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-11. Посетено на 10 November 2015.
- ↑ Official: Sannino out, Castori in at Carpi
- ↑ 33,0 33,1 Palermo: Iachini out, Ballardini in
- ↑ Official: Samp sack Zenga
- ↑ Sampdoria announce Montella
- ↑ Verona: ore contate per Mandorlini, si tratta con Corini
- ↑ http://www.football-italia.net/76518/official-delneri-verona
- ↑ 38,0 38,1 38,2 38,3 38,4 Palermo caccia Ballardini: il nuovo tecnico è Schelotto
- ↑ 39,0 39,1 Strootman: 'Goodbye Garcia'
- ↑ http://www.football-italia.net/78954/tedesco-new-palermo-coach
- ↑ „Official: Palermo appoint Bosi - Football Italia“. 2016-02-10.
- ↑ „Iachini reinstated as Palermo coach“. 2016-02-15.
- ↑ „Official: Palermo appoint Novellino - Football Italia“. 2016-03-10.
- ↑ „Official: Udinese appoint de Canio - Football Italia“. 2016-03-15.
- ↑ „Official: Lazio sack Pioli - Football Italia“. 2016-04-03.
- ↑ http://www.football-italia.net/82665/novellino-%E2%80%98palermo-have-sacked-me%E2%80%99
- ↑ http://www.football-italia.net/82713/zamp-ballardini-even-b
- ↑ „Official: Milan sack Mihajlovic - Football Italia“. 2016-04-12.
- ↑ „Classifica Serie A Tim“. Lega Serie A. 30 август 2015. Архивирано од изворникот на 12 јуни 2018. Посетено на 30 август 2015.
- ↑ „Italian Serie A Statistics - ESPN FC“. Espnfc.us. Посетено на 16 October 2015.
- ↑ „Serie a Stats 2015/2016 - Top Scorers, Most Assists, Clean Sheets“.
- ↑ 52,0 52,1 52,2 „Statistiche Spettatori Serie A 2015-2016“.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Серија А 2015-2016 на SportLive.it Архивирано на 2 мај 2016 г.
- Табела на Legaseriea.it Архивирано на 13 февруари 2013 г.
- Статистика за играчите и клубовите
|