Balocco
Вид | Public |
---|---|
Дејност | Прехранбена индустрија |
Основано | 1927 |
Основач | Francesco Antonio Balocco |
Седиште | , |
Клучни личности | Aldo Balocco (претседател), Alberto Balocco (извршен директор) |
Производи |
|
Доход | €148 милиони (2012) |
Вработени | 323 |
Мреж. место | http://www.balocco.it |
Balocco S.p.A. е италијанска компанија специјализирана за производство на слатки, со седиште во Фосано. Таа е една од најголемите компании за слатки во регионот Пиемонт.
Историја
[уреди | уреди извор]Компанијата е основана во Фосано, (Кунео) во 1927 како пециво за торта Франческо Антонио Балоко.
Од 1948 произведува торти, пандори, Велигденски колачи, бисквити и вафли.
Во Втората светска војна, компанијата се зголемува на пазарот за слатки производи, а со тоа и производството, постепено се зголемува, и во 1970 компанијата била преместена во фабричка индустрија. Во 1975 година, компанијата го направила својот прв ТВ настап емитувајќи се во емисијата "Carosello", познатото прво италијанско забавно-шоу, и прометот надминал 1 милион евра.
Околу деведесеттите компанијата била предводена од синовите на Алдо Балоко, Алесандра и Алберто. Balocco станал гордост на регионот и важна алка за локалната економија.
На 2 јуни 2010 година, Претседателот на Републиката Џорџо Наполитано го назначил Алдо Балоко за Cavaliere del Lavoro.
Денес производите на Балоко се дистрибуираат главно во Италија, Франција, Германија, Шпанија, Албанија, Египет, САД, и вкупниот извоз на производи, кој го сочинува 10% од продажбата, се јавува во околу 67 земји.[1]
Balocco како спонзор на Јувентус
[уреди | уреди извор]Компанијата навлегла во светот на фудбалот како официјален спонзор на екипата на Реџина во сезоната 1988-1989.
На 18 октомври 2010, по 21 година Balocco се враќа како спонзор на еден фудбалски клуб, откако потпишале едногодишен договор со гигантот од Торино, Јувентус. Јувентус кој потрошил голема сума на пари за изградба на својот нов стадион бил во потрага по спонзор кој ќе го спонзорира нивниот резервен (гостински) дрес.[2] Иако сезоната (2010-11) веќе била почната, сепак Balocco станал втор спонзор на Јувентус покрај обложувачката фирма BetClic. Следната сезона 2011-12, Balocco бил спонзор на гостинскиот дрес на Јувентус кој во таа сезона бил со розова боја, бојата која требало да биде официјална на Јувентус по неговото основање. Истата таа сезона Јувентус станал шампион на Италија, но на презентацијата на трофеите играчите ги носеле дресовите од другиот спонзор BetClic. Во летото 2012, Јувентус ја назначува американската компанија Jeep за свој спонзор на дресовите.
Сепак, партнерството меѓу Baloco и Јувентус е обновено пред почетокот на сезоната 2012/2013 како официјален партнер.
Balocco како спонзор на Џиро д’Италија
[уреди | уреди извор]Во годините 2013 и 2014, Balocco ќе биде спонзор и на розовата маичка на познатата велосипедска трка Џиро д’Италија.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 1 јуни 2013 г. на Balocco