Суперкуп на Италија 2018
Суперкуп на Италија 2018 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Првенство | Суперкуп на Италија | ||||||
| |||||||
Датум | 16 јануари 2019 | ||||||
Стадион | Кинг Абдула Спортс Сити, Џеда, Саудиска Арабија | ||||||
Судија | Лука Банти | ||||||
Гледачи | 61,235 | ||||||
Суперкупот на Италија за 2018 година било 31-вото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Италија. Бидејќи Јувентус ги освоил двете натпреварувања Серија А 2017-2018 и Купот на Италија 2017-2018, противник во натпреварот му бил вицешампионот на Купот на Италија, екипата на Милан.
Натпреварот се одиграл на 16 јануари 2019 година на Кинг Абдула Спортс Сити стадионот во Џеда, Саудиска Арабија.[1] Саудиска Арабија станала шестата земја која била домаќин на Суперкупот на Италија. Јувентус победил со 1-0, а стрелец на единствениот гол бил Кристијано Роналдо во 61-вата минута; Со тоа Јувентус станал првата екипа со 8 титули во Суперкупот на Италија.[2]
Преглед на натпреварот
[уреди | уреди извор]Ова бил трет натпревар помеѓу Јувентус и Милан во Суперкупот на Италија. Јувентус го добил првиот двобој во 2003 во Ист Ратерофрд на пенали, а Милан, исто така на пенали, победил во 2016 во Катар. Двата тима пред натпреварот имале рекордни седум титули во Суперкупот и овде дошле да се борат за осмата.
Веќе на самиот почеток се видени неколку солидни обиди за гол на двете страни, но топката не завршила во мрежата. Тоа се случило во 34-тата минута кога погодил фудбалерот на Јувентус Матуиди, меѓутоа, голот бил поништен поради офсајд. Нешто подоцна одлична шанса за гол за Јувентус имал и Кристијано Роналдо кога одлично шутирал од волеј, но топката која ја нафрлил Даглас Коста завршила над голот. На другата страна морал да реагира и Шченсни по ударот на Чалханоглу. Сепак, гол не паднал и на полувреме се отишло со почетниот резултат 0-0.
На стартот на второто полувреме дошла најдобрата шанса за Милан кога Кутроне по еден противнапад ја погодил пречката од голот на Јувентус. И набргу потоа после нешто повеќе од еден час игра паднал и првиот гол со кој Јувентус стигнал до водство, по додавањето на Пјаниќ, Роналдо се нашол сам на пет метри од голот на Милан и со глава ја сместил топката во мрежата. До крајот на натпреварот работите за Милан станале уште полоши, кога во 73-тата минута директен црвен картон заради еден остар старт добил Франк Кесие. Резултатот до крајот не се променил и Јувентус победил со 1-0. Ова била 8-мата титула за Јувентус во Суперкупот на Италија, со што поставиле нов рекорд во ова натпреварување со една титула повеќе од нивниот противник во овој натпревар Милан кој останал на 7.
Детали од натпреварот
[уреди | уреди извор]16 јануари 2019 20:30 AST |
Јувентус | 1–0 | Милан | Кинг Абдула Спортс Сити, Џеда Гледачи: 61,235 Судија: Лука Банти |
---|---|---|---|---|
Роналдо 61' | Извештај |
Помошни судии:
|
Правила на натпреварот
|
Екипа победник
[уреди | уреди извор]Јувентус
Победник на Суперкупот на Италија 2018
8. титула
Погледнете исто така
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Italian Supercup to be played in Saudi Arabia“. Juventus. Посетено на 18 July 2018.
- ↑ „Supercoppa: Juve squeeze past Milan“. Football Italia. 16 January 2019.