Прејди на содржината

ISSN

Од Википедија — слободната енциклопедија
ISSN во облик на линиски код EAN-13 со низна варијанта 0 и број 5.

ISSN (од англ. International Standard Serial Number = Меѓународен стандарден сериски број) — единствен осумцифрен број кој служи за препознавање на печатени или електронски периодични списанија.[1] Оние што се издадени во печатен и електронски облик може да имаат по два ISSN-броја: печатен ISSN (p-ISSN) и електронски ISSN (e-ISSN или eISSN). Системот на ISSN е првично разработен како меѓународен ISO-стандард во 1971 и објавен во 1975 како ISO 3297.[2] Во организацијата на ISO, за стандардот е одговорен поткомитетот TC 46/SC 9.

Формат на кодот

[уреди | уреди извор]

Форматот на ISSN е осумцифрен број, поделен со цртичка на два четирицифрени броја.[1] Последната цифра (која може да биде 0–9 или X) е контролна цифра. Стручното списание Hearing Research има ISSN 0378-5955, што значи контролната цифра е 5.

Контролната цифра ја пресметуваме со следниов алгоритам:

Да се пресмета збирот на првите седум цифри од ISSN-кодот помножени со нивната положба во бројот, сметајќи од лево — т.е. 8, 7, 6, 5, 4, 3 и 2, односно:
.
Потоа се пресметува со модулот на 11 на овој збир: збирот се дели со 11 и така се определува остатокот.
.
Доколку нема остаток, контролната бројка е 0. Во друг случај остатокот се одзема од 11 за да се добие контролната бројка:
контролната бројка е 5.
Големата буква X во контролниот број означува контролен број 10.

За да ја потврдите контролната цифра, го пресметуваме збирот на сите осум цифри на ISSN-бројот помножени со нивната положба во бројот, сметајќи од десно (ако контролната цифра е X, тогаш на збирот му додаваме 10). Модулот за 11 на збирот мора да изнесува 0.

Доделување на кодови

[уреди | уреди извор]

ISSN-кодовите ги доделува мрежа од национални центри, обично сместени во национални библиотеки под надлежност на ISSN Меѓународниот ISSN центар во Париз. Овој центар е меѓувладина организација основана во 1974 со договор помеѓу УНЕСКО и француската влада. Центарот води евиденција за сите ISSN-броеви во целиот свет во записникот наречен „ISDS-регистар“. Регистарот денес содржи 1.555.307 записи.[3]

Споредба со други назнаки

[уреди | уреди извор]

Кодовите на ISSN и ISBN се слични по замисла во случаи кога ISBN кодот е доделен на поединечна книга. ISBN може да се додели на поединечни броеви на научни периодични списанија, покрај ISSN-кодот на списанието во целина. За разлика од ISBN кодот, ISSN е анонимна назнака поврзан со извесно списание, и не содржи информации за издавачот и местото на издавање. Поради ова едно списание добива нов ISSN ако значително го смени насловот.

Бидејќи ISSN важи за целото списание, врз него е додадена дополнителна назнака SICI за наведување на изданија, томови, статии и други препознатливи делови (како на пр. преглед на содржината).

Приена во URN

[уреди | уреди извор]

ISSN-броевите можат да се кодираат и како URN-називи („еднообразно ресурсно име“) со претставката „urn:issn:“.[4] На пример, списанието Rail се наведува како „urn:issn:1534-0481“. Доколку констролниот знак е „X“, тоа значи дека во URN назнаката секогаш се кодира со големи букви.

ISSN Македонија

[уреди | уреди извор]

ISSN Центарот на Р Македонија врши услуги за добивање на број, каталогизација и работа со броевите. Работи како служба во склоп на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.[5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • ISBN (меѓународен стандарден книжен број)
  • DOI (назнака за дигитални објекти)
  1. 1,0 1,1 Што е тоа ISSN?“ - Меѓународен ISSN центар (англиски)
  2. ISSN и стандардите на ISO“ - Меѓународен ISSN центар (2008) (англиски)
  3. „Вкупен број на записи во регистарот“ (PDF). 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-20. Посетено на 20 јуни 2011. (англиски)
  4. Употреба на ISSN како URN во рамките на именскиот простор ISSN-URNRFC 3044 (англиски)
  5. ISSN агенција за Македонија - ISSN Центар Р Македонија Архивирано на 11 октомври 2011 г. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Странски

[уреди | уреди извор]

Македонски

[уреди | уреди извор]