Прејди на содржината

Северно Море

Координати: 56°N 03°E / 56° СГШ; 3° ИГД / 56; 3 (North Sea)
Од Википедија — слободната енциклопедија
Северно Море
Сателитска снимка на Северното Море
ПодрачјеАтлантски Океан
Координати56°N 03°E / 56° СГШ; 3° ИГД / 56; 3 (North Sea)
Видморе
Главни приливиБалтичко Море, Елба, Везер, Емс, Рајна/Вал, Меза, Шелда, Спеј, Дон, Ди, Теј, Форт, Тајн, Тис, Хамбер, Темза
Сливни земјиНорвешка, Данска, Германија, Холандија, Белгија, Франција и Велика Британија
Најг. должина960 км
Најг. ширина580 км
Површина&10000000000750000000000750.000 км2
Прос. длабочина95 м
Најг. длабочина700 м
Зафатнина94000 км3
Соленост3,4 до 3,5%
Најг. температура17°C
Најм. температура6°C
НаводиСигурност на море и Кралски белгиски институт за природни науки

Северно Морерабно море што се наоѓа во Северна Европа во Атлантскиот Океан, сместено помеѓу Велика Британија, Скандинавија, Германија, Холандија, Белгија и Франција. Внатрешно море на европскиот континентален праг, поврзано е со океанот преку Каналот Ламанш на југ, а со Норвешкото Море на север. Долго е повеќе од 970 километри и 580 километри широко со вкупна територија од 750.000 км2.

Северното Море долго било седиште на моќните европски бродски флоти, како и главно риболовно подрачје. Морето е омилено одредиште за рекреација и туризам во пограничните земји и од неодамна се развива како богат извор на енергетски ресурси, меѓу кои фосилни горива, ветер и рани достигнувања во енергијата на брановите.

Историски, Северното Море било значајно во геополитичките и воените односи, особено во Северна Европа, но исто така и глобално преку силата на флотите од земјите околу морето. Северното Море било средиште на подемот на Викинзите. Подоцна, се појавил моќниот стопански сојуз Ханзата, Холандија и Велика Британија се бореле за превласт на Северното Море и така пристап до пазарите и ресурсите од светот. Како единствен излез на Германија кон океан, Северното Море продолжило да биде стратешки важно во текот на двете светски војни.

Брегот на Северното Море поседува разновидност на геолошки и географски објекти. На север, длабоки фјордови и стрмни гребени се одлики на крајбрежјата на Норвешка и Шкотска, додека на југ има песочни плажи и калливи морски брегови. Поради густата населеност, тешката индустријализација и преголемата употреба на морето и крајбрежната област, постојат бројни еколошки проблеми.

Поглед на Тејскиот Ферт од Данди.

Најголеми реки кои се влеваат во Севернотоморе суе Лаба, Везер, Рајна, Меза и Темза.[1]

  1. Ray, G; Carleton; Jerry McCormick-Ray (2004). Coastal-marine Conservation: Science and Policy (Digitized by Google Books online) (illustrated. изд.). Blackwell Publishing. стр. 262. ISBN 978-0-632-05537-1. Посетено на 21 ноември 2009.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]