Моро (залив)
Изглед
Моро | |
---|---|
Поглед на залив од Лебак | |
Подрачје | Минданао |
Координати | 6°51′00″N 123°00′00″E / 6.8500° СГШ; 123.0000° ИГД |
Вид | залив |
Етимологија | народот Моро |
Дел од | Целебеско Море |
Моро — најголемиот залив на Филипините. Сместен е на островот Минданао и претставува дел од Целебеското Море. Има значајна улога во стопанскиот риболов, особено на туна.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Заливот се протега помеѓу главниот дел на островот Минданао на исток и полуостровот Самбоанга на запад.[2]
Позначајни второстепени заливи во Моро се Сибугејскиот и Илјанскиот Залив.
Градот Самбоанга лежи на заливот и Целебеското Море на исток и има значајно меѓународно пристаниште.[3] Друго важно пристаниште е градот Котабато на источниот брег.
Земјотреси
[уреди | уреди извор]Заливот Моро е трусно подрачје со неколку раседни појаси кои предизвикуваат значајни земјотреси и цунами.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Barut, Noel. „National Tuna Fishery Report - Philippines“ (PDF). School of Ocean and Earth Science and Technology. Marine Fisheries Research Division National Fisheries Research and Development Institute. Посетено на 4 May 2015.
- ↑ Carating, Rodelio B. (2014). Soils of the Philippines: World soils book series. Springer Science & Business. стр. 61. ISBN 9401786828. Посетено на 4 May 2015.
- ↑ „ZAMBOANGA PENINSULA“. Department of Environment and Natural Resources. Архивирано од изворникот на 2018-08-15. Посетено на 4 May 2015.
|