Тајландски Залив
Тајландскиот Залив (тајландски: อ่าวไทย, Ао Тај) или Сијамски Залив е плиток ракав на Јужнокинеското Море.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Тајландскиот Залив се граничи со Камбоџа, Тајланд и Виетнам. Северниот дел од заливот е наречен Бангкокшки Залив, кај устието реката Чао Праја. Целиот залив зафаќа површина од околу 320.000 км2. Се протега од определува ‘ртот Бај Бунг во јужен Виетнам (веднаш јужно од устието на Меконг), па до градот Кота Бару на малезиското крабрежје. Во екот на минатото ледено доба тајландскиот Залив не постпоел заради понискто ниво на морето, бидејќи овие предели биле дел од речната долина на Чао Праја.
Заливот е релативно плиток: средната длабочина изнесува 45 м, а најголемата е само 80 м. Ова значи бавна водена размена, како и ниска соленост на водата (3,05-3,25 %) и изобилство од наноси заради силниот доток од реките. Соленоста се зголемува (3,4%) само при поголеми длабочини, каде посолените води од Јужнокинеското Море надоаѓаат и ја полнат централната подводна низина на длабочина од 50 м. Позначајни реки што истекуваат во заливот се Чао Праја (со растоката Та Чин) и реките Ме Клонг и Банг Паконг кај Бангкокшкиот Залив, а во помала мера и реката Тапи во Бандонскиот Залив на југозапад.
Граници
[уреди | уреди извор]Според Меѓународната хидрографска организација јужната граница на Тајландскиот Залив е „линија од западниот крај на Камбоџа или ‘ртот Камау (8°36'СГШ) (Белешка: ова место е всушност во Виетнам), на северниот крај, т.е. кај источната страна на устието на реката Келантан (6°14′N 102°15′E / 6.233° СГШ; 102.250° ИГД)“.[2]
Туризам
[уреди | уреди извор]Тајландскиот Залив е дом на голем број корални гребени, па заоа и неколку нуркачки одморалишта, особено заради тропската температура на водата. Поважни туристички места во Тајландскиот Залив се островите Ко Самуј и Ко Па Нган во покраината Сурат Тани, Патаја и Чонбури, Ча Ам, Хуа Хин, Ко Самет и Ко Чанг.
Ко Тао е центар на нуркачкиот туризам.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Заседание на Кралското географско друштво Архивирано на 8 март 2014 г. (англиски)
- ↑ „Граници на океаните и морињата. III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
9°26′25″N 101°58′20″E / 9.44028° СГШ; 101.97222° ИГД