Прејди на содржината

Малчиште

Координати: 41°52′47″N 21°23′28″E / 41.87972° СГШ; 21.39111° ИГД / 41.87972; 21.39111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Малчиште

Поглед на Малчиште

Малчиште во рамките на Македонија
Малчиште
Местоположба на Малчиште во Македонија
Малчиште на карта

Карта

Координати 41°52′47″N 21°23′28″E / 41.87972° СГШ; 21.39111° ИГД / 41.87972; 21.39111
Регион  Скопски
Општина  Студеничани
Област Торбешија
Население 38 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1050
Повик. бр. 02
Шифра на КО 25084
Надм. вис. 480 м
Малчиште на општинската карта

Атарот на Малчиште во рамките на општината
Малчиште на Ризницата

Малчиште — село во Општина Студеничани, Скопско.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Торбешија, на надморска височина од 480 м. Низ него минува Маркова Река. Атарот е ридски и зафаќа површина од 2,8 км2.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Малчиште е населено уште од римско време, за што сведочат остатоците од градиштето Марково Кале на 800 м североисточно од селото.[3]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско[4] и муслиманско[5] население, каде имало 1 христијанскo и 5 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 1 маж христијанин, со едно новороденче и 23 мажи муслимани со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 58 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 236 жители.[6]

Во XIX век Малчиште било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 г. Малчишта имало 90 жители, сите Арнаути муслимани.[7]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Малчиште (Malčište) како албанско село.[8]

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Малчиште како албанско село.[9]

Сите подоцнежни пописи го заведуваат населението како турско, со што се поставува прашањето дали всушност не се работи за Македонци-муслимани (Торбеши) кои се изјаснувале различно во различни пописи.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Малчиште има мешани ресурси. Атарот му се состои од 153 ха шуми, 61 ха обработливо земјиште и 42 ха пасишта.[2] Жителите на Малчиште имаат краварска фарма кај Марковиот манастир во с. Маркова Сушица.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948182—    
1953194+6.6%
1961159−18.0%
197151−67.9%
198169+35.3%
ГодинаНас.±%
199161−11.6%
19947−88.5%
200260+757.1%
202138−36.7%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 100 Албанци.[10]

Малчиште доживеало битен раст по Втората светска војна и продолжило да расте до 1950-тите. Оттогаш почнало да опаѓа, за во 1961 г. да се намали повеќе од трикратно, веројатно поради иселувања во Турција. Интересно е да се забележи дека на пописот од 1994 г. се заведени само 7 лица, иако во претходните и последователните пописи населението одржувало нормална бројност.[11]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 60 жители, од кои највеќето се Турци.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 38 жители, од кои 12 Албанци и 26 лица без податоци.[13]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 182 194 159 51 69 61 7 60 38
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
  • Малчишка џамија
  • Основно училиште

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 190. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 377. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  5. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  6. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 209. ISBN 954430424X.
  8. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  9. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. Малчиште — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  12. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  13. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  14. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  15. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  16. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  17. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]