Батинци
Батинци | |
Поглед на селото Батинци и планината Водно во позадина од манастирот Преполовение - Руса Среда во месноста Пеленица | |
Координати 41°55′10″N 21°28′54″E / 41.91944° СГШ; 21.48167° ИГД | |
Општина | Студеничани |
Население | 7.267 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1051 |
Шифра на КО | 25009 |
Надм. вис. | 381 м |
Батинци на општинската карта Атарот на Батинци во рамките на општината | |
Батинци на Ризницата |
Батинци — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Оваа населба, со голем пораст на населението, се наоѓа на територијата на Општината Студеничани, јужно од централното место Скопје, на оддалеченост од 14 км. Селото е сместено во долината на Маркова Река и е рамничарско на надморска височина од 280 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 8,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 597,4 ха, на шумите отпаѓаат 134,8 ха, а на пасиштата само 41,5 ха. Селото, во однос на земјоделството, има полјоделска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 14[3] христијански и 9 муслимански[4] домаќинства. На овој попис биле забележани 43 мажи христијани, со 2 новороденчиња и 31 маж муслиман со 2 новороденчиња. Било забележано дека 5 мажи муслимани со своите семејства се тазе доселени. Се проценува дека селото во тој период имало 166 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 316 жители.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Батинци живееле 144 жители, од кои 120 Албанци и 24 Македонци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 200 Турци.[7]
Во населбата се доселил значителен број муслимани од Санџак, така што селото, според бројот на населението, мошне се зголемило. Во 1961 година имало 845 жители, а во 1994 година 4.117 жители, од кои 2.135 Албанци, 306 Турци, 8 Роми, 1 Србин и 1.667 останати.
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во Батинци, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема целосни податоци.
Според пописот од 2002 година, во селото имало 5.364 жители, од кои: 36 Македонци, 3.217 Албанци, 407 Турци, 2 Роми, 1 Србин, 1.660 Бошњаци и 41 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7.267 жители, од кои 17 Македонци, 4.473 Албанци, 616 Турци, 2 Власи, 2 Срби, 1.625 Бошњаци, 41 останат и 491 лице без податоци.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 551 |
1953 | — | 133 | 408 | 16 | — | — | ... | 10 | — | 567 |
1961 | 4 | 157 | 653 | ... | ... | 1 | ... | 30 | — | 845 |
1971 | 1 | 195 | 1.016 | — | ... | 7 | ... | 600 | — | 1.819 |
1981 | 3 | 1.018 | 529 | 1 | — | 1 | ... | 1.687 | — | 3.239 |
1991 | 2 | 143 | 260 | 7 | — | 1 | ... | 1.908 | — | 2.321 |
1994 | — | 2.135 | 306 | 8 | — | 1 | ... | 1.667 | — | 4.117 |
2002 | 36 | 3.217 | 407 | 2 | — | 1 | 1.660 | 41 | — | 5.364 |
2021 | 17 | 4.473 | 616 | — | 2 | 2 | 1.625 | 41 | 491 | 7.267 |
Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоела можност за декларирање на бошњачки народ.
Родови
[уреди | уреди извор]Батинци е мешано село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
Албански
- Доселеници: Исовци (4 к.) доселени се од селото Драчевица. Таму имале роднини наречени Штека; Бајрамовци (9 к.) доселени се од селото Драчевица, а таму од областа Матија во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Арслан (жив на 25 г. во 1950 година) Атула-Зендел-Бајрам, кој се доселил; Нуровци (5 к.) доселени се од Калиса во северна Албанија; Аметоски (4 к.) и Исеиноски (2 к.) доселени се од Тетовско. А таму од северна Албанија; Абдиловци (2 к.) доселени се од северна Албанија; Муслиовци (3 к.) доселени се околу 1935 година од Кумановско. А таму од северна Албанија; Џеладин (1 к.) доселени се од Тетовско; Абаз (1 к.) доселени се од селото Света Петка. Таму имале роднини наречени Аљиалар; Зеадиноски (1 к.) доселени се од селото Вртекица. Таму им биле роднини Дервише; Рушитоски (5 к.) и Саитоски (2 к.) доселени се во 1946 година од селото Дресница. Таму се доселиле од селото Горно Количани, каде припаѓале на родот Чајан.
Торбешки
- Доселеници: Суљовци (12 к.) доселени се од селото Долно Количани. Таму имале истоимени роднини; Мемедоски (11 к.) доселени се од селото Долно Количани. А таму од некое мијачко-торбешко село во Долна Река; Бакиовци (4 к.) доселени се од селото Цветово. Таму имаат роднини, подалечно потекло од Дебарско; Таировци (3 к.) доселени се од селото Долно Количани. Подалечно потекло од Долна Река; Рушитовци (1 к.) доселени се од Долно Количани. Таму имаат роднини, подалечно потекло од Долна Река.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 20–21.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Филозофски факултет-Скопје.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Батинци на Карти на Гугл
|