Прејди на содржината

Попис на населението во Македонија (2021)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија

← 2011 5 септември 2021 следен →

Општи информации
ДржаваМакедонија Македонија
УправаДржавен завод за статистика
Мрежно местоПопис 2021 — ДЗС
Резултати
Вкупно население1.836.713[1] ( 9,18 %)
Статусзавршен


Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија во 2021 година — статистичка операција која започнала на 5 септември и завршила на 30 септември 2021 година.[2]

Пописот првично требал да се оствари во април 2020 година, но потоа бил презакажан за април 2021 година, па повторно презакажан за септември. Пандемијата на КОВИД-19 во Македонија и нејзиниот непредвидлив тек на развој спречила успешен попис на почетокот на годината. Сепак, пописот бил успешно спроведен и завршен до крајот на септември 2021 година.[3]

Од 1 март 2021 година започнало самопопишување на дијаспората преку мрежното место на Државниот завод за статистика.[4] Самопопишувањето на дијаспората завршило со нерамномерен попис, така што најголем дел од самопопишаните биле од западноевропските земји, а помал број од прекуокеанските земји.

Првиот сет на податоци од пописот бил објавен на 30 март 2022 година, опфаќајќи податоци за вкупното резидентно и вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства. Во месеците што следат треба да бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските одлики на населението, за становите, за домаќинствата и така натаму.[5]

Население по општини[уреди | уреди извор]

Промена на населението во % во периодот 2002-2021.
Население и промена на населението во Македонија по општини
Општина Население

(2002)

Население

(2021)[6]

Промена Процентуална
промена
Општина Аеродром 72.009[7] 77.735 5.726 7,9 %
Општина Бутел 36.154 37.968 1.814 5,0 %
Општина Гази Баба 72.617 69.626 −2.991 −4,1 %
Општина Ѓорче Петров 41.634 44.844 3.210 7,7 %
Општина Карпош 59.666 63.760 4.094 6,8 %
Општина Кисела Вода 57.236[8] 61.965 4.729 8,2 %
Општина Сарај 35.408 38.399 2.991 8,4 %
Општина Центар 45.362 43.893 −1.469 −3,2 %
Општина Чаир 64.773 62.586 −2.187 −3,3 %
Општина Шуто Оризари 22.017 25.726 3.709 16,8 %
Општина Арачиново 11.597 12.676 1.079 9,3 %
Општина Берово 13.941 10.890 −3.051 −21,8 %
Општина Битола 95.385 85.164 −10.221 −10,7 %
Општина Богданци 8.707 7.339 −1.368 −15,7 %
Општина Боговиње 28.997 22.906 −6.091 −21,0 %
Општина Босилово 14.260 11.508 −2.752 −19,3 %
Општина Брвеница 15.855 13.645 −2.210 −13,9 %
Општина Валандово 11.890 10.508 −1.382 −11,6 %
Општина Василево 12.122 10.552 −1.570 −12,9 %
Општина Вевчани 2.433 2.359 −74 −3,0 %
Општина Велес 55.108 48.463 −6.645 −12,0 %
Општина Виница 19.938 14.475 −5.463 −27,4 %
Општина Врапчиште 25.399 19.842 −5.557 −21,8 %
Општина Гевгелија 22.988 21.582 −1.406 −6,1 %
Општина Гостивар 81.042 59.770 −21.272 −26,2 %
Општина Градско 3.760 3.233 −527 −14,0 %
Општина Дебар 19.542 15.412 −4.130 −21,1 %
Општина Дебарца 5.507 3.719 −1.788 −32,4 %
Општина Делчево 17.505 13.585 −4.128 −23,3 %
Општина Демир Капија 4.545 3.777 −768 −16,9 %
Општина Демир Хисар 9.497 7.260 −2.237 −23,5 %
Општина Дојран 3.426 3.084 −342 −9,9 %
Општина Долнени 13.568 13.126 −442 −3,2 %
Општина Желино 24.390 18.988 −5.402 −22,1 %
Општина Зелениково 4.077 3.361 −716 −17,5 %
Општина Зрновци 3.264 2.086 −1.178 −36,0 %
Општина Илинден 15.894 17.435 1.541 9,7 %
Општина Јегуновце 10.790 8.895 −1.895 −17,5 %
Општина Кавадарци 38.741 35.733 −3.008 −7,7 %
Општина Карбинци 4.012 3.420 −592 −14,7 %
Општина Кичево 56.734 39.669 −17.065 −30,0 %
Општина Конче 3.536 2.725 −811 −22,9 %
Општина Кочани 38.092 31.602 −6.490 −17,0 %
Општина Кратово 10.441 7.545 −2.896 −27,7 %
Општина Крива Паланка 20.820 18.059 −2.761 −13,2 %
Општина Кривогаштани 6.150 5.167 −983 −15,9 %
Општина Крушево 9.684 8.385 −1.299 −13,4 %
Општина Куманово 105.484 98.104 −5.101 −4,9 %
Општина Липково 27.058 22.308 −4.750 −17,5 %
Општина Лозово 2.858 2.264 -594 -20,8 %
Општина Маврово и Ростуша 8.618 5.042 −3.576 −41,4 %
Општина Македонска Каменица 8.110 6.439 −1.671 −20,6 %
Општина Македонски Брод 7.141 5.889 −1.252 −17,5 %
Општина Могила 6.710 5.283 −1.427 −21,2 %
Општина Неготино 19.212 18.194 −1.018 −5,2 %
Општина Новаци 3.549 2.648 −901 −25,3 %
Општина Ново Село 11.567 6.972 −4.595 −39,7 %
Општина Охрид 55.749 51.428 −4.321 −7,7 %
Општина Петровец 8.255 9.150 895 10,8 %
Општина Пехчево 5.517 3.983 −1.534 −27,8 %
Општина Пласница 4.545 4.222 −323 −7,1 %
Општина Прилеп 76.768 69.025 −7.743 −10,0 %
Општина Пробиштип 16.193 13.417 −2.776 −17,1 %
Општина Радовиш 28.244 24.122 −4.122 −14,5 %
Општина Ранковце 4.144 3.465 −679 −16,3 %
Општина Ресен 16.825 14.373 −2.452 −14,5 %
Општина Росоман 4.141 3.796 −345 −8,3 %
Општина Свети Николе 18.497 15.320 −3.177 −17,1 %
Општина Сопиште 5.656 6.713 1.057 18,6 %
Општина Старо Нагоричане 4.840 3.501 −1.339 −27,6 %
Општина Струга 63.376 50.980 −12.396 −19,5 %
Општина Струмица 54.676 49.995 -4.681 −8,5 %
Општина Студеничани 17.246 21.970 4.724 27,3 %
Општина Теарце 22.454 17.694 −4.760 −21,1 %
Општина Тетово 86.580 84.770 −1.810 −2,0 %
Општина Центар Жупа 6.519 3.720 −2.799 -42,9 %
Општина Чашка 7.673 7.942 269 3,5 %
Општина Чешиново-Облешево 7.490 5.471 −2.019 −26,9 %
Општина Чучер Сандево 8.493 9.200 707 8,3 %
Општина Штип 47.796 44.866 −2.930 −6,1 %

Галерија[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис 2021: Во С. Македонија живеат 1.836.713 граѓани или 185 илјади помалку од последниот попис“. Радио МОФ. 30 март 2022. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Започна Пописот 2021!“. Попис 2021 — Државен завод за статистика. 5 септември 2021. Посетено на 5 септември 2021.
  3. „Попис 2021“. popis2021.stat.gov.mk. Посетено на 2021-11-24.
  4. „Од понеделник почнува самопопишувањето во странство преку веб-апликација“. Радио МОФ. 27 февруари 2021. Посетено на 5 септември 2021.
  5. „Државниот завод за статистика ќе ги објави првите резултати од пописот“. Радио слободна Европа. 30 март 2022. Посетено на 1 април 2022.
  6. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 — прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  7. Во 2002 година не постоела Општина Аеродром бидејќи територијата на денешната Општина Аеродром, припаѓала на Општина Кисела Вода. Бројките се ретроградно прикажани, служат за споредба со следните периоди, и означуваат жители што по 2005 година, продолжиле да живеат во новата издвоена општина.
  8. Во 2002 година, Општина Кисела Вода имала 129,245. Бројката е поголема бидејќи во 2002 година, територијата ја Општина Кисела Вода ја опфаќала територијата на денешна Општина Аерором. Бројките се ретроградно прикажани, служат за споредба со следните периоди, и означуваат жители што по 2005 година, продолжиле да живеат во постоечката општина.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]