Genesis
Genesis | |
---|---|
Genesis на настап во 2022 (од лево кон десно): Даниел Пирс, Дерил Стермер, Мајк Радерфорд, Фил Колинс, Тони Бенкс, Ник Колинс и Патрик Смит | |
Животописни податоци | |
Потекло | Годалминг, Сари, Англија |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи | |
Мреж. место | genesis-music.com |
Genesis ― англискa рок-група основана во Годалминг, Сари, во 1967 година. Најуспешната постава на групата се состоела од клавијатуристот Тони Бенкс, басистот и гитарист Мајк Радерфорд и тапанарот и пејач Фил Колинс. Во 1970-тите, членови на групата биле: пејачот Питер Габриел и гитаристот Стив Хакет. Genesis биле меѓу пионерите на прогресивниот рок.
Со продадени 100 милиони албуми, Genesis се вбројува меѓу изведувачите со најмногу продадени албуми во светски рамки. Објавиле 15 студиски и 6 албуми во живо. Тие освоиле многу награди (меѓу кои и Греми за најдобро концептно музичко видео за „Land of Confusion“). Во 2010 година, Genesis биле примени во Куќата на славата на рокенролот.
Историја
[уреди | уреди извор]1967–1969: Основање и почетоци
[уреди | уреди извор]Групата Genesis била основана од: Питер Гејбриел, Тони Бенкс, Ентони „Ент“ Филипс, Мајк Радерфорд и тапанарот Крис Стјуарт. Тие се запознале во 1963 година во училиште во градот Годалминг во Сари. Петмината основачки члена свиреле во една од двете училишни групи.[6]
Во јануари 1967 година, по распаѓањето на училишните групи, Филипс и Радерфорд продолжиле заедно да пишуваат песни и направиле демо-лента за која ги поканиле и Бенкс, Гејбриел и Стјуарт. Тие снимиле шест песни: „Don't Want You Back“, „Try a Little Sadness“, „She's Beautiful“, „That's Me“, „Listen on Five“ и инструменталката „Patricia“.[7] [8] Џонатан Кинг им помогнал на членовите на групата, тогаш на возраст меѓу 15 и 17 години, да потпишат едногодишен договор за снимање со Decca Records.[9]
Од август до декември 1967 година,[10] квинтетот снимил избор на потенцијални синглови со подолги и посложени нумери, но Кинг ги советувал да се придржуваат до поедноставниот поп.[8] Членовите на групата исто така го прифатиле предлогот на Кинг групата да се вика „Genesis“, што укажува на почетокот на неговата продуцентска кариера. „The Silent Sun“ бил прв сингл на групата, со „That's Me“ на Б-страната, издаден во февруари 1968 година.[8] [11] Во август 1968 година, Стјуарт ја напуштил групата за да продолжи со студии.[11] На негово место дошол нивниот соученик од Чартерхаус, Џон Силвер.[8]
Кинг верувал дека групата ќе постигне поголем успех со албум. [8] Како резултат на тоа тие за десет дена го снимиле албумот From Genesis to Revelation за време на летниот распуст во август 1968 година.[8] Откако албумот бил издаден во март 1969 година, тој не се продавал добро затоа што многу продавници за плочи според името[б 1] го ставиле во отсекот за религиозна музика.[11] Поради слабата продажба на албумот, групата се разделила со Кинг и со Дека Рекордс.[12]
Силвер ја напуштил групата за да студира во САД. Негова замена бил тапанарот Џон Мејхју.[13]
Својот прв значаен успех, групата Genesis го постигнала со нивниот втор студиски Trespass. Албумот бил издаден на 23 октомври 1970 година за Charisma Records и бил нивен последен албум со оригиналниот гитарист Ентони Филипс и нивен единствен албум со тапанарот Џон Мејхју. Албумот содржел подолги и посложени песни и за разлика од поп-ориентираните песни од првиот албум содржел елементи на фолк и прогресивна рок-музика.[8] Trespass стигнал до прво место во Белгија во 1971 година [10] и 98 место во ОК во 1984 година.[14] „The Knife“ бил издаден како сингл во мај 1971 година.[11]
По снимањето на Trespass, Филипс ја напуштил групата Genesis поради лоша здравствена состојба и анксиозност при настапите.[15] Бенкс, Гејбриел и Радерфорд го сметале Филипс за важен член од групата и сметале дека неговото заминување е голема закана за опстанокот на групата. Гејбриел и Радерфорд решиле групата да продолжи да снима песни, а Бенкс се согласил под услов да најдат нов, подобар тапанар. Поради тоа, Мејхју бил отпуштен.[8]
1970–1976: Класична петчлена постава и заминување на Гејбриел
[уреди | уреди извор]Потрагата по нов гитарист и тапанар започнала со реклами поставени во Мелоди Мејкер. Рекламата ја забележал тапанарот Фил Колинс, поранешен член на Flaming Youth, кој веќе го познавал Стратон Смит.[11] Роџер Тејлор, подоцна член на Queen, ја одбил поканата за аудиција.[16] Во август 1970 година, Колинс станал нов тапанар на Genesis.
Во декември 1970 година, Гејбриел забележал реклама во Мелоди Мејкер од Стив Хакет, поранешен член на Quiet World, кој сакал да се приклучи на група „со приемливи музичари, решени да ги надминат постоечките застојани музички форми“.[8] Хакет бил на аудиција и се приклучил на Genesis во јануари 1971 година.[8]
По опсежните турнеи за поддршка на нивниот претходен албум Trespass (1970), групата во студиото Trident почнала да го снима третиот албум. Некои песни на групата станале поагресивни, со значително подобрени тапани и нови техники на електрична гитара.[10][8]
Третиот албум на групата, Nursery Cryme, бил објавен на 12 ноември 1971 година.[11] Албумот добил мешани критики и на почетокот неговата продажба била слаба; тој не се пласирал на топ-листите во ОК до 1974 година, кога се искачил до 39-то место. Сепак, албумот бил успешен во континентална Европа, а најмногу во Италија.[8] Од ноември 1971 до август 1972 година, Genesis направиле турнеја за да го поддржат албумот.
Албумот Foxtrot бил издаден на 15 септември 1972 година.[8] На албумот се наоѓа и нивната најдолга песна, 23-минутната „Supper's Ready“. Foxtrot бил последен албум на Genesis чиј омот го дизајнирал Пол Вајтхед; имало лисица облечена во црвен фустан. Фронтменот Питер Гејбриел носел таков фустан и глава на лисица на настапите на следната турнеја, што го привлекло вниманието на медиумите и ја направило групата уште популарна.
Foxtrot бил прв албум на Genesis на топ-листата во ОК, каде стигнал до 12-то место и добил претежно позитивни критики. Албумот се сикачил на прво место во Италија. Во исто време бил издаден и неалбумски сингл, „Happy the Man“.
Промотивната турнеја за овој албум била снимена и издадена во 1973 година на албумот Genesis Live, а неколку месеци подоцна го издале и новиот студиски албум, Selling England by the Pound,[17] кој станал нивен дотогаш најпродаван албум. На британската топ-листа албумот стигнал до трето место. Синглот од албумот, „I Know What I Like (In Your Wardrobe)“, бил издаден во февруари 1974 година и станал прв топ-30 хит на групата во Обединетото Кралство.
Додека групата работела на нов материјал во Хедли Гранџ, тие решиле да продуцираат концептен албум со приказна која ја измислил Гејбриел за Раел, порториканец од Њујорк, кој одлучува да тргне на патување на самооткривање и патем наидува на бизарни случки и ликови. Создавањето на албумот било пропратено со зголемени несогласувања во групата затоа што Гејбриел, кој инсистирал да го напише текстот за сите песни, привремено заминал да работи со режисерот Вилијам Фридкин и му требало време да биде со своето семејство. Повеќето песни биле направени од остатокот групата преку џем-сесии. На 22 ноември 1974 година, групата го издала двојниот концептен албум The Lamb Lies Down on Broadway. Тоа бил нивен најдолг албум дотогаш.
Албумот на почетокот добил мешани критики, но добил пофалби во годините што следеле и стекнал култни следбеници. Песните „Counting Out Time“ и „The Carpet Crawlers“ биле издадени како синглови во Британија во 1974 и 1975 година, соодветно; не успеале да се пласираат на топ-листата. Во САД бил објавен сингл од „The Lamb Lies Down on Broadway“. Genesis го промовирала албумот со нивната турнеја од 1974 до 1975 година низ Северна Америка и Европа, на која во целост го свиреле албумот.
На турнејата Питер Гејбриел им соопшти на членовите дека ја напушта групата.[18]
1975–1977: Колинс како фронтмен на групата и заминување на Хакет
[уреди | уреди извор]По турнејата Lamb, Хакет го снимил неговиот прв соло-албум Voyage of the Acolyte затоа што не бил сигурен дека Genesis ќе опстане по заминувањето на Гејбриел. [8] Снимањето на седмиот студиски албум започнало во октомври 1975 година со Хентшел како продуцент. Тие поставиле анонимна реклама во Melody Maker за „пејач за група од типот на Genesis“, на која одговориле 400 луѓе. Откако не успеале да најдат соодветен пејач, членовите на групата одлучиле Колинс да стане нов главен вокал на групата. Колинс потоа пеел на преостанатите песни.[8]
Албумот A Trick of the Tail бил издаден во февруари 1976 година. По објавувањето, критичарите биле воодушевени од подобрениот квалитет на музиката и од способноста на групата да опстане по заминувањето на Гејбриел без притоа да се намали квалитетот на музиката. За прв пат во својата историја Genesis снимиле промотивни видеа за нивните песни, вклучувајќи ги: „A Trick of the Tail“ и „Robbery, Assault and Battery“.[19] Од март до јули 1976 година, Genesis биле на концертна турнеја низ Северна Америка и Европа со Колинс како фронтмен и Бил Бруфорд како тапанар. Концертите во Глазгов и Стафорд биле снимени и во февруари 1977 година го објавиле нивниот концертен филм Genesis: In Concert.[8]
Во септември 1976 година, Genesis се преселила во Relight Studios во Хилваренбек во Холандија за да го сними албумот Wind & Wuthering.[8] Осмиот студиски албум Wind & Wuthering бил нивен прв албум снимен надвор од Обединетото Кралство. Албумот бил издаден во декември 1976 година, но пишувањето и снимањето на албумот предизвикале внатрешни несогласувања затоа што Хакет сметал дека некои од неговите дела биле отфрлени за сметка на материјалот од клавијатуристот Тони Бенкс.
По објавувањето на албумот, Genesis тргнале на светска турнеја низ Европа, Северна Америка и за прв пат во Бразил. Турнејата била нивната последна турнеја со Хакет и прва турнеја со Честер Томпсон кој бил ангажиран како тапанар за турнејата.
Во мај 1977 година, Genesis го објавиле Spot the Pigeon, ЕР со три песни. Ова било последно издание на Genesis пред Хакет да ја напушти групата. Тој сакал да започне соло кариера и „да го преземе ризикот за да открие колку е добар како соло изведувач“.[20] Веста за заминувањето на Хакет се совпаднала со двојниот албум во живо на групата Seconds Out, снимен во Париз на турнеите A Trick of the Tail и Wind & Wuthering и бил објавен во октомври 1977 година.[11]
1977–1995: Групата по заминувањето на Хакет до заминувањето на Колинс
[уреди | уреди извор]Албумот ...And then There Were Three..., издаден на 31 март 1978 година, бил прв албум на Genesis кој тие го снимиле како трио (пејачот и тапанар Фил Колинс, клавијатуристот Тони Бенкс и басистот и гитарист Мајк Радерфорд).[8] Албумот означил промена во музичкиот стил на групата и содржел примеси на нивната препознатлива прогресивна рок-музика со покомерцијална музика, а Колинс придонел во пишувањето на поголемиот дел од песните на групата.[8] За промовирање на албумот, Genesis биле на светска турнеја гитаристот за турнеја Дерил Стуермер и тапанарот Честер Томпсон, кои следните три децении ќе станат столбови на турнеите на групата.
По период на неактивност на групата, во март 1980 година Genesis го објавиле албумот Duke.[11] Албумот содржел мешавина од индивидуално напишани песни и нумери кои настанале од џем-сесиите во средината на 1979 година. Стигнал до 11-то место во САД и станал нивен прв албум кој се искачил на прво место во Обединетото Кралство.
Во ноември 1980 година, Genesis ја купиле фарма во близина на Чидингфолд во Сари, како нивно ново место за проби и снимање музика и ја преуредиле во студио.[11] Во студиот го снимиле албумот Abacab, кој бил издаден на 18 септември 1981 година.
Abacab стигнал до прво место во Обединетото Кралство[8] и на седмо место во САД, а со тоа станал нивен прв албум кој се пласирал во топ-10 на американската топ-листа за албуми Билборд 200.[21] Групата објавила четири синглови од албумот, од кои најуспешни биле „Abacab“ и „No Reply at All“. Abacab бил поддржан со турнеја низ Европа и Северна Америка[8] а од концертите биле направени снимки кои во најголем дел биле употребени за нивниот албум во живо од 1982 година и концертното видео Three Sides Live. Во мај 1982 година, три нумери снимени за време на сесиите на Abacab – „Paperlate“, „You Might Recall“ и „Me and Virgil“ – биле објавени како ЕР во Европа, 3×3.[8]
Работата за дванаесеттиот албум на Genesis, Genesis, започнала во март 1983 година.[8] Албумот бил издаден во октомври 1983 година, и станал трет по ред нивен албум кој се искачил на прво место во Британија.[8] Во 1983 и 1984 од албумот биле објавени пет синглови; „Mama“ бил водечки сингл и е досега нивен сингл со највисок пласман во Обединетото Кралство, стигнал до 4-то место, [8] а „That's All“ стигнал до 6-то место во САД и станал нивен прв хит во топ-10 американската топ-листа.[21] Од турнејата за поддршка на албумот бил објавен албумот во живо под наслов Genesis Live – The Mama Tour.[8]
Во февруари 1984 година, Genesis направиле пауза за да им се овозможи на членовите од групата да продолжат со нивните соло-кариери.[8] Радерфорд ја основал групата Mike + The Mechanics, Бенкс работел на неговиот соло-албум Soundtracks, а Колинс го издал No Jacket Required, кој постигнал светски успех и ја зголемил неговата популарност. Музичкиот печат забележал дека Колинс како соло-пејач бил попопуларен од групата Genesis.[22]
Членовите од Genesis повторно се состанале во The Farm (нивното студио во Сари) во октомври 1985 година за да почнат да работат на албумот Invisible Touch.[10] Тие продолжиле со нивниот метод на пишување песни преку групни импровизации.
Албумот бил издаден на 6 јуни 1986 година и поминал три недели на врвот на британската топ-листа, а стигнал до трето место во САД.[21][14] Со седум милиони продадени копии станал најпродаван албум на Genesis.[23] Петте синглови од албумот: „Invisible Touch“, „Trowing It All Away“, „Land of Confusion“, „In Too Deep“ и „Tonight, Tonight, Tonight“, се пласирале во топ-пет на американската листа за синглови,[21] а со тоа Genesis станале прв „странски“ (кој не е од САД) изведувач со ваков успех и се израмнале со: Мајкл Џексон, Џенет Џексон и Мадона.[24]
The Invisible Touch Tour била најголема светска турнеја на групата во нејзината историја, составена од 112 концерти и траела од септември 1986 година до јули 1987 година. По завршувањето на турнејата, Genesis направиле петгодишна пауза.
Во 1991 година Genesis го снимиле нивниот четиринаесетти албум, We Can't Dance. Албумот бил издаден на 11 ноември 1991 година од Virgin Records во ОК и еден ден подоцна од Atlantic Records во САД. Ова бил нивен последен студиски албум снимен со Фил Колинс. Албумот станал петти последователен албум од групата кој се искачил на прво место во Обединето Кралство.[14] Во периодот од 1991 до 1993 година, шест песни од албумот биле објавени како синглови, вклучувајќи ги: „No Son of Mine“ и „I Can't Dance“. Во 1993 година, албумот We Can't Dance бил номиниран за Британска награда за најдобар британски албум, а песната „I Can't Dance“ била номинирана за „Греми награда за најдобра поп-изведба од дуо или група“.[25]
Во март 1996 година, Колинс го објавил неговото заминување од Genesis. Во изјавата, рекол: „Поминав веќе 25 години во Genesis и почувствував дека е време за промена на насоката во мојот музички живот. Тоа го сваќам како: музика за филмови, неколку џез-проекти и секако насочување кон мојата соло-кариера. На дечките во Genesis им посакувам сѐ најдобро во иднина. Ние и понатаму сме најдобри другари.“[26]
1996–2006: Вилсон како фронтмен, Calling All Stations и пауза
[уреди | уреди извор]По заминувањето на Фил Колинс, Бенкс и Радерфорд во јануари 1996 година почнале да пишуваат песни за да видат дали вреди да се продолжи со Genesis.[27] Тие одржале аудиции за нов пејач на групата, а во јуни 1997 година за нов пејач бил најавен Шкотланѓанецот Реј Вилсон.[28] Петнаесеттиот и последен студиски албум на Genesis, Calling All Stations, бил издаден на 1 септември 1997 година.
Calling All Stations добил претежно негативни критики од музичките критичари кои сметале дека му недостига насока, но ја пофалиле изведбата на Вилсон. Се продавал слабо во споредба со претходните албуми од Genesis; стигнал до второ место во Обединетото Кралство и добро се претставил во Европа, но во САД стигнал само до 54-то место.[14] Ова бил прв нивен студиски албум кој по 1978 година не се искачил на прво место во Обединетото Кралство. „Congo“, првиот од трите сингла од албумот, стигнал до 29-то место во ОК.[14] На турнејата Calling All Stations Genesis имала концерти низ Европа во текот на 1998 година, но закажаната американска турнеја била откажана поради слабата продажба на билети. Ваквиот развој на настаните биле причина Бенкс и Радерфорд во 2000 година да објават дека групата повеќе нема да снима нови песни и нема да одат на турнеи.[9]
2006-2022: Обединувања за турнеи и документарен филм
[уреди | уреди извор]На прес-конференција во Лондон во ноември 2006 година, Бенкс, Радерфорд и Колинс објавиле дека ќе се обединат за турнејата Turn It On Again, нивна прва турнеја со Колинс по четиринаесет години.[29] Во март 2007 година, во Њујорк одржале прес-конференција за да го најават северноамериканскиот дел од турнејата.[30]
Автобиографијата на групата Genesis Chapter & Verse била објавена во 2007 година како книга во боја на 359 страници. Во пишувањето придонеле: Тони Бенкс, Фил Колинс, Питер Гејбриел, Стив Хакет и Мајк Радерфорд, а уредник бил Филип Дод.[31]
Во 2014 година, Гејбриел, Бенкс, Радерфорд, Колинс и Хакет повторно се обединиле за Genesis: Together and Apart, документарец на БиБиСи за историјата на групата и соло-албумите кои членовите од групата ги објавиле во текот на нивната кариера.
На 23 јануари 2020 година, беа забележани заедно на кошаркарски натпревар во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, што предизвика гласини за можното обединување на Genesis.[32] На 4 март, Колинс, Бенкс и Радерфорд објавиле дека повторно ќе се обединат за турнејата The Last Domino?. Турнејата двапати била презакажана поради пандемијата на КОВИД-19.[33][34] Колинс рекол дека ова ќе биде негова последна турнеја со Genesis поради неговите здравствени проблеми,[35] и рекол дека групата не планира да снима нови песни, но додал: „Никогаш не вели никогаш“.[36] Турнејата била поддржана со издавање на сет со најголеми хитови The Last Domino? – The Hits.[37]
Турнејата траела од 20 септември 2021 година[38] до 26 март 2022 година.[39]<ref>„Genesis announce European tour dates for 2022“. Louder. 25 October 2021. Архивирано од изворникот на 26 October 2021. Посетено на 26 October 2021.
Членови на групата
[уреди | уреди извор]
|
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Студиски албуми
- From Genesis to Revelation (1969)
- Trespass (1970)
- Nursery Cryme (1971)
- Foxtrot (1972)
- Selling England by the Pound (1973)
- The Lamb Lies Down on Broadway (1974)
- A Trick of the Tail (1976)
- Wind & Wuthering (1976)
- ...And Then There Were Three... (1978)
- Duke (1980)
- Abacab (1981)
- Genesis (1983)
- Invisible Touch (1986)
- We Can't Dance (1991)
- Calling All Stations (1997)
- Албуми во живо
- Genesis Live (1973)
- Seconds Out (1977)
- Three Sides Live (1982)
- The Way We Walk, Volume One: The Shorts (1992)
- The Way We Walk, Volume Two: The Longs (1993)
- Live Over Europe 2007 (2007)
Забелешки
[уреди | уреди извор]- ↑ From Genesis to Revelation - на македонски во буквален превод „Од Битие до Откровение“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Buckley 2003, стр. 422.
- ↑ Bowler & Dray 1992, стр. x.
- ↑ Reed, Ryan (10 October 2014). „20 Insanely Great Genesis Songs Only Hardcore Fans Know“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 1 October 2007. Посетено на 17 October 2019.
- ↑ Breithaupt, Don; Breithaupt, Jeff (2000), Night Moves: Pop Music in the Late '70s, St. Martin's Press, стр. 68–69, ISBN 978-0-312-19821-3, Архивирано од изворникот 13 January 2023, Посетено на 28 July 2016
- ↑ „Former Genesis front man Peter Gabriel backs Catalunya protest movement“. thinkSPAIN. Архивирано од изворникот 15 March 2020. Посетено на 11 May 2019.
- ↑ Frame 1983, стр. 23.
- ↑ Frame 1983.
- ↑ 8,00 8,01 8,02 8,03 8,04 8,05 8,06 8,07 8,08 8,09 8,10 8,11 8,12 8,13 8,14 8,15 8,16 8,17 8,18 8,19 8,20 8,21 8,22 8,23 8,24 8,25 8,26 Bowler & Dray 1992.
- ↑ 9,0 9,1 Welch 2011.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 Platts 2001.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 11,7 11,8 Genesis 2007.
- ↑ King, Jonathan.
- ↑ Perrone, Pierre (20 April 2009). „John Mayhew: Drummer who played with the fledgling Genesis on 'Trespass'“. The Independent. Архивирано од изворникот на 25 September 2015. Посетено на 15 September 2015.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 „GENESIS“. Official Charts. Архивирано од изворникот на 15 July 2015. Посетено на 20 September 2015. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „UKchart“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Hewitt 2001.
- ↑ „Queen 40th anniversary: 10 things you never knew“. The Daily Telegraph. 24 September 2011. Архивирано од изворникот на 10 January 2022. Посетено на 27 August 2015.
- ↑ Schütz, Peter; Sturm, Alex. „Release Date Mystery (IV). When was "Selling England" released? About the search for the right release date“. genesis-news.com. Посетено на 30 April 2024.
- ↑ Genesis 2007, стр. 158.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Band Interviews feature from ...
- ↑ 21,0 21,1 21,2 21,3 „Genesis: Awards“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 7 October 2015. Посетено на 23 September 2015. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „billboardchart“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Празен навод (help)
- ↑ Beaumont, Mark (12 June 2015). „Genesis: Genesis 1983–1998“. Louder. Архивирано од изворникот на 14 June 2021. Посетено на 5 March 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Genesis“. The BRIT Awards. Архивирано од изворникот на 24 October 2014. Посетено на 10 November 2012.
- ↑ Darling, Linda; Silberstein, Scott (28 March 1996). „Phil Quits Genesis!“. Entertainment Wire. Архивирано од изворникот на 11 March 2007. Посетено на 23 March 2007.
- ↑ Hewitt, Alan; Pound, Simon (22 August 1997). „"An Alien Afternoon with Tony Banks" – Tony talks to TWR about the new Genesis album at The Farm“. The Waiting Room Online. Посетено на 9 July 2019.
- ↑ „David Longdon exclusive interview for 'Dusk' – November 2010“. Dusk.it. Архивирано од изворникот на 8 March 2015. Посетено на 21 December 2014.
- ↑ Masters, Tim (7 November 2006). „Genesis reunion 'not about money'“. BBC News. Архивирано од изворникот на 15 October 2021. Посетено на 18 September 2015.
- ↑ Bychawski, Adam (7 March 2007). „Genesis announce North American reunion dates“. NME. Архивирано од изворникот на 2 October 2015. Посетено на 18 September 2015.
- ↑ Banks, Tony; Collins, Phil; Gabriel, Peter; Rutherford, Mike; Hackett, Steve (18 September 2007). Genesis: Chapter and Verse (англиски). Macmillan. ISBN 978-0-312-37956-8. Архивирано од изворникот на 17 March 2023. Посетено на 18 February 2022.
- ↑ Snapes, Laura (4 March 2020). „Prog rock stars Genesis announce reunion“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Архивирано од изворникот на 5 March 2020. Посетено на 5 March 2020.
- ↑ Munro, Scott (24 July 2020). „Genesis reschedule The Last Domino? tour – add two new dates“. Louder. Архивирано од изворникот на 15 September 2020. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Genesis Reunite – For The Last Time?“. Mojo. 23 September 2021. Архивирано од изворникот на 27 September 2021. Посетено на 30 September 2021.
- ↑ „Phil Collins Talks How He'll Approach Drums for Genesis Reunion With 18-Year-Old Drummer Son On-Board + How Rest of Band Reacted“. www.ultimate-guitar.com. Архивирано од изворникот на 16 June 2021. Посетено на 24 March 2020.
- ↑ Ewing, Jerry (29 July 2021). „Genesis to release The Last Domino? collection“. Louder Sound (англиски). Архивирано од изворникот на 29 July 2021. Посетено на 29 July 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Richards, Will (8 October 2021). „Genesis postpone remaining UK farewell tour dates due to positive COVID test“. NME. Архивирано од изворникот на 8 October 2021. Посетено на 8 October 2021.
Општи извори
[уреди | уреди извор]- Banks, Tony; Collins, Phil; Gabriel, Peter; Hackett, Steve; Rutherford, Mike (2007). Dodd, Philipp (уред.). Genesis. Chapter and Verse. Weidenfeld & Nicolson. ISBN 978-0-297-84434-1.
- Bowler, Dave; Dray, Bryan (1992). Genesis – A Biography. Sidgwick & Jackson. ISBN 978-0-283-06132-5.
- Buckley, Peter (2003). The Rough Guide to Rock (3rd. изд.). Rough Guides. ISBN 978-1-843-53105-0.
- Collins, Phil (2016). Not Dead Yet. Penguin. ISBN 978-1-784-75360-3.
- Everett, Walter (2008). Expression in pop-rock music: critical and analytical essays. Routledge. ISBN 978-0-415-97959-7.
- Frame, Pete (1983). The Complete Rock Family Trees. Omnibus Press. ISBN 978-0-7119-0465-1.
- Gallo, Armando (1978). Genesis: The Evolution of a Rock Band. Sidgwick and Jackson Limited. ISBN 0-283-98440-6.
- Giammetti, Mario (2020). Genesis 1967 to 1975 - The Peter Gabriel Years. Kingmaker. ISBN 978-1-913218-62-1.
- Giammetti, Mario (2021). Genesis 1975 to 2021 - The Phil Collins Years. Kingmaker. ISBN 978-1-8384918-0-2.
- Hegarty, Paul; Halliwell, Martin (2011). Beyond and Before: Progressive Rock Since the 1960s. New York: The Continuum International Publishing Group. ISBN 978-0-8264-2332-0.
- Hewitt, Alan (2001). Opening the Musical Box – A Genesis Chronicle. Firefly Publishing. ISBN 978-0-946-71930-3.
- Macan, Edward (1997). Rocking the Classics: English Progressive Rock and the Counterculture. Oxford University Press. ISBN 978-0-195-09887-7.
- Martin, Bill (2002). Avant Rock: Experimental Music from the Beatles to Bjork. Chicago: Open Court.
- Platts, Robin (2001). Genesis: Inside & Out (1967–2000). Collector's Guide Publishing. ISBN 978-1-896-52271-5.
- Romano, Will (2010). Mountains Come Out of the Sky: The Complete Illustrated History of Prog Rock. Backbeat Books. ISBN 978-0-8793-0991-6.
- Rutherford, Mike (2015). The Living Years: The First Genesis Memoir. Thomas Dunne Books. ISBN 978-1-250-06068-6.
- Thompson, Dave (2005). Turn It On Again: Peter Gabriel, Phil Collins and Genesis. Backbeat Books. ISBN 978-0-879-30810-0.
- Welch, Chris (2011). Genesis: The Complete Guide to Their Music. Omnibus Press. ISBN 978-0-857-12739-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Genesis на Curlie (англиски)
- Genesis at Discogs
- Genesis на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|
- Музички групи основани во 1967
- Добитници на Греми
- Музички групи распаднати во 2000
- Музички групи возобновени во 2006
- Музички групи распаднати во 2007
- Музички групи распаднати во 2022
- Англиски софт-рок-групи
- Англиски прогресивни рок-групи
- Англиски поп-рок-групи
- Англиски квинтети
- Англиски квартети
- Англиски трија
- Англиски арт рок групи