Прејди на содржината

Хенрик Батовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хенрик Батовски
Henryk Batowski
Роден 12 мај 1907
Лавов
Починал 28 март 1999
Краков
Националност Полјак
Занимање универзитетски професор, академик

Хенрик Батовски (Лавов, 12 мај 1907 - Краков, 28 март 1999 ) – историчар, член на МАНУ надвор од работниот состав.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Батовски студирал ориенталистика, славистика и историја, а во 1929 година и докторирал. Од 1930 година бил дописник од Прага и од Белград, а во 1936 година станал доцент на Јагелонскиот универзитет – Катедра за политички науки во Краков. Хабилитирал на тема „Основите на Балканскиот сојуз во 1912 година“. Бил еден од основоположниците на студиите по балканистика на Јагелонскиот универзитет. Фашистите го депортирале во концентрациониот логор Саксенхаузен (1. IX 1939), а потоа во Дахау, каде што останал до победата над фашизмот. По Ослободувањето, во 1956 година, бил избран за вонреден, а во 1966 година и за редовен професор на Јагелонскиот универзитет. Од 1977 година бил член на Полската академија на уметностите со седиште во Краков, а од 1981 година и член на МАНУ надвор од работниот состав. Автор е на повеќе од 800 библиографски единици од дипломатската историја, балканистиката и славистиката.[1]

Творештво

[уреди | уреди извор]
  • Балканските држави и македонското прашање пред и по Илинденското востание, зб. Илинден 1903. Скопје, 1970;
  • Историја на политичките граници и територијалниот облик на Социјалистичка Република Македонија, „Гласник“ на ИНИ, 1, Скопје, 1972;
  • Дипломатската борба околу Балканот во почетокот на 20 век, Прилози за Илинден 1979, Скопје, 1983;
  • Планови за поделбата на Македонија во минатото, Зборник на трудови посветен на академикот Михаило Апостолски по повод 75-годишнината од животот, Скопје, 1986.
  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 135. ISBN 978-608-203-023-4.