Прејди на содржината

Иван Доровски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иван Доровскимакедонски и чешки поет, книжевен историчар и теоретичар, преведувач, антологичар и македонист.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Иван Доровски е роден во с. Чука, Костурско, Егејска Македонија на 18 мај 1935 година. По преселбите на децата бегалци од Егејска Македонија од 1948 година живее во Чешка. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Брно, каде ја одбранил кандидатската дисертација „Рајко Жинзифов и руската и украинската литература“. Доктор на филолошките науки. Професор по Литературна историја на балканските народи на Филозофскиот факултет во Брно. Главен и одговорен уредник на списанијата „Универзитас“ и „За пријателите на Јужните Словени“. За член на МАНУ надвор од работниот состав бил избран во 1979 година. Почесен член на ДПМ. Автор е на книгите: Чешка и Македонија меѓусебни врски (1974), Константин Иричек живот и дело (1983), Речник на словенски писатели (1984), Рајко Жинзифов (1988), Студии за балканските литературни процеси во 19. и 20. век (1992), Балкански меѓулитературни врски (1993), Драмското дело на Мирослав Крлежа (1993), Чешко-македонски и македонско-чешки речник (1994), Балкане љубов моја (поезија, 1994), Драмското творештво на Јужните Словени (1995), Рајко Жинзифов (Скопје, 1995), Македонија (1995), Уметничкиот лик на Врацлав Фролец (1995), Хрватите живеат меѓу нас (1995), Фолклористички студии (1996), Балкан и Медитеран (1997), Македонците живеат меѓу нас (1998). Составувач е на антологијата Современа македонска поезија на чешки јазик. Во посебна книга е објавена Библиографија на Иван Доровски (Брно 2000).[2]

Творештво

[уреди | уреди извор]
  • Чешка и Македонија меѓусебни врски (1974)
  • Константин Иричек, живот и дело (1983)
  • Речник на словенски писатели (1984)
  • Рајко Жинзифов (1988)
  • Студии за балканските литературни процеси во XIX и XX век (1992)
  • Балкански меѓулитературни врски (1993)
  • Драмското дело на Мирослав Крлежа (1993)
  • Чешко-македонски и македонско-чешки речник (1994)
  • Балкане љубов моја (поезија, 1994)
  • Драмското творештво на Јужните Словени (1995)
  • Рајко Жинзифов (Скопје, 1995)
  • Македонија (1995)
  • Уметничкиот лик на Врацлав Фролец (1995)
  • Хрватите живеат меѓу нас (1995)
  • Фолклористички студии (1996)
  • Балкан и Медитеран (1997)
  • Македонците живеат меѓу нас (1998)
  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 484. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. Лексикон на странски македонисти, Скопје, 2002