Линда Ронстат
Линда Ронстат | |
---|---|
Линда Ронстат во 1976 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Линда Марија Ронстат[1] |
Роден(а) | 15 јули 1946 Тусон, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1965–2011 |
Издавачи | |
Мреж. место | lindaronstadt.com |
Линда Марија Ронстат (англ. Linda Maria Ronstadt; родена на 15 јули 1946) ― американска пејачка која во текот на нејзината кариера пеела различни музички жанрови како: рок, кантри, оперети и латино-музика. Ја нарекувале „Прва дама на рокот“[3][4] и „Кралица на рокот“. Повеќето од албумите на Ронстат биле со златен, платинест или мултиплатинест тираж.[5][6] Со продадени преку 100 милиони плочи ширум светот[7] и со поставувањето рекорди како една од концертните изведувачи со најголема заработка во период подолг од една деценија, Ронстат била најуспешна пејачка во 1970-тите и се смета за една од најуспешните женски изведувачи во историјата на САД.
Добила 11 Греми награди,[8] три Американски музички награди, две награди од Академијата за кантри музика, награда Еми и награда АЛМА. Таа, исто така, била номинирана за Тони и за Златен глобус. Во 2011 година, од Латинската академија на музички сниматели добила Греми-латино награда за животно дело, а во 2016 година добила и Греми награда за животно дело. Таа била примена во Куќата на славните на рокенролот во април 2014 година.[9] На 28 јули 2014 година, Ронстат била наградена со американскиот „Национален медал за уметност и хуманистички науки“.[10] Во 2019 година, заедно со Доли Партон и Емилу Харис добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд за нивната соработка како група за албумот Трио.[11][12] Во 2019 година, Ронстат била наградена со Признание од Кенедиевиот центар за нејзиното целокупно уметничко творештво.
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Линда Ронстат е родена на 15 јули 1946 година во Тусон,[13] како трето од четирите деца на Гилберт Ронстат (1911 – 1995) [14] и Рут Мери Ронстат (1914 – 1982).[15]
По таткова страна имала германско потекло. Нејзиниот прадедо Фридрих Ронштат (подоцна се прекрстил во Фредерико Ронстат) од Хановер се преселил прво во Сонора, Мексико, а потоа и во југозападниот дел на САД (тогаш дел од Мексико). Таму се оженил со Мексиканка и на крај се преселил во Тусон.
Линда Ронстат кариерата ја започнала кон средината на 1960-тите во фолк-триото The Troubadour во Западен Холивуд. Со фолк групата The Stone Poneys, во 1967 година таа го имала нејзиниот прв хит Different Drum, напишан од Мајкл Несмит од Monkees. Нејзиниот прв соло-хит била кантри-рок-песната Long Long Time од 1970 година, но учествувала и во ораториумот (џез-опера) Escalator over the Hill со ансамблот на џез-пијанистката и композиторка Карла Бли. Ораториумот се снимал три години, а пробите се одржувале во домот на Ронстат во Лорел Кањон.[16][17]
Во периодот од 1970 до 1973 година, Ронстат објавила три албуми: два со Capitol Records: Silk Purse (1970) и Linda Ronstadt (1971) и еден со издавачката куќа Asylum Records, Don't Cry Now (1973). Развивајќи кантри-рок-звук сличен на Eagles, Ронстат во 1974 година го објавила албумот Heart Like a Wheel. Албумот бил продаден во 15 милиони примероци. Од албумот произлегле хитови, како што: When Will I Be Loved и You're No Good кои се искачиле на прво место на топ-листите. Heart Like a Wheel се смета за нејзин најуспешен албум. Нејзиниот деветти студиски албум Living in the USA (1978) бил нејзин послен албум кој се искачил на врвот на Билборд 200.
Ронстат станала прва женска „концертна“ рок-ѕвезда. Таа поставила рекорд како една од концертните изведувачи со најголема заработка во 1970-тите.[4][18][19][20] Ја нарекувале „Прва дама на рокот“[3][4] и „Кралица на рокот“, и била избрана за најдобра поп-пејачка од 1970-тите.[3] Нејзиниот рокенрол-имиџ бил подеднакво познат како и нејзината музика; таа шест пати се појавила на насловната страница на Rolling Stone и на насловните страници на Newsweek и Time. Во доцните 1970-ти, таа имала афера со Џери Браун, тогашен гувернер на Калифорнија. Таа имала топ 40-хит во 1978 година со преработката на песната од Ролинг Стоунс Tumbling Dice . Нејзиниот албум Canciones de mi padre потекнува од збирката песни на нејзината тетка Луиз, која објавила истоимена книга во 1930 година.[21]
Во 1980-тите, Ронстат настапила на Бродвеј и добила номинација за Тони за нејзината глума во Пиратите од Пензанс.[22] Во тоа време соработувала со композиторот Филип Глас, снимала традиционална музика и соработувала со диригентот Нелсон Ридл, настан кој во тоа време се сметал за оригинален и несекојдневен потег за рокенрол-музичар. Нејззиниот ризик вродил плод[23] и Ронштат и понатаму останала една од најпродаваните изведувачи во музичката индустрија во текот на 1980-тите. Нејзините албуми како: Mad Love; What's New; Canciones de Mi Padre; и Cry Like a Rainstorm, Howl Like the Wind биле продадени во мултиплатинест тираж. Албумот Canciones de Mi Padre, објавен кон крајот на 1987 година, бил нејзин прв албум со мексиканска традиционална маријачи-музика. Тој станал најпродаван албум на неанглиски јазик во историјата на американската музика, а Ронстат добила Греми за најдобар мексиканско/мексиканско-американски албум.
Во соработка со Емилу Харис и Доли Партон, кантри-албумот Трио бил создаден во 1987 година, по што следел албумот Трио II во 1999 година. За филмот Mambo Kings таа отпеала две песни аранжирани од Реј Сантос, кој потоа го аранжирал и нејзиниот албум Frenesi со латиноамерикански стандарди, кој во 1992 година освоил „Греми за најдобар тропски латино албум“. Таа продолжила со нејзините турнеи и да снима популарни албуми, како што се Winter Light и Hummin' to Myself, се до нејзиното пензионирање во 2011 година.[24]
Политичка определба
[уреди | уреди извор]Откако на концерт во Лас Вегас го поддржала режисерот и критичар на Буш, Мајкл Мур, таа била исвиркана. Таа го нарекла Мур „голем американски патриот“ и некој „кој ја шири вистината“. Таа ја повикала публиката во хотел-казиното Аладин да го гледа документарниот филм на Мур за претседателот Џорџ В. Буш, Фаренхајт 9/11. Некои од 4.500-те гледачи излегле од салата, а други ги скинале плакатите за концертот.
Ронстат давала политички коментари и во други случаи. Таа се изјаснила против депортацијата на илегалните мигранти назад во Мексико. Во 2010 година, учествувала во тужба против построгите правила за депортација планирани во Аризона.
Болест и крај на кариерата
[уреди | уреди извор]Во август 2013 година, Ронстат објавила дека неколку години боледува од Паркинсонова болест и дека повеќе не може да пее. Таа ставила крај на нејзината музичка кариера. Сепак, Ронстат сè уште не е целосно повлечена од очите на јавноста. Нејзината автобиографија, Simple Dreams: A Musical Memoir, била објавена во септември 2013 година. По ова во септември 2019 година следел документарен филм за нејзиниот живот насловен Линда Ронстат: Звукот на мојот глас, кој ја освоил наградата за најдобар документарен филм на Меѓународниот филмски фестивал во Провинтаун.
Награди
[уреди | уреди извор]- Линда Ронстат е наградена со вкупно дванаесет Греми награди.
- Во 1989 добила „Еми награда за ударен термин“ во категоријата „Извонредна поединечна изведба на естрада или во музичка програма“ за албумот Canciones de Mi Padre.
- Таа била номинирана за Златен глобус како глумица за нејзината улога во мјузиклот The Pirates of Penzance . Таа се појави и на Бродвеј со овој мјузикл.
- На 9 мај 2009 година, добила почесен докторат од музичкиот колеџ Беркли во Бостон.
- На 28 јули 2014 година, американскиот претседател Обама ѝ го доделил Националниот медал за уметност.[25]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Linda Ronstadt, Stone Poneys and Friends, Vol. III (1968) (with the Stone Poneys)
- Hand Sown ... Home Grown (1969)
- Silk Purse (1970)
- Linda Ronstadt (1972)
- Don't Cry Now (1973)
- Heart Like a Wheel (1974)
- Prisoner in Disguise (1975)
- Hasten Down the Wind (1976)
- Simple Dreams (1977)
- Living in the USA (1978)
- Mad Love (1980)
- Get Closer (1982)
- What's New (1983)
- Lush Life (1984)
- For Sentimental Reasons (1986)
- Trio (1987) (with Emmylou Harris and Dolly Parton)
- Canciones de Mi Padre (1987)
- Cry Like a Rainstorm, Howl Like the Wind (1989)
- Mas Canciones (1991)
- Frenesí (1992)
- Winter Light (1993)
- Feels Like Home (1995)
- Dedicated to the One I Love (1996)
- We Ran (1998)
- Trio II (1999) (Emmylou Harris and Dolly Parton)
- Western Wall: The Tucson Sessions (1999) (with Emmylou Harris)
- A Merry Little Christmas (2000)
- Hummin' to Myself (2004)
- Adieu False Heart (2006) (with Ann Savoy)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. „Linda Ronstadt > Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот April 16, 2023. Посетено на December 13, 2009.
- ↑ Manheim, James. „Gary Morris Biography“. AllMusic. Посетено на 2023-07-22.
he appeared with another former progressive country singer, Linda Ronstadt, in the Broadway adaptation of Puccini's opera La Bohème
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Vallely, Jean (April 1980). „Playboy Interview: Linda Ronstadt“. Playboy. Архивирано од изворникот на December 5, 2007. Посетено на May 7, 2007.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Празен навод (help)
- ↑ „RIAA – Gold & Platinum Searchable Database“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на January 4, 2013. Посетено на November 15, 2012. (Search for "Ronstadt, Linda")
- ↑ „Linda Ronstadt Top Pop Albums“. Joel Whitburn presents the Billboard Albums 6th ed. (2007). ronstadt-linda.com. Архивирано од изворникот на March 3, 2016. Посетено на April 19, 2007.
- ↑ „Linda Ronstadt Record Sales Page“. lindaronstadt.de. Linda Ronstadt (DE) fan site. Архивирано од изворникот на November 8, 2010. Посетено на November 15, 2010.[dubious ]
- ↑ „Linda Ronstadt“. Grammys.com. Архивирано од изворникот на January 2, 2020. Посетено на March 10, 2019.
- ↑ „2014 Induction Ceremony The Rock and Roll Hall of Fame and Museum“. Rock and Roll Hall of Fame. October 16, 2013. Архивирано од изворникот на October 17, 2013. Посетено на October 16, 2013.
- ↑ „President Obama Honors Linda Ronstadt, Jeffrey Katzenberg, Others in Art and Humanities Ceremony“. Daily News. New York. Associated Press. July 28, 2014. Архивирано од изворникот на November 25, 2015. Посетено на November 23, 2015.
- ↑ Hermanson, Wendy (June 26, 2018). „Faith Hill, Dolly Parton, Emmylou Harris, Linda Ronstadt Getting Stars on Hollywood Walk of Fame“. Taste of Country. Архивирано од изворникот на June 27, 2018. Посетено на October 9, 2020.
- ↑ „Powerful Country Women Getting Stars on Hollywood Walk of Fame“. Taste of Country. June 27, 2018. Архивирано од изворникот на September 4, 2018. Посетено на August 24, 2018.
- ↑ Kingsbury, Paul, уред. (2004). The Encyclopedia of Country Music. Oxford, England: Oxford University Press. стр. 458. ISBN 978-0-199-84044-1.
- ↑ „Borderman: Memoirs of Federico José María Ronstadt“. University of Arizona Press. 2003. Архивирано од изворникот на February 10, 2007. Посетено на May 7, 2007.
- ↑ Bego, Mark (1990). Linda Ronstadt: It's So Easy. Eakin Press. стр. 9–11. ISBN 0-89015-775-8.
- ↑ History of the Eagles – The Story of an American Band. DVD-Dokumentation, April 2013.
- ↑ Gary Graff: How Glenn Frey & Don Henley Became the Eagles, as Told by Linda Ronstadt – Interview mit Linda Ronstadt auf billboard.com, abgerufen am 20. März 2016
- ↑ McGrath, T. J. (June–July 2003). „Linda Ronstadt Silver Threads & Golden Needles“. Dirty Linen Issue No. 106. Архивирано од изворникот на July 17, 2004. Посетено на November 15, 2012.
- ↑ Hirshey, Gerri (June 2002). We Gotta Get Out of This Place: The True, Tough Story of Women in Rock. Grove Press. стр. 86. ISBN 9780802138996. Архивирано од изворникот на January 3, 2016. Посетено на May 11, 2007.
- ↑ Hamill, Pete (July 21, 1980). Linda Ronstadt, Pirate Queen. стр. 23. Архивирано од изворникот на January 3, 2016. Посетено на November 15, 2012.
- ↑ Jim Griffith: Архивирано на {{{2}}}. 1999.
- ↑ Gioia, Michael (August 26, 2013). „Tony Nominee and Grammy Winner Linda Ronstadt Diagnosed with Parkinson's Disease and Is Unable to Sing“. Playbill. Архивирано од изворникот на October 4, 2013. Посетено на October 3, 2013.
- ↑ Bruns, Mary Ellin (January 8, 1984). „Ronstadt: The Gamble Pays Off Big“. Family Weekly. Архивирано од изворникот на January 5, 2008. Посетено на April 9, 2007.
- ↑ Burch, Cathalena E. (April 22, 2011). „Ronstadt: Legacy 'Belongs 100 Percent to Nelson'“. Arizona Daily Star. Архивирано од изворникот на July 22, 2013. Посетено на September 4, 2013.
- ↑ Архивирано на {{{2}}}.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Линда Ронстат на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Линда Ронстат — Internet Broadway Database (англиски)
- All accuracy disputes
- Articles with disputed statements since November 2012
- Американски кантри гитаристи
- Американски пејачки од 21 век
- Американски пејачки од 20 век
- Пејачи од Лос Анџелес
- Американци со германско потекло
- Американци со холандско потекло
- Американци со канадско потекло
- Добитници на Греми
- Американски кантавторки
- Американски кантри пејачи
- Американски кантри рок пејачи
- Американски атеисти
- Родени во 1946 година
- Добитници на Греми за животно дело
- Американски гитаристки
- Американски композиторки
- Американски музички продуценти
- Американски писателки од 20 век
- Американски писателки од 21 век
- Пејачи од Сан Франциско
- Добитници на Еми награда за ударен термин
- Американски латино-музичари
- Американски телевизиски глумици
- Американски театарски глумици
- Американски филмски глумици
- Американски рок-пејачки
- Американски кантри кантавторки