The Monkees
The Monkees | |
---|---|
The Monkees во 1966 година. Во насока на стрелките на часовникот од горе лево: Питер Торк, Мики Доленц, Мајкл Несмит, Дејви Џонс. | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лос Анџелес, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи | |
Мреж. место | monkees.com |
Поранешни членови | |
|
The Monkees (транскрипција на македонски: Манкис) ― американска поп рок група основана во Лос Анџелес во 1966 година. Во групата членувале Мики Доленц, Мајкл Несмит, Питер Торк и Дејви Џонс. Во 1965 година, на телевизиските продуценти Боб Рафелсон и Берт Шнајдер им требало измислена музичка група за потребите на ситкомот The Monkees, па една година покасно била формирана групата. Музиката од групата Monkees се појавува во ситкомот, кој се емитувал од 1966 до 1968 година, а била објавена и плоча.
Продуцирањето на ситкомот бил претежно едноставна работа, но музичката продукција уште од самиот почеток создавала тензии и контроверзии. Музичкиот супервизор Дон Киршнер не бил задоволен од музичките квалитети на групата и за снимањето на музиката од ситкомот почнал да се потпира на професионални текстописци и студиски музичари. Ваквата соработка исфрлила неколку хит албуми и синглови, но тоа не им одговарало на членовите на групата, кои се соочиле со бурни реакции од јавноста поради тоа што не свиреле на песните. По кратка борба за превласт, членовите од групата добиле целосна контрола врз музичката продукција. Monkees како група објавиле два албума, но за помалку од една година секој нејзин член почнал независно да настапува под името Monkees. Кон крајот на 1968 година, тие повторно биле само име на група, серијата била откажана, а филмот кој го снимиле „Глава“ во продукција на Џек Николсон (Head) бил неуспешен на кино благајните. Набрзо Торк ја напуштил групата, а една година подоцна истото го направил и Несмит. Monkees официјално се распаднале во 1970 година.
Во 1986 година се појавил повторен интерес за телевизиската серија, па групата повторно се обединила и тргнале на низа официјални турнеи, снимиле телевизиски специјал и четири нови ЛП плочи. Сето ова се одвивало во период од следните 35 години но членовите од групата ретко настапувале заедно. По смртта на Џонс во 2012 година и на Торк во 2019 година, Доленц и Несмит во 2021 година тргнале на проштална турнеја која завршила непосредно пред смртта на Несмит на крајот од годината.
Носени на крилата на успехот на серијата, Monkees била една од најуспешните групи во 1960-тите. Групата продала преку 75 милиони плочи ширум светот,[5] [6] со што спаѓаат меѓу најпродаваните групи на сите времиња. Нивни најголеми меѓународни хитови се: „Last Train to Clarksville“, „I'm a Believer“, „A Little Bit Me, a Little Bit You“, „Pleasant Valley Sunday“ и „Daydream Believer“, имаат четири албуми кои се пласирале на топ листите и три песни на врвот на топ листите („Last Train to Clarksville“, „I'm a Believer“ и „Daydream Believer“). Весниците и списанијата лажно објавиле дека Monkees во 1967 година имале поголема продажба од Битлси и Ролинг Стоунс заедно,[7] [8] тврдење кое потекнува од Несмит во интервју од 1977 година.[9]
Членови
[уреди | уреди извор]- Мики Доленц – прв и придружен вокал, ритам гитара, тапани, перкусии (1966–1971, 1976, 1986–1989, 1996–1997, 2001–2002, 2011–2021)
- Дејви Џонс – прв и придружен вокал, ударни инструменти, тапани, ритам гитара, бас (1966–1971, 1976, 1986–1989, 1996–1997, 2001–2002, 2011–2012; his death)
- Мајкл Несмит – главна и ритам гитара, клавијатури, придружен и прв вокал (1966–1970, 1986, 1989, 1996–1997, 2012–2014, 2016, 2018–2021; his death)
- Питер Торк – бас, ритам и главна гитара, клавијатури, бенџо, придружен и повремено прв вокал (1966–1968, 1976, 1986–1989, 1996–1997, 2001, 2011–2018; died 2019)
Дискографија
[уреди | уреди извор]- The Monkees (1966)
- More of The Monkees (1967)
- Headquarters (1967)
- Pisces, Aquarius, Capricorn & Jones Ltd. (1967)
- The Birds, The Bees & the Monkees (1968)
- Head (1968)
- Instant Replay (1969)
- The Monkees Present (1969)
- Changes (1970)
- Pool It! (1987)
- Justus (1996)
- Good Times! (2016)
- Christmas Party (2018)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Rozzo, Mark (19 August 2021). „The Most Influential Pop-Rock Band Ever? The Monkees!“. Vanity Fair.
- ↑ „Dolenz sings Nesmith, and talks Monkees legacy“. www.goldminemag.com. August 5, 2021. Посетено на September 20, 2021.
- ↑ Sfetcu, Nicolae (2014). American Music. Nicolae Sfetcu. стр. 166.
- ↑ „A to Z of Psychedelia on 6 Music“. BBC Sounds. 17 July 2018.
- ↑ Graff, Gary (February 29, 2012). „Monkees Singer Davy Jones Dead at 66“. Billboard. Архивирано од изворникот на May 21, 2018. Посетено на March 12, 2018.
- ↑ February 21, 2011 (March 12, 2018). „Hey Hey, It's...The Monkees Reformation“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на June 22, 2018. Посетено на December 19, 2018.
- ↑ „Celebrity Parents | HuffPost“. HuffPost. June 9, 2017. Архивирано од изворникот на June 9, 2017. Посетено на September 29, 2021.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „In 1977 Mike Nesmith Fooled the World: When The Monkees Sold More Records Than The Beatles and Rolling Stones Combined“. Flashbak (англиски). 2017-09-18. Архивирано од изворникот на June 20, 2018. Посетено на 2017-11-09.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Micky Dolenz's official website
- Mike Nesmith Interview - Rocker Magazine 2013
- Peter Tork Interview NAMM Oral History Library (2009)
- FBI Records: The Vault - The Monkees at vault.fbi.gov
- The Monkees на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|