Куала Лумпур
Федерална територија Куала Лумпир Wilayah Persekutuan Kuala Lumpur 吉隆坡联邦直辖区 கோலாலம்பூர் | |||
---|---|---|---|
| |||
Прекар(и): K.L. | |||
Гесло: Maju dan Makmur (македонски: Напредок и успех) | |||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Малезија" does not existМестоположбата на Куала Лумпур во Малезија | |||
Координати: 3°8′00″N 101°42′00″E / 3.13333° СГШ; 101.70000° ИГД | |||
Земја | Малезија | ||
Држава | Федерална територија | ||
Основан | 1857 | ||
Статус | 1972 | ||
Статус на фед. територија | 1974 | ||
Управа | |||
• Градоначалник (Datuk Bandar) | Датук Абдул Хаким Борхан Од 14 декември 2006 | ||
Површина | |||
• Градска | 243,65 км2 (95,18 ми2) | ||
Надм. вис. | 21,95 м | ||
Население (2007)[1] | |||
• Градско | 1,887,674 (1 место) | ||
• Густина | 7.388/км2 (18.912/ми2) | ||
• Метро | 7,2 милиони | ||
• Демоним | КЛ-еец/ Куала Лумпурец | ||
Час. појас | MST (UTC+8) | ||
Поштенски код | 50xxx до 60xxx 68xxx | ||
Повик. бр. | 03 | ||
Регист. озн. | Wxx (за сите возила освен такси) HWx (само за такси) | ||
ISO 3166-2 | MY-14 | ||
Мреж. место | Official Kuala Lumpur Website |
Куала Лумпур (малајски: Kuala Lumpur) — главен и најголем град на Малезија. Градскиот атар има површина од 244 км2, и вкупно население од 1,6 милиони жители во 2006[2]. Големиот Куала Лумпур исто познат и како Долина Кланг, има урбана агломерација од 7,2 милиони жители.[3] Куала Лумпур е најбрзорастечкиот метрополитенски центар во земјата, како и во население, така и во економијата.[4]
Куала Лумпур е седиште на Парламентот на Малезија.[5] Освен што е седиште на малајската легислатива, градот некогаш бил и центар на извршната и правната власт на Малезија, но тие сега се преместени во Путраџаја (во 1999).[6]
Куала Лумпур е определен во границите на Федералната територија на Куала Лумпур е е една од трите Федерални територии на Малезија. Воедно градот е енклава во државата Селангор, на централниот западен брег на Пенинсулар Малезија.[7]
Почнувајќи од 1990-те, градот е центар на многу меѓународни спортски, политички и културни настани, вклучувајќи ги и Комонвелтските игри 1998 и Формула еден.[8] Куала Лумпур е дом на највисоките кули близначки во светот, познатите Кули Петронас.[9]
Демографија
[уреди | уреди извор]Малајскиот јазик е национален и основен јазик во Куала Лумпур. Други јазици кои се користат во градската област се кинеските стандарден мандариски и кантонски и тамилскиот. Англискиот има силно влијание и најмногу се користои во бизнисот и воедно е најизучуваниот јазик во училиштата.[10]
Куала Лумпур е мултикултурен град кој вклучува малајци, кинези, тамилци, евроазијати, индијци, како и кадазани, ибани и други домородни народи од Источна Малезија и Малаја.[10][11]
Поради големиот економски растеж на градот, Куала Лумпур има голем наплив на работници од Индонезија, Непал, Бурма, Тајланд, Бангладеш, Виетнам и Кина.[12][13]
Во доцниот 18-ти век, кога во Европа настанала Индустриската револуција, големи групи на кинези од Фуџен и Гуангдунг биле донесени на тогашната Британска Малаја за да работаат во рудниците.[14] Кинезите од Куала Лумпур зборуваат на различен дијалект од вообичаениот јазик, но сепак мнозинството се од кинеската група кантонези.[15][16]
10% од населението на Куала Лумпур се хиндуисти и зборуваат тамилскиот, хинди или други јазици како малајалскиот, пенџапскиот, телушки и паштунскиот.[10]
Исламот е практикуван воглавно од малајските и индиските муслимански заедници. Други религии се махајанскиот будизам, конфуцијанство и таоизам и христијанство.[17]
Вкупното население во централниот дел на Куала Лумпур во 2006 изнесувал 1,58 милиони.[18] Тој број на жители се однесува само на територијата од 2.502 км2, што значи дека ова е најнаселенето место во Малезија.[18] Метрополитенската област има население од 6,9 милиони во 2007.[1]
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]- Машхад, Иран (Октомври 2006)[19]
- Исфахан, Иран[20]
- Казабланка, Мароко[21]
- Малака, Малезија (15 април 1989)[21]
- Осака, Јапонија[21]
- Анкара, Турција[22]
- Делхи, Индија[23]
Клима
[уреди | уреди извор]Заштитен од планините Титивангса на исток и индонезискиот остров Суматра на запад, Куала Лумпур има екваторска клима со топли и сончеви денови и дождливи периоди, најмногу во монсунската сезона од септември до април.
Климатски податоци за Куала Лумпур | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 38.0 (100.4) |
36.2 (97.2) |
36.7 (98.1) |
37.2 (99) |
38.5 (101.3) |
36.6 (97.9) |
36.3 (97.3) |
38.0 (100.4) |
35.8 (96.4) |
37.0 (98.6) |
36.0 (96.8) |
35.5 (95.9) |
38.5 (101.3) |
Прос. висока °C (°F) | 32.0 (89.6) |
32.8 (91) |
33.1 (91.6) |
33.1 (91.6) |
33.0 (91.4) |
32.8 (91) |
32.8 (91) |
32.3 (90.1) |
32.1 (89.8) |
32.0 (89.6) |
31.7 (89.1) |
31.5 (88.7) |
32.4 (90.3) |
Сред. дневна °C (°F) | 27.7 (81.9) |
28.2 (82.8) |
28.6 (83.5) |
28.7 (83.7) |
28.8 (83.8) |
28.6 (83.5) |
28.1 (82.6) |
28.1 (82.6) |
28.0 (82.4) |
28.0 (82.4) |
27.8 (82) |
27.6 (81.7) |
28.2 (82.8) |
Прос. ниска °C (°F) | 23.4 (74.1) |
23.6 (74.5) |
24.0 (75.2) |
24.3 (75.7) |
24.6 (76.3) |
24.3 (75.7) |
23.8 (74.8) |
23.9 (75) |
23.8 (74.8) |
24.0 (75.2) |
23.8 (74.8) |
23.6 (74.5) |
23.9 (75) |
Најниска забележана °C (°F) | 17.8 (64) |
18.0 (64.4) |
18.9 (66) |
20.6 (69.1) |
20.5 (68.9) |
19.1 (66.4) |
20.1 (68.2) |
20.0 (68) |
21.0 (69.8) |
20.0 (68) |
20.7 (69.3) |
19.0 (66.2) |
17.8 (64) |
Прос. врнежи мм (ин) | 193 (7.6) |
198 (7.8) |
257 (10.12) |
290 (11.42) |
197 (7.76) |
131 (5.16) |
148 (5.83) |
162 (6.38) |
214 (8.43) |
265 (10.43) |
321 (12.64) |
252 (9.92) |
2.628 (103,49) |
Прос. бр. дождливи денови | 17 | 17 | 19 | 20 | 18 | 14 | 16 | 16 | 19 | 21 | 24 | 22 | 223 |
Прос. релативна влажност (%) | 80 | 80 | 80 | 82 | 81 | 80 | 79 | 79 | 81 | 82 | 84 | 83 | 81 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 185.0 | 192.4 | 207.9 | 198.8 | 206.8 | 194.4 | 200.2 | 189.0 | 163.8 | 169.1 | 152.3 | 162.6 | 2.222,3 |
Извор бр. 1: Pogodaiklimat.ru[24] | |||||||||||||
Извор бр. 2: NOAA (сонч. часови, 1961–1990)[25] |
Наводи
[уреди | уреди извор]{{|2}}
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Malaysia Tourism Архивирано на 9 февруари 2010 г.
- Олипмиски игри 2020
- Формула 1 Куала Лумпур
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Official Kuala Lumpur Website Архивирано на 7 мај 2007 г.
- Kuala Lumpur City Hall Архивирано на 20 март 2011 г.
- ITIS Kuala Lumpur Архивирано на 17 декември 2020 г.
- Kuala Lumpur Hotels Guide
Википатување има туристички водич за Kuala Lumpur . „Куала Лумпур“ на Ризницата ? 3°08′09″N 101°41′17″E / 3.1357° СГШ; 101.688° ИГД
Држави и федерални територии на Малезија Држави: Кедах | Келантан | Малака | Негери Сембилан | Паханг | Перак | Пенанг | Перлис | Сабах | Саравак | Селангор | Теренгану | Џохор Федерални територии: Куала Лумпур | Лабуан | Путраџаја
Зависните територии и делумноте признаени земји се закосениСеверна Азија Јужна Азија Југоисточна Азија Западна Азија Средна Азија- Ашхабат, Туркменистан
- Бишкек, Киргистан
- Душанбе, Таџикистан
- Нур-Султан, Казахстан
- Ташкент, Узбекистан
Источна Азија- Ереван, Ерменија
- Левкозија, Кипар
- Мускат, Оман
- Рамала, Палестина (дефакто) *
- Ријад, Саудиска Арабија
- Сана, Јемен
- Северна Левкозија, Северен Кипар
- Степанакерт, Арцах
- Сухуми, Абхазија
- Тбилиси, Грузија
- Техеран, Иран
- Цхинвал, Јужна Осетија
* Статусот е предмет на спор.Нормативна контрола - ↑ 1,0 1,1 Helders, Stefan. „Malaysia:Metropolitan areas“. World Gazetteer. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2007-12-04. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „wg“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Basic Population Characteristics by Administrative Districts", Department of Statistics, Malaysia (June 2006)
- ↑ Helders, Stefan. „World: metropolitan areas“. World Gazetteer. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2007-12-13.
- ↑ Ng, Angie. „New growth corridors added“. The Star Online. Посетено на 2007-12-14.
- ↑ „Article 154(1)“. Constitution of Malaysia. Посетено на 2007-12-11.
- ↑ „Putrajaya – Administrative Capital of Malaysia“. Government of Malaysia. Архивирано од изворникот на 2007-10-21. Посетено на 2007-12-11.
- ↑ „Territorial extent“. States of Malaysia. statoids.com. Посетено на 2007-12-11.
- ↑ „Circuit Guide: Sepang, Malaysia“. BBC Sport. Посетено на 2007-12-13.
- ↑ „Petronas Towers“. Pearson PLC. Infoplease. Посетено на 2007-12-11.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 „Kuala Lumpur Culture & Heritage“. AsiaWebDirect. Посетено на 2007-12-04.
- ↑ "Kuala Lumpur Economic Base". Kuala Lumpur City Hall.
- ↑ „Малезија ќе го намали бројот на странски работници на 1,5 милиони“. Народен дневник. 2 септември 2006. Посетено на 2007-12-15. (англиски)
- ↑ „A Growing Source of Fear for Migrants in Malaysia“. International Herald Tribune. 10 декември 2007. Посетено на 2007-12-15.
- ↑ „Religion of Malaysia“. Windows on Asia. Michigan State University, Asian Studies. Архивирано од изворникот на 2007-08-12. Посетено на 2007-12-18.
- ↑ „Kuala Lumpur Culture & Heritage: Traditions, Races, People“. Kuala Lumpur Hotels & Travel Guide. Посетено на 2008-02-16.
- ↑ „Broadcasting the Muslim call to prayer to Kuala Lumpur's diverse faithful“. International Herald Tribune. 2006-12-03. Архивирано од изворникот 2009-02-21. Посетено на 2007-12-18.
- ↑ „Religion by Location: Malaysia“. Adherents.com. Архивирано од изворникот на 2007-11-28. Посетено на 2007-12-15.
- ↑ 18,0 18,1 "Basic Population Characteristics by Administrative Districts", Department of Statistics, Malaysia (June 2006)
- ↑ „Mashad-Kuala Lumpur Become Sister cities“. FARS News Agency. 2006-10-14. Архивирано од изворникот на 2011-07-14. Посетено на 2007-12-04.
- ↑ „Sisterhoods“. Isfahan Islamic Council. 2005. Архивирано од изворникот на 2007-10-12. Посетено на 2007-12-04.
- ↑ 21,0 21,1 21,2 Kuala Lumpur fact file Архивирано на 25 април 2011 г., Asian-Pacific City Summit. Посетено на 3 ноември 2007.
- ↑ Lam, Edwin Chong Wai (2006-06-24). „Kuala Lumpur: the Scent of a City“. Chessbase News. Посетено на 2007-12-04.
- ↑ Delhi to London, it’s a sister act The Times of India. Посетено на 30 август 2008
- ↑ „Клима на Куала Лумпур“. Погода и климат. Посетено на 8 October 2013. (руски)
- ↑ „Kuala Lumpur Climate Normals 1961–1990“. NOAA. Посетено на 24 April 2015.