Прејди на содржината

Ташкент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ташкент
узбечки: Toshkent, Тошкент, تاشکنت
Главен град
Амблем на Ташкент
Амблем
Ташкент is located in Узбекистан
Ташкент
Ташкент
Местоположба во Узбекистан
Координати: 41°16′N 69°13′E / 41.267° СГШ; 69.217° ИГД / 41.267; 69.217
Држава Узбекистан
Површина
 • Вкупна334,8 км2 (1,293 ми2)
Население (2020)
 • Вкупно2,571,668
Час. појас  (UTC+5)
Мреж. местоhttp://tashkent.uz/

Ташкент — главен најголем град во Узбекистан. Има површина од 334,8 км2 површина со 2 571 668 жители.[1] Ташкент бил под влијание на Согдијаните и турскaта културa во неговата рана историја, пред доаѓањето на исламот во 8 век од н.е. По уништувањето на Џингис Кан во 1219 година, градот бил повторно изграден и придобивал од Патот на свилата. Во 1865 година, градот бил освоен од страна на Руската Империја, и за време на Советскиот Сојуз биле забележани голем пораст на населението и демографски промени поради принудени депортации од целиот Советски Сојуз. Денес, како главен град на независен Узбекистан, Ташкент го задржува мултиетничкото население, со мнозинство етнички Узбеци.

Историја

[уреди | уреди извор]

По Втората светска војна и грчката граѓанска војна, градот прими и неколку македонски и грчки комунистички бегалци, кои таму создадоа грчка заедница, кои по постколонизацијата, во 1974 година, постепено почнаа да се враќаат во Грција, со што денес таму останаа само неколку, главно постари лица. При падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Ташкент беше четврти најнаселен град во советската држава. Денес, многу Руси и други внатрешни мигранти го напуштија градот по распадот на Советскиот Сојуз, но рускиот се користи како втор јазик за жителите на Узбекистан и лингва франка. Во 2007 година градот беше прогласен за културен главен град на исламскиот свет, бидејќи е дом на многу историски џамии и верски објекти.

  1. „Official website portal of Tashkent City“. Tashkent.uz. 2013-11-18. Архивирано од изворникот на 2014-10-12. Посетено на 2013-11-24.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]