Национална океанска и атмосферска управа
Национална океанска и атмосферска управа | |
---|---|
National Oceanic and Atmospheric Administration | |
Лого | |
Знаме | |
Податоци за органот | |
Основан | 10 февруари 1807[1]
преоснована: 3 октомври 1970 |
Претходник | United States Survey of the Coast[2] |
Надлежност | Сојузна влада на САД |
Седиште | Силвер Спринг, Мериленд, САД |
Годишен буџет | млјд долари (2011) |
Раководители | Кетрин Д. Саливан (Управник) Мејсон К. Браун (Заменик-управник) |
Матичен орган | Министерство за трговија |
Мрежно место | |
noaa.gov |
Национална океанска и атмосферска управа англиски: National Oceanic and Atmospheric Administration, NOAA) — научна установа во надлежност на Министерството за трговија на САД која се занимава со набљудување и изучување на океаните и атмосферата. NOAA warns of временски непогоди, charts seas and skies, guides the use and protection of ocean and coastal resources, and conducts research to improve understanding и запазување на животната околина. In addition to its цивилниот кадар, 12.000 (2012),[3] NOAA research and operations are supported by 300 воени лица members who make up the Офицерски корпус. На чело на управата се потсекретарот (заменик-министер) за трговија за океани и атмосфери и управникот на NOAA.
Надлежност
[уреди | уреди извор]NOAA игра неколку улоги во општеството и стопанството на САД и пошироко во светот. Нејзините пет основни дејности се:
- надзор и набљудување на Земјините системи со инструменти и мрежи за прибирање податоци.
- Толкување и опишување на Земјините системи истражување и анализа на добиените податоци.
- Проценка и предвидување на измените во тие системи со текот на времето.
- Вклучување, советување и информирање на јавноста и соработничките организации.
- Управување со ресурси за унапредување на општеството, стопанството и животната околина.
Историја и организациска поставеност
[уреди | уреди извор]Националната океанска и атмосферска управа е основана на 3 октомври 1970 г. по предлог на тогашниот претседател Ричард Никсон „… за подобра заштита на животите и имотот од природните непогоди … за подобар увид во севкупната околина … [и] за истражување и развој кои би довеле до паметно користење на нашите морски ресурси ...“ NOAA е создадена како спој од неколку постоечки служби, кои биле меѓу најстарите во сојузната влада. Тие се Брежната и геодетска служба (осн. 1807 г.); Метеролошкото биро (осн. 1870 г) — Службата за геодетски премер и метеорологија е споена со Управата за научни служби за животната околина (ESSA) уште во 1965 г. ; како и Бирото за стопански риболов (осн. 1871 г.) NOAA е основана во состав на Министерството за трговија со Планота за преуредување бр. 4 од 1970 г Архивирано на 4 март 2016 г..
NOAA има шест составни и преку дузина помошни служби[4]
Составни служби
- Национална околинскосателитска, податочна и информативна служба (National Environmental Satellite, Data and Information Service, NESDIS)
- Национална служба за поморско рибарство (National Marine Fisheries Service, NMFS)
- Национална океанска служба (National Ocean Service, NOS)
- Национална метеоролошка служба (National Weather Service, NWS)
- Служба за океански и атмосферски истражувања (Office of Oceanic and Atmospheric Research, OAR)
- Служба за програмско планирање и интеграција (Office of Program Planning and Integration, PPI)
Помошни служби
- Служба на сојузниот координатор за метрологија (Office of the Federal Coordinator for Meteorology)
- Служба за поморски и воздухопловни операции (Office of Marine and Aviation Operations)
- Централна библиотека (NOAA Central Library)
Офицерски корпус
[уреди | уреди извор]Истражните и оперативните работи на NOAA се спроведуваат со помош од посветени воени лица од Офицерскиот корпус на NOAA кои управуваат со пловилата и воздухопловите и извршуваат научни и административни функции.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Celebrating 200 Years NOAA website, 2007.
- ↑ http://www.noaa.gov/about-noaa.html
- ↑ „BestPlacesToWork.org Agency Report“. Best Places to Work. Посетено на 1 Jul 2014.
- ↑ Организации на NOAA
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Национална океанска и атмосферска управа на Ризницата ?
- Матична страница
- Национална океанска и атмосферска управа — Федерален регистар
|