Капоканониере (множина: капоканониери) или Златна копачка на Серија А е назив за наградата која се доделува на играчот со најголем број постигнати голови во италијанската Серија А. Насловот во моментов го држи Кристијано Роналдо, кој постигнал 29 гола во сезоната 2020–2021.
Гунард Нордал од Милан е освојувач на титулата плурикапаканониере, со пет успеси во 1949–1950, 1950–1951, 1952–1953, 1953–1954 и 1954–1955, повеќе од било кој друг играч во историјата на италијанското првенство.[1]