Фудбалот во Италија
Фудбалот е најпопуларниот спорт во Италија. Италијанската фудбалска репрезентација го има освоено Светското првенство 4 пати (1934, 1938, 1982 и 2006) заостанувајки зад Бразил (со 5 пати). Клубовите на Италија ги имаат освоено 27-те најголеми европски трофеи, со што ја прави една од најуспешните фудбалски нации во светот.
Историја
[уреди | уреди извор]Харапусто и Калчо фиорентино
[уреди | уреди извор]Во старо време во Италија се играле и други форми на фудбал, од којшто Харапусто се појавил во најрано време и се играл во времето на Римското Царство. Можно е оваа игра да има големо влијание врз другите форми на фудбал низ цела Европа, а тоа се должи на ширењето на Империјата, вклучувајќи го и средновековниот фудбал. Од 16 век па наваму, Калчо фиорентино, друг вид различен од фудбалот, кој се разликува од модерната игра, се игарше на Пјаца Санта Кросе во Фиренца. Некои познати луѓе од Фиренца беа меѓу познатите играчи на таа игра, особено фамилијата Медичи, вклучувајќи ги и Пјеро, Лоренцо и Алесандро де Медичи, исто така и папите како што се Климент V, Лав IX и Урбан VII, кои исто така ја играле во Ватикан. Името (ита.) calico (удар) подоцна беше усвоено како име на фудбалот во Италија.
Италијанскиот фудбал е роден во Џенова
[уреди | уреди извор]Модерната варијанта на играта во Италија беше донесена за време на 1880-тите. Насловот на првиот италијански фудбалски клуб е контраверзн, најчесто цитиран во популарната историја е фудбалскиот и крикет клуб Џенова кој беше формиран како крикет клуб којшто ја претставуваше Англија во странство, а беше основан од Англичанец во 1893 година. Три години подоцна, во 1896, човекот по име Џејмс Ричардсон Спенсли пристигна во Џенова, го оддели фудбалскиот тим и стана негов прв менаџер. Како и да е, постојат докази кои наведуваат на тоа дека првиот клуб доаѓа од Торино.Трговецот, Едуардо Босио, кој работел во Британската текстилна индустрија, ја посетил Англија и ја искусил оваа игра. Тој се вратил во Торино во 1889 година и бил мотивиран да помогне да се прошири фудбалот и на неговата земја. Истата година тој го основал фудбалскиот и крикет клуб Торино, а по него следел и Nobili Torino (благородниот Торино). Вториот клуб го носеше името на блегородните бидејќи го продолжи војводата од Абруци и Алфонсо ди Фереиро Вентимиџила (кој подоцна ќе стане претседател на ИФФ). Тие се споија во 1891 година и се создаде меѓународниот фудбалски клуб Торино. Од 1898 година беше формирана соперничката федерација ИФФ, со центар во Торино и со првите двајца претседатели Марио Вакари и Лујџи ди Овидио. ИФФ го создаде Италијанското фудбалско првенство со четирите векеформирани клубови: Џенова, ФК Торинесе, Гимнастика Торино и Торино Интернационал. Првиот натпревар се одигра на фудбалскиот терен Велдормо Умберто во Торино на 8 мај 1899 на којшто победи Џенова. Додека во минатото заедничко за клубовите беше да учествуваат на натпреварите и на ИФФ и на ИФГ, денес, само освоените титули во првенството на ИФФ се официјално признаени.
Државно првенство
[уреди | уреди извор]Првото државно натпреварување организирано од страна на Италијанската федерација на гимнастичари (ИФГ) се одигра во 1896 и беше освоено од Удинезе, фудбалски клуб од Удине (северозападна Италија, регион Fiuli-Venezia Giuli). Вториот државен гимнастичко-фудбалски турнир се одржа во 1897, организиран од ИФГ и беше освоен од ФК Торинесе. Во 1898 година конечно беше формирана Италијанската фудбалска федерација (ФИФ- ИФФ) и беше организиран првото државно првенство, со турнири и плејофи. Ова се смета за првиото државно првенство на италијанскиот фудбал, кој беше освоен од Џенова.
Државни тимови
[уреди | уреди извор]Италијанскиот државен тим, наречен Azzuri или squadra azzura поради сините дресови, е вториот најуспешен државен тим во светот. За време на 1970-тите па сè до раните 1990-тите Италија стана позната по нивното catenaccio, со што навестија долга линија на светски обрамбени играчи како Виргинио Росета, Пјетро Рава, Карло Парола, Гиачинто Фачети, Армандо Пичи, Гаетано Скиреа, Антонио Габрини, Клаудио Џентиле, Џузепе Бергоми, Чиро Ферара и Паоло Малдини. Женскиот тим, тимот до 21година, тимот до 20 години, тимот до 19 години и тимот до 17 години, исто така се натпреваруваат. Нивните одликувања вклучуваат:
- 4 Светски првенства
- 1 Европско првенство
- 1 Олимписко злато
- 5 Европски првенства до 21
- 3 Европски првенства до 18
- 2 Европски првенства до 16
- 5 Летни универзијади
- 8 Светски воени првенства
- 1 Европско првенство во мал фудбал
Биле финалисти во:
- 2 Светски првенства
- 1 Европсо првенство
- 2 Бронзени медали на Олимписки игри
- 2 Европски првенства до 21
- 1 Европско првенство до 19
- 3 Европски првенства до 18
- 4 Европски првенства до 16
- 2 Летни универзијади
- 4 Светско воено првенство
Титули на Светко првенство
[уреди | уреди извор]- Тим на Италија- 1934 Светски шампиони- првпат
- Тим на Италија-1938 Светски шампиони- вторпат
- Тим на Италија-1982 Светски шампиони-третпат
- Тим на Италија-2006 Светски шампиони-четврти пат
Европски шампиони
[уреди | уреди извор]Тим на Италија-1968 Европски шампиони-првпат
Европски натпреварувања за клубови
[уреди | уреди извор]- 12 Европски купови победа во 26 финалиња(прво со Шпанија)
- 7 Куп на УЕФА Купови на победници победа во 11 финалиња (прво во Англија со 8/13)
- 9 Купови на УЕФА победници 15 финалиња (први)
- 9 Супер купови на УЕФА победници во 12 финалиња 9 први)
- 8 Мегународни/Светски клупски купови (први во Аргентина/Бразил со 9)
Вкупно:
- Италија, 37 купови и 66 финалиња (први)
УЕФА Лига на шампиони
[уреди | уреди извор]Следните клубови стигнале до рундите на елиминација во УЕФА Лигата на шампионите:
- Сампдорија (1991-92 – втори)
- Милан (1992-93 Втори;1993-94 Шампиони; 1994-95 Втори; 2002-03 Шампиони; 2003-04 Четврт финале; 2004-04 Втори; 2005-06 Полуфинале;2006-07 Шампиони)
- Јувентус (1995-96 Шампиони; 1996-97 Втори; 1997-98 Втори; 1998-99 Полуфинале; 2002-03 Втори; 2004-05 Четвт финале: 2005-06 Четврт финале)
- Интер (1998-99 Четвр финале; 2002-03 Полуфинале; 2004-05 Четврт финале; 2005-06 Четврт финале; 2009-10 Шампиони)
- Лацио (1999-2000 Четврт финале)
- Рома (2006-07 Четврт финале; 2007-2008 Четврт финале).