Прејди на содржината

Драгожани

Координати: 41°6′38″N 21°17′34″E / 41.11056° СГШ; 21.29278° ИГД / 41.11056; 21.29278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгожани
Драгожани во рамките на Македонија
Драгожани
Местоположба на Драгожани во Македонија
Драгожани на карта

Карта

Координати 41°6′38″N 21°17′34″E / 41.11056° СГШ; 21.29278° ИГД / 41.11056; 21.29278
Општина Битола
Население 117 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02047
Надм. вис. 604 м
Драгожани на општинската карта

Атарот на Драгожани во рамките на општината
Драгожани на Ризницата

Драгожани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Пелагонија, поточно во Битолското Поле, од левата страна на патот Битола - Демир Хисар - Кичево.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948392—    
1953476+21.4%
1961494+3.8%
1971468−5.3%
1981475+1.5%
ГодинаНас.±%
1991258−45.7%
1994209−19.0%
2002156−25.4%
2021117−25.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драгожани живееле 130 жители, сите Македонци.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгожани имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дрогрижани се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 24 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, селото Драгожани брои 156 жители, од кои 155 Македонци и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 117 жители, од кои 112 Македонци, 3 Албанци и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 130 80 392 476 494 468 475 258 209 156 117
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Драгожани е македонско православно село, во кое живеат доселенички родови. Селото потекнува од првата половина на XIX век.

Родови во Драгожани се:

  • Доселеници: Марковци (4 к.), доселени се од Дебарско, го знаат следното родословие: Фидан (жив на 20 г. во 1951 година) Пере-Толе-Трајче-Марко кој се доселил во селото; Димовци (9 к.), доселени се од Охридско, овде живеат од кога и Марковци; Ќепенковци (8 к.), доселени се кога и претходните родови од прилепското село Чепигово; Љаковци (3 к.), стари деленици се од Ќепенковци; Домазетовци (9 к.), доселени се од Крушево или Крушевско кога и претходните родови; Бујуковци (2 к.), доселени се однекаде, овде живеат од втората половина на XIX век; Каровци (12 к.), потекнуваат од браќата Митре и Аце, доселени се кога и Бујуковци од селото Беранци; Колтовци (2 к.), доселени се на крајот од XIX век од селото Базерник во Железник; Трајковци (4 к.), Лазаровци (2 к.) и Најдановци (1 к.), најмлади родови во селото доселени се 1905 година од раселеното село Кочишта.[13]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 198 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[16]
Археолошки наоѓалишта[17]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 238.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.166-167.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: САНУ. стр. 270–271.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]