На грбот стои штит на кој е прикажана котва и Библија од бродот „Баунти“. Ова ја симболизира историјата на предците на островјаните, од кои најголемиот дел се директни потомци на морнарите кои се побунтувале на бродот „Баунти“ во 1789 г. Штитот е со зелено-син дезен што го симболизира островот кој се издига од океанот. Шлемот и челенката се расцветан изданок на растението миро и питкернската рачна количка.