Грб на Самоа
Грб на Самоа | |
---|---|
Подробно | |
Усвоен | 1 јуни 1962 |
Држачи | маслинови гранки |
Мото | I FA'AVAE LE ATUA SAMOA |
Грбот на Самоа е официјалниот грб на оваа океанска држава. Грбот е поставен за официјален на 1 јуни 1962 година.
Опис
[уреди | уреди извор]Централен елемент на грбот е темносин штит со бели рабови. Штитот е поделен на два дела, од кои едниот е син и има приказ на Јужниот Крст, а другиот е бел и има кокосова палма и зелено-бели бранови. Штитот е поставен на црвена решетка, а над него има црвеносин крст со црвени зраци. Околу штитот има венец од маслинови гранчиња. Под грбот има лента со националното мото на самоански I FA'AVAE LE ATUA SAMOA или на македонски „Господ е основач на Самоа“. Грбот е инспириран од амблемот на ООН. Јужниот Крст е симбол на јужната полутопка, палмата и морето ја претставуваат Самоа во Тихиот Океан, крстот го претставува христијанството во земјата. Венецот и решетката се преземени од амблемот на ООН.[1]
Историски грбови
[уреди | уреди извор]-
Грб на Германска Самоа
-
Грбот на Западна Самоа
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Karl-Heinz Hesmer: Flags of the world. History and symbolism of the flag and coat of arms of all countries . Gütersloh: Bertelsmann Lexikon Verlag, 1992. ISBN 3-570-01082-1
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|