Велигденски Остров
Isla de Pascua (шпански) Rapa Nui (рапанујски) | |
---|---|
Географија | |
Место | Тихи Океан |
Координати | 27°7′S 109°22′W / 27.117° ЈГШ; 109.367° ЗГД |
Површина | 163,6 км2 |
Должина | 24,6 км |
Ширина | 12,3 км |
Највисока точка | 539 м |
Држава | |
Регион | Валпараисо |
Провинција | Исла де Паскуа |
Комуна | Исла де Паскуа |
Главен град | Ханга Роа |
Гувернер | Лаура Аларкон Рапу |
Градоначалник | Луз Засо Паоа |
Демографија | |
Демоним | Рапанујци или Пасквенци |
Население | 7.750 (2017)[3] |
Густина | 47,4 /km2 (1.228 /sq mi) |
Јазици | шпански, рапанујски[2] |
Етнички групи | |
Дополнителни податоци | |
Часовен појас |
|
• Лето (ЛСВ) |
|
Валута | Пезо (CLP) |
НДД | .cl |
Повик. бр. | +56 32 |
Мреж. место | rapanui.net |
Велигденскиот Остров (рапанујски: Rapa Nui, шпански: Isla de Pascua) — Полинезиски остров во југоисточниот Тихи Океан на најјугоисточната точка на Полинезискиот Триаголник. Островот е посебна територија на Чиле. Познат е по своите монументални статуи наречени моаи (МФА: /ˈmoʊ.аɪ/), створени од Рапанујците. Тие се дел на Списокот на светското културно наследство заедно со Рапанујскиот национален парк.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Името„ Велигденски Остров“ било дадено од страна на првиот регистриран европски посетител холандскиот истражувач Јакоб Рогевен, кој пристигнал на островот на самиот ден Велигден во 1722 година.[4] Официјалното име на островот е шпанскиот назив, Isla de Pascua, шпански термин за „велигденски остров“.
Сегашното полинезиско име на островот „Rapa Nui“ или „Големиот Рапа“, било сковано од страна на работничките имигранти од Рапа на Островите Бас, кои биле поврзани со својата земја, но депортирани како перуански робови во 1870те.[5] Како и да е, Тор Хејердал тврди дека името Рапа е оригиналното име на островот, додека Рапа Ити е дадено од страна на бегалците.[6]
Постојат неколку хипотези за "оригиналното" полинезиско име за островот, вклучувајќи го и Te pito o te henua, или "Папокот на Светот". Легендата вели дека првото име на островот е Te pito o te kainga a Hau Maka, или "Малото парче земја на Хау Мака".[7] Другото име Mata-ki-Te-rangi, значи "Очи кои зборуваат со небото."[8]
Географија
[уреди | уреди извор]Велигденскиот Остров е еден ос најизолираните острови во светски рамки кој воедно е населен. Тој се наоѓа на 3.600 км (2.237 mi) западно од континентално Чиле и 2.075 км (1.290 mi) источно од Питкерновите Острови (Сала и Гомес).
Најблиската населба се чилеанските острови Хуан Фернандес, сместени на 1850 км источно и дом на околу 900 луѓе. Најблискиот континентален дел е централно Чиле во близина на Консепсион на 3512 км. Единствениот поизолиран населен остров во светот е Тристан да Куња во јужниот дел на Атлантикот.
Островот е долг околу 24,6 км и широк 12,3 км. Неговата форма е триаголна. Има површина од 163,6 km2, а максималната височина е 507 м надморска височина. Има три кратери езера со свежа вода, но нема постојани реки или потоци.
Геологија
[уреди | уреди извор]Велигденскиот остров е вулкански остров составен главно од три изгаснати и споени вулкани: Теревака (507 М) го формира поголемиот дел од островот, додека Поике и Рано Кау ги формираат источните и јужните излети и му даваат на островот триаголен облик. Во минатото, Поике бил посебен остров кога ги обединувал вулканскиот материјал од Теревака. На островот доминираат базалтни потоци, кои се богати со железо и покажуваат сличности со магматските карпи на островите Галапагос. Сместено на 350 км источно од Источнотихоокеанскиот Гребен, Велигденскиот Остров се наоѓа на Насканската Плоча.
Клима
[уреди | уреди извор]На островот доминира екваторска клима, која се граничи со влажна суптропска клима. Најниски температури се забележани во јули и август, а највисоки - во февруари. Зимите се релативно благи. Најдождлив месец е мај, иако островот врне во текот на целата година. Изолираната локација на островот го изложува на ветрови, кои помагаат да се одржи температурата релативно ладна. Бидејќи паѓа надвор од зоната на тропска конвергенција, околу Велигденскиот остров не се формираат циклони и урагани.
Култура
[уреди | уреди извор]Митологија
[уреди | уреди извор]Најпознати витови се:
- Тангата ману, култ кон птичарот, практикуван до 1860те.
- Макемаке, важен Бог.
- Аку-аку, чуварите на светите семејни гробови.
- Моаи-кава-каавa дух на Ханау епе (долгоушите.)
- Хекаи ите нуму паре хаонга такапу Ханау епе каи норуего, света песна на пропуштањето на аку-аку на светите семејни гробишта.
Камена обработка
[уреди | уреди извор]Рапа Нуи е вулкански остров. Рапанујците имале цивилизација од каменото време и правеле неколку вида на домородски камења:
- Базалт, тврд, густ камен користен за токи и Хоа Хакананаи'а.
- Обсидијан,вулканско стакло со остри краеви, користен за Матаа и за црните очи на моаите.
- Црвена Скорија од Пуна Пау, многу светол црвен камен користен за Пукао и неколку Моаи.
- Седра од Рано Рараку, камен многу полесен за обработка отколку базалтот, и користен е за повеќето моаи.
Моаи (статуи)
[уреди | уреди извор]Големите камени статуи, или моаи (moai), по кои Велигденскиот Остров е најпознат биле создадени за релативно брзо време во текот на породуктивната мегалитска активност. Вкупно 887 монолитни камени кипови се инвентирани на островот и во музејските збирки. Иако често се идентификуваат како "Главите на Велигденскиот Остров", киповите всушност се потполно торзо, кои клечат на колена и имаат скрстени раце кои лежат на нивните желлудници. Некои исправени Моаи останале закопани до вратор како последица на тектонските движења.[9][10][11][12][13]
Аху
[уреди | уреди извор]Аху (Ahu) се камени платформи кои се разликуваат по големината. Многу од нив се значајно преобработениво текот на ерата Хурија мо'аи или кип-свргну]]. Многу од нив станале костурница, еден е отворен со динамит, и Аху Тонгарики е уништен од цунами. Аху Тонгарики, еден километар од Рано Рараку, имала најголем и највисок Моаи од вкупно 15. Останати забележани се Аху Акиви, онновен во 1960 од страна на Вилијам Муллој, Нау нау на Анакена и Тахаи. Аху без камени Моаи можеби имало од дрва но сега се изгубени.
Класични елементи на дизајнот на аху се:
- Задржување на ѕид виско неолку метри, обично со поглед на море.
- Платформа позади ѕидот.
- Перничиња или ублажувачи на платформата.
- Тротоар пред рампата.
- Внатрешноста на Аху било руинирано.
Врвот на аху може да биде:
- Моаи врвот на перничето греда преку павиљонот со грбот код задната страна.
- Пукао со моаи глава. и
- Нивните очни подлошки, се бели корални очи со црн обсидијански бисери.
Демографија
[уреди | уреди извор]2002 попис
[уреди | уреди извор]Бројот на населението сперед последниот попис во 2002 иснесувало 3.791 (3.304 само во Ханга Роа). 60% биле Рапанујци, Чилеанци биле 39% од вкупното населени, додека останатиот дел од 1% биле Американски староседелци претеќно од чилеанското копно.
Рапанујците исто така мигрирале од островот. Според пописот во 2002, 2.378 жители живееле на чилеанското копно (половина од нив во метрополитенската област на Сантјаго).
Густината на населението иснесувала само 23 жители на км2 (60 на sq mi), многу помалку одтколку во 17 век кога вкупното население броело околу 15.000 жители со околу 92 жит. на км2 (214 на sq mi).
Демографска историја
[уреди | уреди извор]Во 1982 година бројот на населението изнесувал 1.936 жители. Ова е како последица на недомородното чилеанско население кое се населувало на островот и со тоа постепено се губел полинезискиот идентитет. Во 1982 околу 70% од населението биле Рапанујци. Населението било намалено за 2.000-3.000 поради ропството. Во 19 век околу 2.000 Рапанујци биле транспортирани во Чиле да работат како робови во Перу од страна на Европејците.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Во фаза на усвојување на специјална повелба. Засега управно дел од регионот Валпараисо.
- ↑ Портал на Рапа Нуи
- ↑ Државна служба за статистика (INE).
- ↑ An English translation of the originally Dutch journal by Jacob Roggeveen, with additional significant information from the log by Cornelis Bouwman, was published in: Andrew Sharp (ed.), The Journal of Jacob Roggeveen (Oxford 1970).
- ↑ Invention of the name "Rapa Nui"
- ↑ Heyerdahl claimed that the two islands would be about the same size, meaning that "big" and "small" would not be physical, but historical attributes, "big" indicating the original. In reality, however, Easter Island is more than four times bigger than Rapa Iti. Heyerdahl also claimed that there is an island called "Rapa" in Lake Titicaca in South America, but so far there is no map available showing an island of that name in the lake.
- ↑ Thomas S. Barthel: The Eighth Land: The Polynesian Settlement of Easter Island (Honolulu: University of Hawaii 1978; originally published in German in 1974)
- ↑ Compendio Estadístico 2005, INE.
- ↑ http://www.pbs.org/wgbh/nova/easter/explore/paro.html
- ↑ Heyerdahl, Thor. Easter Island - A Mystery Solved. 1988. ISBN 951-30-8952-5.
- ↑ HEYERDAHL, THOR Aku-Aku 1958
- ↑ Flenley JR. & King SM 1984. Late Quaternary pollen records from Easter Island. Nature 307: 47-50
- ↑ http://www.pbs.org/wgbh/nova/easter/move/past.html
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Велигденски Остров“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Велигденски Остров. |
- Велигденски Остров на Curlie (англиски)
|
|
|