Венечно Езеро
Венечно Езеро | |
Длабочина | 2,5 м |
Надморска висина | 2.235 м |
Планина | Шар Планина |
Венечно Езеро — природно ледничко езеро на Шар Планина, во Македонија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Се наоѓа под врвот и истоимениот гребен Венец (2262 м.н.в.) во јужниот дел на Шар Планина, во најнепосредната близина на врвот Расенгул. Езерото е сместено во вдлабнатина под самиот тревнат срт и гребен кој полукружно, налик на венец го опркужува од речиси сите четири страни - север, запад, југ и исток, со единствена отвореност кон североисток кон долината на изворишното подрачје на Маздрача. Сместено е во издлабен и стрмен цирк со многу камења на 41°51'08.6" северна географска широчина и 20°42'37.7" источна географска должина. Пристапноста до целиот предел е добра бидејќи, постои колски пат за џипови кој оди по тревнатото било и срт веднаш над езерото до врвот Расенгул. Патот е добар и не оди низ камења, туку само низ трева и по не го може да оди и возило со пониско подвозје, а пристапот е од исток од земјениот пат на Шарски Води од селата Пожаране или Горно Јеловце па нагоре по Менгова Кула, Будимов Гроб и Бугарски Колиби или од запад од кај бачилата во Идризова Дупка за кои се оди по патот за Кораб кај Стрезимир и Торбешки Мост и од таму по долот на Аџина Река.
Одлики
[уреди | уреди извор]Езерото е со леднично потекло и се полни од топењето на снеговите и помали извори, при што тоа веројатно е повремено езеро, и пресушува во најтоплиот сушен период кон крајот на август и септември, и покрај големата длабочина. Дното на езерото е каменесто поради што тоа се одликува со многу бистра и темносина боја (налик на познатите Пелистерски Очи), која во зависност од положбата и отсјајот на сонцето може да добие и зеленкаста или сребрено сива нијанса од околните тревнати падини и карпи. Езерото има длабочина од нешто над 2 метри. Бидејќи се наоѓа многу високо непосредно десетина метри под сртот во езерото нема дотек на вода, а моренската челна преграда прави тоа да нема ниту истека, но непосредно јужно до него и под него, неговите води понираат и избиваат во издашни извори и помал водопад од кои настанува изворишната челенка на реката Маздрача.
Именување и изглед
[уреди | уреди извор]Венечно Езеро на Шар Планина | |
Аматерска снимка од 2021 година од серијалот „Уживај во Македонија" |
Именувањето на езерото е според истоимениот планински врв и гребен чиј што срт венечно и полукружно се протега (2382 - 2263 м.н.в.) и обиколува, налик на Венец. Името Венечно Езеро според гребенот и врвот Венец кој се надвишува и го обиколува циркот на езерото, е дадено во рамки на обележувањето на планинарска патека и спроведување на планинарска тура за искачување на врвот Расенгул во рамки на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“ во јуни и јули 2021 година[1].
Езерото има издолжен овален облик со протегање и најголема должина во правец северозапад-југоисток, при што подолгите источен и западен, како и јужниот брег се доста зарамнети, а северниот и северозападен брег е со најголема заобленост. Поради каменестото дно и значителната длабочина, водата на езерото се одликува со голема бистрина и проѕирност, кои погледнати од повисоко од сртот и врвот Расенгул, на езерото му даваат темносина боја, која во зависност од положбата и отсјајот на сончевите зраци може да му дадат зеленкаста или сребрено сива нијанса.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Глетка на Венечно Езеро и врвот Расенгул во позадината
-
Поглед на Венечно Езеро
-
Поглед на Венечно Езеро
-
Поглед на Венечно Езеро
-
Поглед на Венечно Езеро
-
Поглед на Венечно Езеро
-
Поглед на Венечно Езеро
-
Поглед на Венечно Езеро
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Шаревски, Марио (2021). Планински врвови во Македонија. Скопје: Единствена Македонија. стр. 144. ISBN 978-608-66336-2-2.