Прејди на содржината

Среден Камен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Среден Камен

Поглед кон Среден Камен од Церипашина на североисток
Висина &100000000000024560000002.456 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато
Најлесна патекаПопова Шапка - пл.дом „Смрека“ - Јелак - Плат - (Горна) Лешница

Среден Камен — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.456 метри.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина, од десната страна на долината во горното изворишно подрајче на реката Пена на огранката која што се одделува од главниот срт на протегање и на која се наоѓаат Титов Врв и највисоките врвови на Шар Планина. Сместен е веднаш во права линија на север од Титов Врв со кој е директно поврзан со стрмен срт и седло високо 2271 метар надморска височина. Од двете страни врвот е одделен со стрмните долини на Лешница (на исток кон Плат) и Крива Шија (на запад кон Кривошиски Врв/Безимен/Чичко Јосиф). Самиот врв кон север во долината на Пена стрмно се изгинува со многу високи карпи поради што тој е именуван и како Среден Камен, бидејќи со целата стрмна и камена (карпеста) северна падина тој е во средина од трите врвови кои се издигнуваат десно над долината на Пена, односно тој е среден од „трите запци“ врвови во долината на Пена зад Титов Врв.

Искачување и природни одлики

[уреди | уреди извор]

До врвот Среден Камен може да се пристапи од Попова Шапка по патеката до врвот Плат и од таму во долината на Лешница под убавиот голем водопад до седлото помеѓу самиот врв кон север (десно) и сртот кој продолжува до Титов Врв кон југ (лево). Среден Камен поради својата привлечност и тешка достапност, не е многу посетуван врв, но тој е постуван при планинското трчање „Лешница вертикал километар“, берачи на боровинки, чаеви и билки. Во процепите на карпестиот предел на стрмната северна падина на Среден Камен, живеат и се забележуваат и мечки, дивокози и друг дивеч, кој во овој непристапен предел со карпи и густа шума во подножјето живее непречно невознемируван од луѓето. Целата северна падина на Среден Камен е целосно карпеста и каменеста со различни процепи и облици, додека западната падина е целосно тревната, а на седлото на неа кое се поврзува со Титов Врв има и постојана локва (бара), додека падината кон Лешница е песеоклива и каменеста, а онаа кон долината Крива Шија е тревната со камења и неколку изворчиња.

Галерија

[уреди | уреди извор]