Болетин
Болетин | |
Поглед на Болетин со околината | |
Координати 41°39′27″N 20°36′6″E / 41.65750° СГШ; 20.60167° ИГД | |
Регион | Полошки |
Општина | Маврово и Ростуше |
Област | Долна Река |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1255 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07009 |
Надм. вис. | 820 м |
Болетин на општинската карта Атарот на Болетин во рамките на општината | |
Болетин на Ризницата |
Болетин — целосно раселено село во областа Долна Река, во Општина Маврово и Ростуше.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Селото најпрвин запишано како Болитин се сретнува во 1467 година во турски документи. Се верува дека името потекнува од личното име Болеслав или Болемир, што доаѓа од старословенскиот корен „боле“, што означува подобар.[2]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ова село се наоѓа во областа Долна Река, во средишниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Селото е раселено уште од 1961 година.[3]
Болетин се наоѓа на излезот на реката Радика од Баричка Клисура, сместено на левиот брег на реката.[4] Селото е сместено на околу 820 метри надморска височина.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Бана, Мал Болетин, Ороски, Лазови, Ѓубриште, Трапије и Корита.[4]
Над селото се издигнува шума и се наоѓаат мали пасишта. Покрај самата река се наоѓаат мали обработливи површини, ливади и по некое лозје.[4]
Селото било од збиен тип. Постоеле две главни маала, Рамковци и Горно Маало.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Селото првпат се споменува во османлиските пописни дефтери од 1467 година, како христијанско село во нахијата Река, со 5 семејства. Потоа се споменува во 1583 година, каде се регистрирани само 3 семејства.
Во XIX век, Болетин било село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 7,2 км2.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Болетин е торбешко село со 30 домаќинства и 80 жители.[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Болетин живееле 330 жители, сите Македонци-муслимани.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Волетин се води како чисто македонско-муслиманско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 45 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]
Целото население по 1953 година се иселило во Турција.
Селото е наполно раселено по 1961 година, кога броело 15 жители, турско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Болетин немало жители.[10] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 330 | — | 340 | 390 | 15 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуше, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуше се наоѓало во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Живовница, во која покрај Болетин се наоѓале и Видуше, Врбјани и Жировница. Општината Живовница постоела и во периодот 1950-1952 година, кога во нејзе влегувале селата Болетин, Видуше и Живовница.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0469 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Ростуше.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 854 гласачи.[16]
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Целокупното население на селото е отселено во Турција по Втората светска војна, главно во градот Маниса.[17]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на селото
-
Објект пред селото
-
Вртење за селото
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 64. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 34. Посетено на 8 април 2020.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 174-175.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 263.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 49.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 април 2020.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 април 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2021-01-31. Посетено на 8 април 2020.
- ↑ „Во долнореканското село Болетин ќе никне викенд населба“. А1он. 2015-10-18. Посетено на 2020-04-08.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|