Општина Кочани
Општина Кочани | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Источен | ||
Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија) | ||
Седиште | Кочани | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Љупчо Папазов | ||
Површина | |||
• Вкупна | 360,36 км2 (139,14 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 31.602 | ||
• Густина | 88/км2 (230/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +033 | ||
Регистарски таблички | KO | ||
Мреж. место | kocani.gov.mk |
Општина Кочани — општина во Источна Македонија. Седиште на општината е градот Кочани. Со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година кон поранешната Општина Кочани е припоена и Општина Оризари.
Географија
[уреди | уреди извор]Општина Кочани се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, сместена на североисточната страна на Кочанската Котлина и југоисточната страна на Осоговските планини. Зафаќа површина 360,32 км2, со најниска надморска височина од 320 м и највисока 2.085 м.
Општината се граничи со:
- север - Општина Крива Паланка
- исток - Општина Македонска Каменица
- југоисток - Општина Виница
- југ - Општина Зрновци
- запад - Општина Чешиново-Облешево
- запад - Општина Пробиштип
- северозапад - Општина Кратово
Општина Кочани има 28 населени места, од кои 1 е градско и 27 селски. Четири од селските населени места се целосно иселени.[2]
Населено место | Жители | Населено место | Жители |
---|---|---|---|
Безиково | 2 | Небојани | 10 |
Бели | 354 | Нивичани | 233 |
Вранинци | 3 | Ново Село | 3 |
Горни Подлог | 571 | Оризари | 2.737 |
Горно Гратче | 0 | Пантелеј | 24 |
Главовица | 24 | Пашаџиково | 2 |
Грдовци | 930 | Полаки | 29 |
Долни Подлог | 327 | Пресека | 22 |
Долно Гратче | 0 | Прибачево | 280 |
Јастребник | 11 | Припор | 0 |
Костин Дол | 2 | Рајчани | 9 |
Кочани | 24.632 | Речани | 2 |
Лешки | 9 | Тркање | 1.001 |
Мојанци | 385 | Црвена Нива | 0 |
Историја
[уреди | уреди извор]Поради поволната географска местоположба и одличните природни одлики, територијата на денешниот град Кочани била населена од најстарите антички времиња, најпрво од Пеонците, Медите и Траките, а во 80-те години од VI век почнуваат да се населуваат Словените, поточно до VII век припадници на племето Смолјани ја колонизираат Кочанската Котлина и се утврдуваат во неа. Браќата Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост од 845-855 г. престојувајќи во Брегалничката област (Мородвис) отпочнале со ширење на христијанството на словенски јазик.
Градоначалници на Кочани
[уреди | уреди извор]Досегашни градоначалници на Кочани биле:
- Томе Вангелов (1920-1924)[3]
- Спиро Симеонов (1925-1928)[4]
- Благој Џидров (1928-1930)[5]
- Јован Двојаков (1932-1935)[6]
- Трендо Христов (1944-1946)[7]
- Благој Хаџи Василев (1946-1948)[8]
- Величко Георгиев (1948-1950)[9]
- Владо Стаменков (1950-1954)[10]
- Боро Ефремов (1954-1963)[11]
- Михајло Арсов - Војчо (1964-1966)[12]
- Стојан Трендов (1966-1970)[13]
- Киро Данилов (1970-1974)[14]
- Иван Серафимов (1974-1981)[15]
- Тодосија Паунов (1982-1983)[16]
- Божидар Андоновски (1984-1985)[17]
- Драги Георгиев (1986-1990)[18]
- Љупчо Беличев (1990-1996)
- Лазар Веселинов (1996-2000)
- Љубомир Јанев (2000-2002, 2005-2009)
- Тодор Пашовски (2003-2004)
- Ратко Димитровски (2009-2017)
- Николчо Илијев (2017-2021)
- Љупчо Папазов (2021-)
Демографија
[уреди | уреди извор]Според Законот за територијална поделба од 2004 година кон општина Кочани е припоена и поранешната Општина Оризари, а според пописот од 2021 година во неа живеат 31.602 жители, од кои:[19]
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 35.472 | 93,12 |
Албанци | 1 | 0,01 |
Турци | 315 | 0,83 |
Роми | 1.951 | 5,12 |
Власи | 194 | 0,51 |
Срби | 67 | 0,18 |
Бошњаци | 2 | 0,01 |
останати | 90 | 0,23 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 30.793 |
муслимани | 2.273 |
католици | 21 |
протестанти | 31 |
останати | 571 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 35.579 |
албански | 2 |
турски | 1.487 |
ромски | 757 |
влашки | 148 |
српски | 58 |
бошњачки | 1 |
останати | 60 |
Според проценките на Државниот завод за статистика, на крајот на 2015 година има намалување на бројот на населението и тоа изнесува 37.800 жители.[20] Од овој број 18.943 се мажи, а 18.857 се жени.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- ЦК “Бели мугри“ Архивирано на 25 април 2011 г.
- Основен суд
- Здравствен дом
- Општа болница
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Административно седиште на Општината е градот Кочани. Градоначалник на општина Кочани е Љупчо Папазов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[21] Советот на Општина Кочани е составен од 19 члена.
Според последните локални избори од 2021 година, членовите на Советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Долно Градиште
- вештачко езеро Гратче
- Пониква
- Раткова скала Архивирано на 17 ноември 2016 г.
- Дабот кај с. Бели Архивирано на 17 ноември 2016 г.
- Споменик на слободата
Земјоделство
[уреди | уреди извор]Традиционална стопанска гранка во општина Кочани е земјоделството за кое постојат одлични природни и агротехнички услови. Почвата е плодна од алувијално потекло. Најголем дел од обработливите површини се наводнуваат, поради што има изградено акумулациони објекти и разгранета каналска мрежа од 280 км.
Оризот е најзначајна земјоделска култура со многувековна традиција, високи приноси и одличен квалитет. Годишно се сеат околу 3500 хектари под ориз, со принос од над 5000 кг/ха. Застапени сорти на оризова култура се монтичели Архивирано на 31 октомври 2012 г., Р-76/6 Архивирано на 31 октомври 2012 г., Сан Андреа Архивирано на 31 октомври 2012 г., Прима риска Архивирано на 31 октомври 2012 г., и Монтеса Архивирано на 28 септември 2011 г.. Квалитетот на оризот е потврден на Еурека-2000 во Брисел со признание Гран-при Најдоброто од Македонија, со заштитен знак бр. 1- оризот, белото кочанско злато.
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Драмски аматерски фестивал (мај)
- Денови на кочанскиот ориз (септември)
Личности
[уреди | уреди извор]- Александар Алексиев, романописец, критичар, книжевен историчар и театролог
- Борис Стојчев, театролог и публицист
- Бранко Пендовски, писател
- Благоја Попов, политичар
- проф. д-р Благој Попов, математичар
- Кирил Ѕ'мбов, јадрен физичар
- д-р Константин Апостолов, лекар специјалист по микробиологија
- Кочани Оркестар, блех оркестар
- Малина Попиванова, револуционерка
- проф. д-р Миле Хаџи Василев, правник
- Насе Насев, спортски директор на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК)
- Ристо Јуруков, музички педагог
- Сашко Насев, писател, драматург и поранешен амбасадор на Република Македонија во Канада
- Стефан Попиванов, револуционер
- Стево Теодосиевски, музички уметник
- Симеон Иванов - Канго, гитарист, рок-музичар
- Харалампие Манчев, лекар специјалист, прв македонски медицински истражувач
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Културните збиднувања се остваруваат во бројни институции, за која цел се изградени разновидни објекти ( Дом на културата, кино и сл.). Во Кочани постојат неколку фолклорни друштва кои го негуваат фолклорот, а се негува и драмскиот аматеризам. Секоја година традиционално се одржува ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал) во месец мај и Деновите на оризот, во месец септември.
За развој на спортот во градот има изградено спортска сала, фудбалски стадион, базен, терени за тенис, мини голф и слично. Постојат голем број на спортски клубови и здруженија во кои се развиваат различни спортови: борење, кошарка, фудбал, гимнастика, карате, шах, и др. Кочани бил домаќин на државни и меѓународни културни и спортски случувања.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Иселеништвото во општината има неколкудецениска традиција, при што главно младата население, поради економски причини, емигрирала во Западноевропските земји - во почетокот во Германија, Франција и Австрија, а во последната деценија во Италија и делумно САД, Канада и Австралија.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мрежно место страница на општината
- Општина Кочани во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија по населени места, Попис , 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Томе Вангелов“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ Александра (1 мај 2016). „Спиро Симеонов“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „Благој Џидров“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Јован Двојаков“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Трендо Христов“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Благој Хаџи Василев“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Величко Георгиев“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Владо Стаменков“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Боро Ефремов“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Михајло Арсов - Војчо“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Стојан Трендов“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Киро Данилов“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Иван Серафимов“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Тодосија Паунов“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Божидар Андоновски“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Драги Георгиев“. oldkocani.do.am. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Вкупно резидентно население според поединечни години на возраст и пол, по општини, Попис , 2021“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 22 декември 2023.
- ↑ „Процени на населението на 30.06.2015 и 31.12.2015 според полот и возраста, по општини и по статистичките региони (HTEC 3 - 2007 година)“ (PDF). Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија. јули 2016. Посетено на 2 декември 2017.
- ↑ „Резултати - Локални избори 2021 - 31.10.2021“. Државна изборна комисија на Македонија. Архивирано од изворникот на 2023-12-22. Посетено на 22 декември 2023. line feed character во
|title=
во положба 32 (help)
|