Прејди на содржината

Прибачево

Координати: 41°53′10″N 22°33′35″E / 41.88611° СГШ; 22.55972° ИГД / 41.88611; 22.55972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Прибачево
Прибачево во рамките на Македонија
Прибачево
Местоположба на Прибачево во Македонија
Прибачево на карта

Карта

Координати 41°53′10″N 22°33′35″E / 41.88611° СГШ; 22.55972° ИГД / 41.88611; 22.55972
Регион Кочанско Поле
Општина Кочани
Население 280 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Шифра на КО 13034
Надм. вис. 331 м
Прибачево на општинската карта

Атарот на Прибачево во рамките на општината
Прибачево на Ризницата

Прибачево — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Прибачево е мало село во околината на Кочани.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Прибачево е дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Прибачево е познато по оризот. Селото е заобиколено со ниви и има мн комарци.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948312—    
1953352+12.8%
1961420+19.3%
1971412−1.9%
1981410−0.5%
ГодинаНас.±%
1991409−0.2%
1994423+3.4%
2002388−8.3%
2021280−27.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Прибачево живееле 180 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прибачево имало 192 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 388 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 280 жители, од кои 270 Македонци и 10 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 180 192 312 352 420 412 410 409 423 388 280
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Прибачево е македонско село.

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се:

  • Траканци (1 к.) најстар род во селото. Доселени се од селото Тркање. Овде се населиле браќата. Никола, Ѓорге, Гаврил, Павле и уште еден со непознато име. Го знаат следното родословие: Зашо (жив на 76 г. во 1958 година) Јане-Никола, еден од браќата што се доселиле.
  • Ѓоргиови (2 к.) и Трајчеви (2 к.) доселени се од селото Древено кај Пробиштип, близу Лесновски Манастир.
  • Здравкови (4 к.) доселени се од селото Небојани.
  • Божинови (3 к.) и Апостолови (2 к.) доселени се од селото Чешиново.
  • Новаци (2 к.) доселени се од селото Спанчево.
  • Крстови (3 к.) доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица.
  • Миленкови (1 к.) доселени се од селото Калиманци.
  • Василеви (3 к.) доселени се од селото Долни Подлог. Потекнуваат од домазет.
  • Гулаци (3 к.) и Гареви (2 к.) доселени се од селото Соколарци.
  • Ристови (3 к.) и Мишо (1 к.) доселени се од селото Бунеш кај Пробиштип.
  • Стојанчеви (3 к.) доселени се од некое село во околината (кратовско).
  • Ѓеровци (1 к.) доселени се однекаде.
  • Лазови (2 к.) и Биневи (1 к.) доселени се од селото Оризари.
  • Димитрија (4 к.) доселени се од селото Спанчево.
  • Димитријови (2 к.), Стојкови (2 к.), Доневи (1 к.) и Велинови (1 к.) доселени се од селото Ново Село.
  • Димитриови (1 к.) и Мишкови (1 к.) доселени се од селото Пресека.
  • Стојанови (1 к.) доселени се од селото Речани.
  • Нештемпарови (1 к.) доселени се од селото Стар Истевник кај Делчево.
  • Трајчеви (1 к.) доселени се од Кратовско.
  • Паназови (2 к.), Чапалови (2 к.), Душкови (1 к.) и Миленкови (1 к.) доселени се од селото Зрново кај Драма (Егејска Македонија) после Втората светска војна.[11]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 892 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 308 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Во Прибачево попознат спорт е Фудбалот. А се играат и други спортови како Ракомет, Кошарка, Пинг-Понг и други. Овие спортови можат да се играат кај стариот ресторант или прибачевски кажано „Плоча“.

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 226
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје. Скопје: Универзитетска печатница.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]