Насе Насев
Насе Насев (роден во Кочани во 1943 година) ― македонски поранешен борач и тренер на БК Спартак од Кочани, долгогодишен селектор на македонската репрезентација во борење - слободен стил.
Долгогодишен инструктор на ФИЛА и Директор на голем број на светски семинари.
Учесник е на десет летни и Зимски олимписки игри како селектор и како спортски директор на Македонскиот олимписки комитет.
Како спортски директор и под негово раководство, освоен е и единствениот олимписки медал од осамостојувањето на Република Македонија (бронзен медал од ЛОИ СИДНЕЈ 2000 година, со Могамед Ибрагимов).
За својата работа и ангажман во борењето има добиено Трофеј и Златен беџ на Меѓународниот олимписки комитет ИОК. Во 1997 г. влезе меѓу великаните на Македонскиот олимписки комитет (МОК), што претставува посебна чест за секој спортист и спортски работник во нашава земја.
Во моментов ја извршува функцијата спортски директор на МОК.