Миодраг Павловиќ (српски: Миодраг Павловић) (28 ноември 1928, Нови Сад - 17 август 2014, Тутлинген, Германија) — српски писател, поет и есеист, член на Српската академија на науките и уметностите.

Миодраг Павловиќ
Роден/а28 ноември 1928
Предлошка:Country data SHS Нови Сад, Кралство СХС
Занимањепоет, прозаист, есеист
Миодраг Павловиќ (српски: Миодраг Павловић) (28 ноември 1928, Нови Сад - 17 август 2014, Тутлинген, Германија)

Животопис

уреди
Податотека:Miodrag Pavlovic.jpg
Миодраг Павловиќ

Основното и средното училиште ги завршил во Белград, каде потоа студирал на Медицинскиот факултет (од 1947 до 1954 година). Во 1960 година станал директор на Народниот Театар во Белград, а дваесет години работел како главен уредник на водечката издавачка куќа во СФРЈ - Просвета. Во 1985 година станал член на Српската Академија на Науките и Уметностите во отсекот за јазик и литература. Живеел во Белград и во Тутлинген (Германија), каде што починал.

Творештво

уреди

Во 1952 година ја објавил првата збирка поезија - „87 песни“ (87 pesama), која се појавила во годината кога југословенските власти, како одговор на едно јавно барање од големиот хрватски писател Мирослав Крлежа, дозволиле поголема слобода на изразување во политиката и уметноста. Следната година излегла втората збирка „Столб на сеќавањата“ (Stub sećanja). Во овие две рани збирки тој бил преокупиран со деструктивните биолошки и општествени сили, а неговата поетска постапка се одликува со скептичен и трагачки став којшто ги исклучува сите видови лековерност и илузии. Третата збирка на Павловиќ, „Октави“ (Oktave) се појавила во 1957 година и може да се смета како починка во неговиот поетски развој. Глвна тема на оваа збирка е природата како можен дом на човекот. „Млеко на исконот“ (Mleko iskoni) од 1962 година е првата од серијата неколку збирки во кои тој се осврнува на некои клучни човечки ситуации во контекстот на одредени историски и митски ориентири. Со исклучок на неколку поведри моменти, во оваа збирка речиси целосно преовладуваат апокалиптичните помрачувања на моралните и духовните вредности на Стара Грција. Врз таа основа, но со поамбиентални белези, се појавиле збирките „Голема Скитија“ (Velika Skitija) од 1969 и „Нова Скитија“ (Nova Skitija) од 1970 година, во кои тој се насочил кон „истражување на историјата“ и испитување на потеклото, смислата и законот на песната.[1]

Потоа, во 1971 година излегла збирката Hododarje, која го истакнала просторот како поетска тема, сфатен како видик на културната историја. Во неа се содржани и низа песни посветени на познати поети, како: Његош, Хелдерлин, Дис, Продановиќ итн., иако во збирката се испреплетуваат повеќе теми (туѓината, љубовта, војната, словенското дамнешно минато итн.). Притоа, иако ја напуштил техниката на повеќегласно исповедување и разговор, карактеристична за претходните три збирки, и во оваа книга Павловиќ го задржува извештајниот, наративен манир. Во 1971 година излегла и неговата осма поетска збирка „Светли и темни празници“ (Svetli i tamni praznici) која претежно произлегува од двете „Скитии“, т.е. Павловиќ повторно се насочил кон клучните егзистенцијални и духовни ситуации. Во неа, тој дава слободна поетска интерпретација на библиските и другите христијански мотиви, а во книгата преовладува црно-бела радикална поетика и етика. Деветтата збирка „Завети“ (Zavetine) од 1976 година потсетува на сатирично-гротескниот и ироничен говор од првите две збирки, но во неа се забележуваат нови слики - секојдневни, депоетизирани и депатетизирани (улици, самопослуги, леб, пари, радио-вести итн.). На истата линија е и збирката „Карики“ (Karike) од 1977 година, во која се одликува со лежерен тон, едноставен јазик и облик, како и склоност за минијатура и скица.[2]

Мотивот кој преовладува во поезијата на Миодраг Павловиќ, слично како и кај многу други поети од поранешна Југославија, Романија, Бугарија, Република Македонија, Грција и Албанија е врската меѓу античките жители на Балканот и нивните современи потомци. Во творештвото на Павловиќ, како и кај македонскиот поет Богомил Ѓузел и албанскиот писател Исмаил Кадаре, има чести алузии на античкото и средновековно минато. Меѓу попознатите историски поеми на Павловиќ по својот квалитет се издвојуваат Odisej na Kirkinom ostrvu („Одисеј на островот на Кирка“), Eleuzijske seni („Елисејските сенки“), Vasilije II Bugaroubica („Василиј II Бугароубиецот“) и Косово. Овие песни се алегорични и универзални, бидејќи раскажуваат приказни за измамите и стравот. Во сегашно време се напишани „Затвореник“ (ненасловено во оригиналното издание), „Реквием“, Strah („Страв“), Pod zemlyom („Под земја“) и Kavge („Кавги“).

Поезијата на Павловиќ често наидувала на недоразбирање кај критичарите, кои му забележувале дека е строга, студена, класична и „функционална“. Сепак, неговите песни се одликуваат со богатство на поетски сценарија и емотивни тоналитети,[3] со кои тој го зазема едно од најистакнатите места во српската и југословеската поезија.[4]

Награди

уреди

Павловиќ бил двапати номиниран за Нобеловата награда за литература, а бил добитник на многу награди и признанија во Југославија и пошироко. Во 1970 година го добиил Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. Неговите дела се преведени на многу јазици.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Slavko Gordić, „Pesnik povesti i kulture“, во: Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 151-156.
  2. Slavko Gordić, „Pesnik povesti i kulture“, во: Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 157-160.
  3. Slavko Gordić, „Pesnik povesti i kulture“, во: Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 151.
  4. Slavko Gordić, „Pesnik povesti i kulture“, во: Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 161.