S/2015 (136472) 1
Макемаке и нејзината месечина (посочена) | |
Откривање[1] | |
---|---|
Откривач |
|
Откриено | април 2015 |
Ознаки | |
MK2 (неофиц.)[2] | |
Орбитални особености[1] | |
>21.000 км | |
Занесеност | непознато |
>12,4 дена | |
Месечина на | Макемаке |
Физички особености | |
Среден полупречник | ~ 87,5 км (за претпоставено албедо од 4 %)[1] |
Албедо | ~ 0,1 0,04[1] |
25,0[3] | |
7,8[б 1] | |
S/2015 (136472) 1 (или MK2)[2] — единствената позната месечина на џуџестата планета Макемаке.[1][4][5] Се проценува дека има пречник од 175 км (за претпоставено албедо од 4 %) и голема полуоска од барем 21.000 км од Макемаке.[1][6] Нејзиниот орбитален период изнесува ≥ 12 дена (најмалите вредности се за кружна орбита; вистинската занесеност е непозната).[1][5][7] Забележана е во текот на април 2015 г. со помош на Широкоаголната камера 3 на вселенскиот телескоп „Хабл“, а окритието е објавено на 26 април 2016 г.[2]
Макемаке и Седна се најмалку познати од големите заднептунци. Откривањето на MK2 и подоцнежните набљудувања во 2018 г. овозможуваат да се утврди масата на Макемаке, со што ќе може да се осознае нејзината густина и други особености.
Набљудувања
[уреди | уреди извор]Според првичните проучувања на сликите, MK2 има отсјајност слична на дрвениот јаглен, што ја прави крајно темо тело. Ова делува неочекувано бидејќи Макемаке е второ тело по сјајност во Кајперовиот Појас. Една претпоставка за ова е дека гравитацијата не е доволно силна за да го спречи ослободувањето на сјајните, но испарливи мразови под дејство на топлината од далечното Сонце.[8]
Според Алекс Паркер, раководителот на научната екипа во Југозападниот истражувачки институт од Тексас, сликите направени при откривањето на MK2 покажуваат дека неговата орбита е свртена со работ кон земските опсерватории. Ова значително го отежнува забележувањето на месечината бидејќи таа станува тешко видлива во блесокот на Макемаке, покрај темината на самата нејзина површина.[8] Ако се утврди дека орбитата е кружна, ова би значело дека телото настанало во ударен настан далечното минато; доколку е елиптична, тогаш телото е зафатено подоцна.[8]
Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Parker, A. H.; Buie, M. W.; Grundy, W. M.; Noll, K. S. (25 април 2016). „Discovery of a Makemakean Moon“. The Astrophysical Journal. 825 (1): L9. arXiv:1604.07461. Bibcode:2016ApJ...825L...9P. doi:10.3847/2041-8205/825/1/L9.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „HubbleSite – NewsCenter – Hubble Discovers Moon Orbiting the Dwarf Planet Makemake (04/26/2016) – The Full Story“. hubblesite.org. Посетено на 26 април 2016.
- ↑ 3,0 3,1 William M. Grundy (13 февруари 2020). „Makemake (136472 2005 FY9)“. Lowell Observatory. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 20 февруари 2020.
- ↑ Chang, Kenneth (26 април 2016). „Makemake, the Moonless Dwarf Planet, Has a Moon, After All“. The New York Times. Посетено на 26 април 2016.
- ↑ 5,0 5,1 Parker, A. (2 мај 2016). „A Moon for Makemake“. Planetary Society blogs. Planetary Society. Посетено на 2 мај 2016.
- ↑ „Hubble Spies A Moon Orbiting A Distant Dwarf Planet“. Popular Science. Посетено на 26 април 2016.
- ↑ „Hubble discovers moon orbiting the dwarf planet Makemake“. EurekAlert!. 26 април 2016. Архивирано од изворникот на 2019-10-09. Посетено на 26 април 2016.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Mike Wall (26 април 2016). „Distant Dwarf Planet Makemake Has Its Own Moon“. Space.com. Посетено на 26 април 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- S/2015 (136472) 1 на Ризницата ?
- MPEC 2016-H46 : S/2015 (136472) 1 — Центар за мали планети, 26 април 2016
|
|