Прејди на содржината

Месен Меур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Месен Меур
супермеур
Уметничка претстава на Месниот Меур (со Сонцето и Мурзим) и меурот Јамка I (со Антарес)
Податоци од набљудување
Оддалеченостсг   (0 пс)
Физичи особености
Полупречник150 сг
ОзнакиМесен Врел Меур, LHB,[1] Месен Меур, Месен Меѓуѕвезден Меур[2]
Поврзано: Списоци на маглини
Месниот Меур со некои ѕвездородни области

Месен Меур или Месна Шуплина,[3] — релативна шуплина во меѓуѕвездената средина на Орионовиот Крак во Млечниот Пат. Ги опфаќа најблиските ѕвезди до нас и, меѓу останатото, Месниот Меѓуѕвезден Облак (во кој е Сончевиот Систем), соседниот G-облак, Подвижната група во Голема Мечка (најблиската ѕвездена подвижна група) и Хијадите (најблиското расеано јато). Има пречник од барем 300 светлосни години и се одликува со неутралноводородна густина од 0.05 атоми/см3, околу една десетина од просекот во меѓуѕвездената средина во Млечниот Пат (0,5 атоми/см3) и една шестина од онаа во Месниот Меѓуѕвезден Облак (0,3 атоми/см3).[4]

Исклучително проретчениот гас во Месниот Меур е последица од експлозии на супернови од подвижната група Плејади во изминатите 10-20 милиони години,[5] а меурот е остаточна суперобвивка.[6]

Сончевиот Систем веќе 5-10 милиони години патува низ подрачјето сега заземено од Месниот Меур.[7] Сега се наоѓа во Месниот Меѓуѕвезден Облак (ММО), помало подрачје од погуст материјал во меурот. ММО настанал онаму кајшто се сретнале Месниот Меур и меурот Јамка I. Гасот во ММО има густина од приближно 0,3 атоми/см3.

Месниот Меур нема топчест облик, туку се стеснува во галактичката рамнина и станува јајцевиден ил елиптичен, проширувајќи се над или под рамнината како песочен часовник. Се граничи со други меури од помалку густа меѓуѕвездена средина, особено меурот Јамка I. Овој меур е исчистен загреан и одржуван од супернови и ѕвездени ветришта во здружението Скорпија-Кентаур, на далечина од 500 светлосни години од Сонцето. Меурот Јамка I ја содржи ѕвездата Антарес (Алфа Скорпија, α Sco). НЕколку тунели ги поврзуваат шуплините на месниот меур со меурот Јамка I, наречен „Волков Тунел“.[8] Other bubbles which are adjacent to the Local Bubble аре меурите Јамка II и Јамка III. Во 2019 г. истражувачите на Антарктикот нашле меѓуѕвездено железо кое го ставаат во врска со Месниот Меѓуѕвезден Облак, кој може да е поврзан со образувањето на Месниот Меур.[9]

Набљудување

[уреди | уреди извор]

Од февруари 2003 до април 2008 г. вршено е испитување на врелиот гас во Месниот Меур од малата вселенска опсерваторија CHIPS на основа на плазмена спектрометрија.[10] Месниот Меур е изучуван и од мисијата EUVE (1992–2001), кој ги испитувал врелите ултравиолетови извори во него. Најдени се извори надвор од работ на меурот, но тие се послаби заради погустата меѓуѕвездена средина. Во 2019 г. е изработена првата тридимензионална карта на Месниот Меур споерд набљудувања на расеани меѓуѕвездени појаси.[11]

Влијане врз ѕвездообразбата

[уреди | уреди извор]

Во јануари 2022 г. по пат на набљудување и моделирање е утврдено дека ширењето на меурот предизвикало насобирање на гас и отпад, и дека ова дејство е одговорно за образувањето на сите млади околни ѕвезди.[12]

Овие млади ѕвезди обично се наоѓаат во молекуларни облаци како Биковиот и расеаното ѕвездено јато Плејади.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Egger, Roland J.; Aschenbach, Bernd (февруари 1995). „Interaction of the Loop I supershell with the Local Hot Bubble“. Astronomy and Astrophysics. 294 (2): L25–L28. arXiv:astro-ph/9412086. Bibcode:1995A&A...294L..25E.
  2. „NAME Local Bubble“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
  3. Abt, Helmut A. (декември 2015). „Hot gaseous stellar disks avoid regions of low interstellar densities“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 127 (958): 1218–1225. Bibcode:2015PASP..127.1218A. doi:10.1086/684436.
  4. „Our local galactic neighborhood“. Interstellar.jpl.nasa.gov. National Aeronautics and Space Administration (NASA). 8 февруари 2000. Архивирано од изворникот на 21 ноември 2013. Посетено на 23 јули 2013.
  5. Berghoefer, T.W.; Breitschwerdt, D. (2002). „The origin of the young stellar population in the solar neighborhood – a link to the formation of the Local Bubble?“. Astronomy and Astrophysics. 390 (1): 299–306. arXiv:astro-ph/0205128v2. Bibcode:2002A&A...390..299B. doi:10.1051/0004-6361:20020627. S2CID 6002327.
  6. Gabel, J.R.; Bruhweiler, F.C. (8 јануари 1998). „[51.09] Model of an expanding supershell structure in the LISM“. American Astronomical Society. Архивирано од изворникот на 15 март 2014. Посетено на 14 март 2014.
  7. „Local Chimney and Superbubbles“. Solstation.com.
  8. Lallement, R.; Welsh, B.Y.; Vergely, J.L.; Crifo, F.; Sfeir, D. (2003). „3D mapping of the dense interstellar gas around the Local Bubble“. Astronomy and Astrophysics. 411 (3): 447–464. Bibcode:2003A&A...411..447L. doi:10.1051/0004-6361:20031214.
  9. Koll, D.; и др. (2019). „Interstellar 60Fe in Antarctica“. Physical Review Letters. 123 (7): 072701. Bibcode:2019PhRvL.123g2701K. doi:10.1103/PhysRevLett.123.072701. PMID 31491090. S2CID 201868513.
  10. „Cosmic Hot Interstellar Plasma Spectrometer (CHIPS)“. Chips.ssl.berkeley.edu. University of California – Berkeley. 2003-01-12. Архивирано од изворникот на 21 ноември 2013. Посетено на 23 јули 2013.
  11. Farhang, Amin; van Loon, Jacco Th.; Khosroshahi, Habib G.; Javadi, Atefeh; Bailey, Mandy (8 јули 2019). „3D map of the local bubble“. Nature Astronomy (letter). 3: 922–927. arXiv:1907.07429. doi:10.1038/s41550-019-0814-z. S2CID 197402894.
  12. „Star Formation near the Sun is driven by expansion of the Local Bubble“. The Local Bubble. Посетено на 7 февруари 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]