Прејди на содржината

Listeria

Од Википедија — слободната енциклопедија

Listeria е род на стапчести, Грам-позитивни, факултативно анаеробни бактерии кои не формираат ендоспори.[1] Родот е наречен според британскиот хирург Џозеф Листер. До 1992 година беа познати десет припадници на овој род,[2] а до 2014 година беа откриени уште пет нови видови.[3] Главниот човечки патоген е видот L. monocytogenes. Оваа бактерија е причинител на релативно ретката бактериска болест наречена листериоза, која се добива со конзумирање на храна контаминирана со бактеријата.[4]

  1. Singleton P (1999). Bacteria in Biology, Biotechnology and Medicine. Wiley. стр. 444–454. ISBN 0-471-98880-4.
  2. Boerlin; и др. (1992). „"Listeria ivanovii" subsp. "londoniensis" subsp. nov“. INTERNATIONAL JOURNAL OF SYSTEMATIC BACTERIOLOGY. 42: 69–73.
  3. „Five new Listeria species found; may improve tests | Cornell Chronicle“. news.cornell.edu (англиски). Посетено на 2018-02-07.
  4. Ramaswamy, Vidhya; Cresence, Vincent Mary; Rejitha, Jayan S.; Lekshmi, Mohandas Usha; Dharsana, K. S.; Prasad, Suryaprasad Priya; Vijila, Helan Mary (February 2007). „Listeria--review of epidemiology and pathogenesis“. Journal of Microbiology, Immunology, and Infection = Wei Mian Yu Gan Ran Za Zhi. 40 (1): 4–13. ISSN 1684-1182. PMID 17332901.