23 февруари
Изглед
<< | февруари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | ||
2024 |
23 февруари — 54-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 311 денови до крајот на годината (312 во престапна).
Настани:
303 | Царот Диоклецијан наредил да се урне новоизградената црква во Никомедија, а следниот ден наредил да се уништат сите христјански храмови и списи во Римското Царство. |
1905 | Американскиот адвокат Пол Перси Харис во Чикаго го основа Ротари клубот. |
1919 | Бенито Мусолини ја формира Фашистичката партија на Италија. |
1933 | Јапонија ја почна окупацијата на Кина, северно од големиот кинески ѕид. |
1941 | Откриен е плутониумот. |
1945 | Втора светска војна: Американските трупи го зазедоа главниот град на Филипини, Манила, и им нанесоа тежок пораз на Јапонците. Генералот Макартур, кој командуваше со американската Осма армија, имаше посебни причини, за да им се одмаздува на Јапонците. Тој три години порано, се повлече пред јапонската наезда. |
1945 | Втора светска војна: Изведена е најголемата сојузничка воздушна офанзива. Околу шест илјади авиони нападнаа многу сообраќајни центри во Германија, од Хамбург и Хановер на запад до Берлин и Лајпциг на север. Притоа, на простор од околу 80.000 км. беа исфлени 14.000 бомби од по 250 килограми. |
1947 | Во Женева основана е Меѓународната организација за стандардизација (ISO). |
1967 | Основана е Македонската Академија на Науките и Уметностите. |
1970 | Британска Гвајана стекна независност. |
1994 | На падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем „Попова Шапка“. |
1998 | Шефовите на дипломатиите на Европската унија ја укинаа забраната за официјални контакти со Иран на високо ниво. |
Родени:
1417 | Павле II — римски папа. |
1685 | Георг Фридрих Хендл — германскo-англиски композитор. |
1864 | Крсте Златарев — бугарски генерал. |
1867 | Александар Протогеров — бугарски генерал. |
1868 | В.Е.Б. Дибаа — американски борец за човекови права. |
1879 | Казимир Малевич — руски и советски сликар. |
1883 | Карл Јасперс — германски филозоф. |
1889 | Виктор Флеминг — американски филмски режисер. |
1940 | Питер Фонда — американски глумец. |
1944 | Џони Винтер — американски музичар. |
1954 | Виктор Јушченко — претседател на Украина. |
1958 | Дејвид Силвиен — англиски музичар. |
1961 | Ивица Вдовиќ — југословенски рок-музичар. |
1964 | Зоран Русоманов — македонски одбојкар. |
1988 | Михал Кубијак — полски одбојкар. |
1997 | Џамал Мареј — канадски кошаркар. |
Починале:
1447 | Евгениј IV — римски папа. |
1792 | Џошуа Рејнолдс — англиски сликар. |
1824 | Блазиус Мерем — германски зоолог. |
1848 | Џон Квинси Адамс — претседател на САД. |
1934 | Едвард Елгар — англиски композитор. |
1945 | Алексеј Толстој — руски и советски писател. |
1955 | Пол Клодел — француски поет, драматург и дипломат. |
1965 | Стен Лорел — англиски глумец. |
1979 | Ќемал Ајдини — глумец во албанската драма при Театарот на народностите во Скопје. |
2000 | Стенли Метјус — англиски фудбалер. |
2006 | Телмо Зара — шпански фудбалер. |
2007 | Добрила Пуцкова — македонска глумица. |
2021 | Војкан Борисављевиќ — српски композитор. |