Прејди на содржината

Шопи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шоп од Трн, Бугарија, 1921 година

Шопи или Шопови е регионален поим[1] кој се употребува за населението кое живее на централниот дел на Балканот, а кој според нив се вика Шоплук.

Шоплукот во Бугарија, Србија и Македонија

Според српскиот географ Јован Цвииќ, Шоплук ја опфаќа цела западна Бугарија (вклучувајќи го видинскиот, софискиот и пиринскиот регион), потоа источниот и североисточниот дел на Македонија, дел од југоисточна Србија и многу мал дел од денешна Грција.

Населението во Шоплукот

[уреди | уреди извор]

Овој планински предел денес е населен со луѓе со различна самосвест, главно со етнички Бугари, и помалку Македонци или Срби. Населението на Шоплукот Цвијиќ го поделил на три целини, првата со етничките Срби, втората со мешовита популација и третата целина — поблиска до Бугарите.[2] Во српскиот Шоплук, како и во дел од бугарскиот и македонскиот, населението зборува на торлачки говор кој е дел од македонскиот, српскиот и бугарскиот јазик.

Шопите во Македонија

[уреди | уреди извор]

Шопската јужнословенска етничка заедница се поврзува со територијата на централниот дел на Балканскиот Полуостров. На територијата на Република Македонија како шопски се означени пределите: Козјачија, селата на јужните падини на планината Козјак, североисточно од Куманово, Средорек, помеѓу Пчиња и Крива Река, Кратовско, околината на градот Кратово, Кривопаланечко, во горниот тек на Крива Река, Осоговија, високиот јужен планински дел Осоговските Планини, Пијанец и Малешево, во горниот тек на реката Брегалница. Како мали групации на населби со шопско население се Радовишки Шоплук, на високите јужни делови на Плачковица и Брдија, на јужните делови на Огражден; во Злетовско, во населбите на повисокиот дел од сливот на Злетовска Река. источниот дел од Струмичко Поле (Ново Село, Ново Коњарево), на падините на планината Огражден се наоѓаат неколку шопски села: Бадилен, Барбарево, Бајково и Стиник, чие население мигрирало од Малешево.

Поголемиот дел од кратовските села се населени со шопско население, особено планинските села од Осоговските Планини, а како гранични села во овој дел се сметаат Близанци, Талашманце, Тополовиќ, Вак'в, Шопско Рударе и Коњух, каде се издвојуваат последните три како посебна целина, Криворечие – како потпределска етничка целина со селата: Страцин, Тополовиќ, Вак'в, Коњух, Пендак, Димонце и Шопско Рударе.

Во Средорек, во текот на левата страна на реката Пчиња кои во XIX век се вбројувале во шопски села, тие по своите културни одлики се приближиле кон полските села: Војник, Стрезовце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце, Мургаш, Кутлибег, Новосељане, Скачковце, Орашац и Зубовце. Во Козјачијата од левата страна на реката Пчиња се Клечевце, Младо Нагоричане и Старо Нагоричане. Во Кумановско Поле се: Косматац, Скачковце и Новосељане. Исто така и јужните делови на Овче Поле: Горобинци, Дорфулија, Ерџелија, Мустафино, Пеширово.[3]

Спорност

[уреди | уреди извор]

Републичкиот завод за статистика на Србија на пописот во 2011 година ги прикажа Шопите како посебна статистичка категорија во рубриката „национална припадност“[4] и врз таа основа се изјасниле 142 жители.[5]

Шопска салата

[уреди | уреди извор]

Прочуената шопска салата потекнува од босилеградскиот регион.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Dnevni list Danas | Periskop | Orata, kopata, daj mi čiča momata
  2. http://books.google.rs/books?id=-ebpDLhkVWcC&pg=PA75&hl=en
  3. Петар Намичев. Народното градителство на шопската етничка заедница во Источна Македонија. Скопје, 2005
  4. (резултати пописа 2011. године - страна 12)
  5. „Попис становништва, домаћинстава и станова 2011. у Републици Србији: Становништво према националној припадности - „Остали" етничке заједнице са мање од 2000 припадника и двојако изјашњени“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-04-17. Посетено на 2016-02-03.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]