Прејди на содржината

Шопска салата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шопска салата
Македонска шопска салата
Дел од оброкотпредјадење
РегионБалкан
Главни состојкидомат, краставица, кромид, пипер, сирење
Шопската салата е една од најомилените македонски салати

Шопска салата — едно од македонските традиционални предјадења, а освен тоа карактеристична е и за Бугарија и Србија. За потекло на оваа салата се зема регионот околу Шоплук препознатлив по доброто сирење што жителите го користеле во најразлични јадења.[1]

Состојки

[уреди | уреди извор]

Во прилог се прикажани основните состојки за една голема чинија од оваа салата. Количината на салатата се менува во зависност од потребите.

Начин на приготвување

[уреди | уреди извор]

Доматите и излупените краставици исечете ги на коцки, а кромидот исечкајте го ситно. Посолете ги, налејте ги со масло и лесно измешајте. Одозгора ставете ја ситно сечканата лута пиперка и нарендајте го сирењето.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Рецепт за шопска салата“. Сè за храна. 2015-02-23. Посетено на 2020-01-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]