Хлотар I
Хлотар I[1] (c. 497 – 29 ноември 561), наречен Стариот (le Vieux), Крал на Франките, бил еден од четирите синови на Хлодовик. Се родил околу 497, во Соасон (денешен Ен, во Пикардија, Франција).
Живот
[уреди | уреди извор]По смртта на неговиот татко во 511, тој како дел од кралството го добил градот Соасон, кој го направил своја престолнина; градовите Лан, Ноајон, Камбре, и Мастрихт; и долниот тек на реката Меза. Но бил многу амбициозен и сакал да го прошири своето кралство.
Тој го побарал убиството на децата на неговиот брат Хлодомер во 524, за да го прошири кралството кон градовите Тур и Поатје. Водел разни воени походи против Бургундија и после уништувањето на тоа кралство во 534, го добил Гренобл, Ди, и некои други соседни градови.
Кога Остроготите ја отстапиле Прованса на Франките, тој ги добил градовите Оранж, Карпантрас, и Гап. Во 531, тргнал во војна против Турингите со својот внук Теодеберт I а во 542, со неговиот брат Хилдеберт I против Визиготите од Шпанија. По смртта на неговиот правнук Теодебалд во 555, Хлотар ги припоил неговите територии кон своите. По смртта на Хилдеберт во 558 тој станал единствен крал на сите Франки.
Тој исто така владеел и со поголем дел од Германија, имал воени походи во Саксонија, а Саксоните требале да му плаќаат одредено време годишен данок од 500 крави. Кралот на неговото владеење е одбележано со внатрешен раскол. Имено, неговиот син Храмн дигал бунт против него на неколку наврати. По бегството на Храмн во Бретања, Хлотар го фатил, го затворил заедно со жената и децата во некоја кочија којашто ја запалил. Паднат во очај поради таквата постапка, отишол во Тур да бара прошка на гробот на Св. Мартин, и набрзо потоа починал во кралската палата во Компиењ.
Семејство
[уреди | уреди извор]Првиот брак на Хлотар бил со Гунтеука, вдовицата на неговиот брат Хлодомер, некаде околу 524. Тие немале деца. Неговиот втор брак, кој се случил околу 532, бил со Радегунда, ќерка на Бертакар, Крал на Турингија, којшто тој и брат му Теодорих го поразиле. Таа подоцна била канонизирана. Тие исто така немале деца. Неговиот трет и најуспешен брак бил со Ингунда, со која имал 4 сина и 2 ќерки:
- Гунтар
- Хилдерик
- Хариберт, крал на Париз
- Гунтрам, Крал на Бургундија
- Сигеберт, Крал на Австразија
- Клотсинда, која се омажила со Албоин, крал на Ломбардите
Неговиот следен брак бил со сестрата на Ингунда, Арегунда, со која имал син, Хилперик, Крал на Соасон. Неговата последна жена била Хунзина (или Хунзине), со која имал еден син, Храмн, кој станал непријател на татко му но кој починал пред него. Се верува дека Хлотар се оженил исто така и со Валдрада која потоа ја оставил.
Предци
[уреди | уреди извор]16. Хлодион (претпоставено) | |||||||||||||||||||
8. Меровех (претпоставено) | |||||||||||||||||||
4. Хилдерик I | |||||||||||||||||||
2. Хлодовик I | |||||||||||||||||||
10. Базин, Крал на Турунгите | |||||||||||||||||||
5. Базина од Турингија | |||||||||||||||||||
11. Базина, саксонска принцеза | |||||||||||||||||||
1. Хлотар I | |||||||||||||||||||
24. Гундахар, крал на Бургундите | |||||||||||||||||||
12. Гондиок, крал на Бургундите | |||||||||||||||||||
6. Хилперик II, крал на Бургундите | |||||||||||||||||||
26. Рехила, суевски крал на Галија | |||||||||||||||||||
13. Сестрата на Рицимер (претпоставено) | |||||||||||||||||||
3. Клотилда Бургундска | |||||||||||||||||||
7. Непознато | |||||||||||||||||||
Понатамошни четива
[уреди | уреди извор]„Хлотар I“ на Ризницата ? |
- Bachrach, Bernard S. (1972). Merovingian Military Organization, 481–751. Minneapolis: University of Minnesota Press, ISBN 0-81660-621-8.
- Geary, Patrick J. (1988). Before France and Germany: The Creation and Transformation of the Merovingian World. Oxford: Oxford University Press, ISBN 0-19504-458-4.
- James, Edward (1991). The Franks. London: Blackwell, ISBN 0-63114-872-8.
- Oman, Charles (1914). The Dark Ages, 476–918. London: Rivingtons.
- Wallace-Hadrill, J. M. (1962). The Long-Haired Kings, and Other Studies in Frankish History. London: Methuen.
- Wood, Ian N. (1994). The Merovingian Kingdoms, 450–751. London: Longman, ISBN 0-58221-878-0.
Белешки
[уреди | уреди извор]Хлотар I Роден(а): 497 Починал(а): 561
| ||
Претходник Хлодовик I |
Крал на Соасон 511–558 |
Наследник Хилперик I |
Претходник Хлодомер |
крал на Орлеан 524–558 |
Наследник Гунтрам |
Претходник Теудебалд |
Крал на Ремс 555–558 |
Наследник Сигеберт I преселен во Мец |
Претходник Хилдеберт I |
Крал на Париз 558 |
Наследник Хариберт I |
Незаземено Последен владетел Хлодовик I
|
Крал на Франките 558–561 |
Незаземено Следен носител на титулата Хлотар II
|
|
|