Хантсвил (англиски: Huntsville) е град во Алабама, САД, административен центар на округот Медисон. Основан е во 1805 и го носи името на првиот населник Џон Хант. Во Хантсвил се наоѓа Центарот за вселенски летови „Џорџ Маршал“, првата истражувачка база на НАСА. Населението на градот изнесува околу 166,000 жители (2005).