Вернер фон Браун
Вернер фон Браун | |
---|---|
Вернер фон Браун | |
Роден(а) | 23 март Вижиск, Познањ, Германско Царство денес Полска) |
Починал(а) | јуни 16, 1977 Александрија, САД | (возр. 65)
Причина за смрт | Рак на панкреасот |
Почивалиште | Александрија, САД |
Националност | Германско, Американско |
Алма матер | Технички универзитет во Берлин, ЕТХ Цирих |
Занимање | Ракетен инженер и дизајнер |
Сопружник | Марија Луис фон Квистроп (1947-1977) |
Деца | Ајрис Карин фон Браун Маргрит Сесил фон Браун Питер Константин фон Браун |
Родители | Магнус фон Браун (постариот) (1877–1972) Еми фон Квистроп (1886–1959) |
Вернер Магнус Максимилијан Фрајер фон Браун (германски: Wernher Magnus Maximilian Freiherr von Braun; 23 март 1912- 16 јуни 1977) ― германски, подоцна натурализиран американски, инженер за воздухопловство[1] и вселенски архитект. Бил член на Нацистичката партија и Алгемајне СС, а исто така и еден од најистакнатите научници кои придонеле во развојот на ракетната технологија во нацистичка Германија. Подоцна бил пионер на ракетната и вселенската технологија во САД.[2]
Роден е во Вижиск, Полска, тогаш во покраината Познањ (Позен) на Германското Царство. Уште од детството фасциниран од вселенските летови, фон Браун се зачленил во германското вселенско друштво VfR како адолесцент. Помогнал во дизајнирањето и развивањето на ракетата V-2 во Пенеминде за време на Втората светска војна. V-2 станал прв вештачки објект лансиран во вселената на 20 јуни 1944 година. По војната, заедно со околу 1.600 други германски научници, инженери и техничари бил тајно преместен во САД, како дел од операцијата Спојувалка.[3] Работел за Армијата на Соединетите Американски Држави на програма за балистички ракети со среден дострел и ги развил ракетите што го лансирале првиот американски вселенски сателит Eксплорер 1 во 1958 година. Од 1955 до 1957 година, работел со Волт Дизни на низа филмови, кои во САД и пошироко ја популаризирале идејата за човечко вселенско патување.[4]
Во 1960 година, неговата група била приклучена кон НАСА, каде што бил директор на новоформираниот Маршалов центар за вселенски летови и главен архитект на лансирната машина Сатурн V која го исфрлила вселенското летало Аполо кон Месечината.[5] [6] Во 1967 година, Вернер фон Браун бил примен во американската Национална академија за инженерство, а во 1975 година го добил Националниот медал за наука.
Вернер фон Браун бил многу контроверзна личност. Има широко прифатено мислење дека не одговарал за неговите нацистички воени злосторства затоа што на Американците им било поважно да ги победат Советите во Студената војна.[7] [8] [9] Исто така, тој се смета за: „татко на вселенското патување“,[10] „татко на ракетната наука“[11] и „татко на американската лунарна програма“. [7] Се залагал за човечка мисија на Марс.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Dr. Wernher von Braun Архивирано на 4 ноември 2010 г. – At the Redstone Arsenal Historical Information pages
- Wernher Von Braun – A Register of His Papers in the Library of Congress
- Wernher von Braun на Find a Grave (англиски) - Photos of Wernher von Braun's gravesite
- The capture of von Braun and his men Архивирано на 28 април 2015 г. – At the U.S. 44th Infantry Division website
- Dark Side of the Moon: Wernher von Braun, the Third Reich, and the Space Race – review of biography
- Wernher von Braun page Архивирано на 12 август 2013 г. – Marshall Space Flight Center (MSFC) History Office
- "The Disney - von Braun Collaboration and its Influence on Space Exploration" Архивирано на 8 ноември 2017 г. – by Mike Wright, MSFC
- Coat-of-arms of Dr. Wernher von Braun
- Remembering Von Braun – by Anthony Young - The Space Review Monday, July 10, 2006
- The Mittelbau-Dora Concentration Camp Memorial Архивирано на 29 септември 2011 г.
- "The old dreams, and the modern reality." Архивирано на 16 февруари 2013 г. Wernher von Braun interviewed by Jules Bergman circa 1969.
- Article on von Braun, Huntsville, and German rocket scientists
- Audio commentary by Wernher von Braun about Flight Captain Erich Warsitz (world’s first jet pilot), Museum of Transport - Switzerland, “Planetarium”, August 30, 1971
- V2rocket.com
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Neufeld, Michael. Von Braun: Dreamer of Space, Engineer of War (First. изд.). Vintage Books. стр. xv.
Although Wernher von Braun got a doctorate in physics in 1934, he never worked a day in his life thereafter as a scientist. He was an engineer and a manager of engineers, and he used that vocabulary when he was talking to his professional peers.
- ↑ Teitel, Amy Shira. „Wernher von Braun: History's most controversial figure?“. aljazeera.com.
- ↑ Neufeld, Michael J. (20 May 2019). „Wernher von Braun and the Nazis“. American Experience: Chasing the Moon. PBS. Посетено на 24 July 2019.
- ↑ Wright, Mike (18 February 2016). Harbaugh, Jennifer (уред.). „The Disney-Von Braun Collaboration and Its Influence on Space Exploration“. NASA. Архивирано од изворникот на 2 November 2022. Посетено на 10 January 2022.
- ↑ „SP-4206 Stages to Saturn, Chapter 9“. history.nasa.gov. Посетено на 8 March 2015.
- ↑ „Biography of Wernher Von Braun“. MSFC History Office. NASA Marshall Space Flight Center. Архивирано од изворникот на 11 June 2002.
- ↑ 7,0 7,1 Празен навод (help)
- ↑ Neufeld, Michael J. (2002). „Wernher von Braun, the SS, and Concentration Camp Labor: Questions of Moral, Political, and Criminal Responsibility“. German Studies Review. 25 (1): 57–78. doi:10.2307/1433245. JSTOR 1433245 – преку JSTOR.
- ↑ Teitel, Amy Shira. „Wernher von Braun: History's most controversial figure?“. aljazeera.com.
- ↑ „von Braun, Wernher: National Aviation Hall of Fame“. Nationalaviation.org. Архивирано од изворникот на 26 October 2020. Посетено на 2022-02-16.
- ↑ „A Guide to Wernher von Braun's Life“. Apollo11space.com. December 2019. Посетено на 2022-02-16.
Оваа личност од САД статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
- Родени во 1912 година
- Починати во 1977 година
- Никулци за Американци
- Германски пронаоѓачи
- Германски физичари
- Носители на Националниот научен медал
- Апсолвенти на Техничкиот универзитет во Берлин
- Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет
- Апсолвенти на Швајцарскиот федерален технолошки институт во Цирих
- Германски авиоконструктори
- Американски авиоконструктори
- Заповедници на Орденот за заслуги за СР Германија
- Аполо (вселенска програма)