Прејди на содржината

Ур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Царството на третата династија на Ур

Ур — еден од најдревните градови во Месопотамија, сместен на реката Еуфрат, недалеку од Персискиот Залив. При основањето на градот, во околу 3000 п.н.е. градот се наоѓал на самиот морски брег, но поради повлекувањето на Персискиот Залив, сега се наоѓа во внатрешноста на континентот, блиску до градот Насирија, во денешен Ирак. Својот најголем подем го достигнува во текот на околу 2000 п.н.е. кога според некои оценки бил најголемиот град на Земјата, со население од 65.000 граѓани.