Прејди на содржината

Сариѓол

Координати: 41°38′57″N 22°33′28″E / 41.64917° СГШ; 22.55778° ИГД / 41.64917; 22.55778
Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
За истоимената област во Егејска Македонија, погл. Сариѓол (област).
Сариѓол
Сариѓол во рамките на Македонија
Сариѓол
Местоположба на Сариѓол во Македонија
Сариѓол на карта

Карта

Координати 41°38′57″N 22°33′28″E / 41.64917° СГШ; 22.55778° ИГД / 41.64917; 22.55778
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 032
Шифра на КО
Надм. вис. 637 м
Сариѓол на општинската карта

Атарот на Сариѓол во рамките на општината
Сариѓол на Ризницата

Сариѓол — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на југозпадната падина на Плачковица, оддалечено 11 километри источно од Радовиш. Атарот зафаќа површина од 6 км2[3] Источно од селото тече реката Сирава, која се влева во Плавија (Плаваја) на јужниот крај од атарот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Сариѓол било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Сари Ѓол имал 75 жители, сите Турци.[4]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Сари ѓол живееле 124 Турци.[5]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948134—    
1953150+11.9%
19610−100.0%
197100.00%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[6]

Во првите децении на XX век населението на Сариѓол значително нараснало, што се гледа од податокот на Гаџанов, како и од првите два пописа по Втората светска војна. Ова се променило во 1950-тите кога целото село е испразнето, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 75 134 150 0 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 265. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]