Расел Алан Халс
Расел Алан Халс | |
---|---|
Роден(а) | 28 ноември 1950 Њујорк, Њујорк |
Националност | САД |
Установи | Тексашки универзитет Плазмена физичка лаборторија Принстон NRAO |
Образование | Масачусетски универзитет |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1993) |
Расел Алан Халс (англиски: Russell Alan Hulse; 28 ноември 1950) — американски физичар и добитник на Нобелова награда за физика, која ја поделил со неговиот ментор Џозеф Хутон Тејлор, „за откривањето на новиот тип на пулсар, откритие кое отворило многу нови можности за проучување на гравитацијата“. Тој бил специјалист за изучување на пулсарот и гравитациские бранови.
Животопис
[уреди | уреди извор]Халс е роден во Њујорк и се образувал во месното училиште во Бронкс пред да се запише на Масачусетскиот универзитет, тој докторирал физика во 1975 година.
Таму тој работел со Тејлор во огромана потрага на пулсари користејќи ја опсерватеоријата Аресибо во Порторико. Токму оваа работа довела до откривањето на првиот двоен пулсар.
Во 1974 година, Халс и Тејлор го отркриле двојниот пулсар PSR B1913+16, кој е составен од пулсар и црна придружничка ѕвезда. Вртењето на неутронската ѕвезда оддава импулси кои се екстремно вообичаени и стабилни во областа на рафиобрановите и е скоро кондензирано материјално тело (не е видливо во видливата светлина). Халс, Тејлор, и останатите колеги го искористиле овој први двоен пулсар за да се извршат високо прецизни тестови од областа на општата релативност, покажувајќи го постоењето на гравитациското зрачење. Апроксимација за оваа зрачна енергија е опишасна со равенката за квадриполно зрачење од Алберт Ајнштајн (1918).
Во 1979 година, истражувачите објавиле мерења на ефектот на малите забрзувања од орбиталните движења на пулсарот. Ова бил почетен доказ дека системот од овие две маси во движење оддава гравитациски бранови.
Подоцнежни години
[уреди | уреди извор]По стекнувањето на докторатот, Халс извршил подокторски труд на Националната радиоастрономска опсерваторија во Грин Банк, Западна Вирџинија. Тој се вработил на Принстон, каде работел многу години во Плазмената физичка лаборторија Принстон. Тој исто така работел на научното образование, и во 2003 година се придружил на Тексашкиот универзитет како привремен професор по физика, математика, наука и образование.
Во 1993 година, Халс и Тејлор ја поделиле Нобеловата награда за физика за откривањето на првиот двоен пулсар.
Халс бил избран за член на Американската асоцијација за напредок на науката во 2003 година, и е наведен во Американски мажи и жени во науката.
Во 2004 година, Халс се вработил на Тексашкиот универзитет и станал основачки директор на Научниот и инженерски образован центар при Таксашкиот универзитет (SEEC).[1]
Во јули 2007 година Халс се придружил на советодавниот одбор на Аурора имиџинг технолоџи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Russell A. Hulse - Endowed Professorships and Chairs - The University of Texas at Dallas“. The University of Texas at Dallas. Архивирано од изворникот на 2014-03-16. Посетено на 2015-03-30.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Photograph, Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- Hulse, Russell A., "Autobiography". Les Prix Nobel 1993. (April 27, 2004; Nobel Foundation)
|