Прејди на содржината

Органџали

Координати: 41°17′47″N 22°42′15″E / 41.29639° СГШ; 22.70417° ИГД / 41.29639; 22.70417
Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Органџали

Воздушен поглед на селото Органџали

Органџали во рамките на Македонија
Органџали
Местоположба на Органџали во Македонија
Органџали на карта

Карта

Координати 41°17′47″N 22°42′15″E / 41.29639° СГШ; 22.70417° ИГД / 41.29639; 22.70417
Регион  Југоисточен
Општина  Дојран
Област Беласица
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2461
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06020
Надм. вис. 340 м
Органџали на општинската карта

Атарот на Органџали во рамките на општината
Органџали на Ризницата

Органџали — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Воздушен поглед на селото

Селото се наоѓа на крајниот северен дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар нашироко се допира со територијата на Општина Валандово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 340 метри.[2] Оддалечено е 13 километри источно од градот Валандово и 32 километри северно од општинскиот центар Стар Дојран.

Селото се наоѓа во ридски предел на планината Боска.

До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот пат кој води до валандовските села Башибос и Бајрамбос, кој пак се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 9,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 633 хектари, на пасиштата отпаѓаат 164 хектари, додека на обработливите површини 123 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948230—    
1953216−6.1%
1961171−20.8%
197111−93.6%
198112+9.1%
ГодинаНас.±%
199121+75.0%
199422+4.8%
200221−4.5%
20210−100.0%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 76 домаќинства со 184 жители муслимани.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Органџали живееле 420 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 100 Турци.[5]

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 171 жител, а во 1994 година само 22 жители. И во двете пописни години, во Органџали живеело само турско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Органџали имало 21 жител, сите Турци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 420 230 216 171 11 12 21 22 21 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Органџали било чисто турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Органџали се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Башибос, во која влегувале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0381 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Куртамзали. Во избирачкото место се опфатени населените места: Дурутли, Куртамзали, Органџали и Севендекли.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[13]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 221.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 април 2024.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 јануари 2020.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 8 јануари 2020.
  13. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 29 април 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]