Прејди на содржината

Нуно Гомеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нуно Гомеш
Лични податоци
Роден на 5 јули 1976(1976-07-05)(48 г.)
Роден во Амаранте, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2 април 2014 (37 години)
Младинска кариера
Боавишта Боавишта
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994-1997 Боавишта Боавишта 79 (23)
1997-2000 Бенфика Бенфика 101 (60)
2000-2002 Фјорентина Фјорентина 53 (14)
2002-2011 Бенфика Бенфика 189 (66)
2011-2012 Брага Брага 20 (6)
2012-2013 Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 18 (4)
Репрезентација
1995-2011 Португалија Португалија 79 (29)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Нуно Мигел Соареш Переира Рибеиро познат како Нуно Гомеш, (роден на 5 јули 1976, во Амаранте), е поранешен португалски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач. Тој во моментов работи како асистент во меѓународниот сектор во екипата на Бенфика.[1]

Неговиот прекар Гомеш го добил во младоста, по португалскиот напаѓач, Фернандо Гомеш.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Нуно Гомеш го направил своето професионално деби со Боавишта во сезоната 1994-95. Во сезоната 1996-97, тој постигнал 15 гола во лигата: а благодарение на голот во финалето на Купот на Португалија при победата над Бенфика, заработил трансфер во Бенфика, најтрофејниот португалски клуб. После 101 натпревар и 60 гола со орлите од Лисабон, но и неговите настапи за репрезентацијата на Евро 2000 драстично се зголемила неговата вредност на трансфер-пазарот.

Во летото 2000 година Нуно Гомеш го завршил својот трансфер во италијанската Фјорентина, кои платиле 17 милиони евра за тогаш дваесет и четири годишниот напаѓач. Веќе во првата сезона со виола го освоил италијанскиот куп и загубил во Суперкупот на Италија освоен од Рома, пред клубот да банкротира, принудувајќи го Нуно Гомеш, стрелецот на 20 гола за двете последни сезони (14 во лигата), да се врати во Португалија.

Во јануари 2002 година, заедно со Марко Роси, го раскинал договорот со Фјорентина, поради неплаќање на бонус премија од натпревар во вредност од 25.000 €. Гестот, со кој само формално го известил клубот, бил сметан за кршење на пактот за почит од страна на неговите соиграчи[2] како и предавство кон навивачите на Фјорентина. Така, во текот на летото на 2002 година, тој се вратил во Бенфика, каде потоа станал капитен. Го зел дресот со број 21., кој го носел и во Фјорентина.

Нуни Гомеш во дресот на Бенфика во септември 2007 година

Серија од досадни повреди го ограничиле Гомеш да одигра помалку од 70 натпревари од 2002 до 2005 година,[3][4] но и покрај тоа тој и помогнал на Бенфика да го освои домашниот куп во сезоната 2003-04 и лигата следната сезона - во вториот случај, придонел со седум гола во 23 настапи. Во сезоната 2005-06 уживал во неговата најдобра сезона по враќањето во Португалија, постигнувајќи 15 првенствени гола, вклучувајќи ги и двата во гостинската победа против Порто (0-2)[5] како и хет-трикот против Леирија, заземајќи го второто место на списокот на стрелците и освојувајќи го Суперкупот на Португалија, каде тој го постигнал единствениот гол на натпреварот против Виторија Сетубал.[6]

На 15 јуни 2011 објавил дека нема намера да го обнови договорот кој му истекувал, со што по 12 години ја напуштил Бенфика.[7] На 1 јули, како слободен играч потпишал едно-годишен договор со екипата на Брага. На 3 јули 2012, потпишал двегодишен договор со англискиот второлигаш Блекбурн Роверс.[8] На 28 јуни 2013 го раскинал договорот со Роверс. На 2 април 2014 ја завршил својата играчка кариера и истиот ден влегол во раководството на Бенфика, во улога на асистент на меѓународниот сектор.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Тој има 79 настапи и 29 гола за репрезентацијата, и е петти по бројот на постигнати голови за португалската репрезентација зад Кристијано Роналдо (99), Паулета (47 гола), Еузебио (41) и Луис Фиго (32). Сите играчи кои го претходат (освен Кристијано Роналдо) ја имаат завршено репрезентативната кариера.

На Европското првенство 2000 постигнал четири гола, помагајќи и на Португалија да стигне до полуфиналето. Исто така тој бил трет стрелец на турнирот зад Патрик Клајвeрт и Саво Милошевиќ, кој постигнале по 5.

На Европското првенство 2008, тој бил капитен на репрезентацијата, постигнувајќи еден гол за моментални 1-2 против Германија, со што успеал да постигне гол на три европски првенства.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
24-1-1996 Париз Франција Франција 3 – 2 Португалија Португалија Пријателска -
19-2-1997 Атина Грција Грција 0 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
7-6-1997 Порто Португалија Португалија 2 – 0 Албанија Албанија Квал. за СП 1998 -
19-8-1998 Понта Делгада Португалија Португалија 2 – 1 Мозамбик Мозамбик Пријателска -
10-10-1998 Порто Португалија Португалија 0 – 1 Романија Романија Квал. за Евро 2000 -
10-2-1999 Амстердам Холандија Холандија 0 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
31-3-1999 Вадуц Лихтенштајн Лихтенштајн 0 – 5 Португалија Португалија Квал. за Евро 2000 -
18-8-1999 Оеираш Португалија Португалија 4 – 0 Андора Андора Пријателска -
23-2-2000 Шарлроа Белгија Белгија 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
29-3-2000 Леирија Португалија Португалија 2 – 1 Данска Данска Пријателска -
26-4-2000 Реџо Калабрија Италија Италија 2 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
2-6-2000 Чавес Португалија Португалија 3 – 0 Велс Велс Пријателска -
12-6-2000 Ајндховен Португалија Португалија 3 – 2 Англија Англија Евро 2000 - Прва фаза 1
17-6-2000 Арнем Романија Романија 0 – 1 Португалија Португалија Евро 2000 - Прва фаза -
20-6-2000 Ротердам Португалија Португалија 3 – 0 Германија Германија Евро 2000 - Прва фаза -
24-6-2000 Амстердам Турција Турција 0 – 2 Португалија Португалија Евро 2000 - Четвртфинале 2
28-6-2000 Брисел Франција Франција 2 – 1 зг Португалија Португалија Евро 2000 - Полуфинале 1
28-2-2001 Фуншал Португалија Португалија 3 – 0 Андора Андора Квал. за СП 2002 -
28-3-2001 Porto Португалија Португалија 2 – 2 Холандија Холандија Квал. за СП 2002 -
25-4-2001 Сен Дени Франција Франција 4 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
6-6-2001 Лисабон Португалија Португалија 6 – 0 Кипар Кипар Квал. за СП 2002 -
15-8-2001 Фаро Португалија Португалија 3 – 0 Молдавија Молдавија Пријателска -
1-9-2001 Леида Андора Андора 1 – 7 Португалија Португалија Квал. за СП 2002 4
5-9-2001 Ларнака Кипар Кипар 1 – 3 Португалија Португалија Квал. за СП 2002 1
6-10-2001 Лисабон Португалија Португалија 5 – 0 Естонија Естонија Квал. за СП 2002 2
14-11-2001 Лисабон Португалија Португалија 5 – 1 Ангола Ангола Пријателска 2
13-2-2002 Барселона Шпанија Шпанија 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
27-3-2002 Порто Португалија Португалија 1 – 4 Финска Финска Пријателска -
25-5-2002 Макао Кина Кина 0 – 2 Португалија Португалија Пријателска 1
5-6-2002 Сувон САД САД 3 – 2 Португалија Португалија СП 2002 - Прва фаза -
14-6-2002 Инчеон Португалија Португалија 0 – 1 Јужна Кореја Јужна Кореја СП 2002 - Прва фаза -
7-9-2002 Бирмингем Англија Англија 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
20-11-2002 Брага Португалија Португалија 2 – 0 Шкотска Шкотска Пријателска -
2-4-2003 Лозана Португалија Португалија 1 – 0 Македонија Македонија Пријателска -
30-4-2003 Ајндоховен Холандија Холандија 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
19-11-2003 Леирија Португалија Португалија 8 – 0 Кувајт Кувајт Пријателска 3
31-3-2004 Брага Португалија Португалија 1 – 2 Италија Италија Пријателска -
28-4-2004 Коимбра Португалија Португалија 2 – 2 Шведска Шведска Пријателска 1
29-5-2004 Агуеда Португалија Португалија 3 – 0 Луксембург Луксембург Пријателска 1
5-6-2004 Сетубал Португалија Португалија 4 – 1 Литванија Литванија Пријателска 1
12-6-2004 Порто Португалија Португалија 1 – 2 Грција Грција Евро 2004 - Прва фаза -
16-6-2004 Лисабон Русија Русија 0 – 2 Португалија Португалија Евро 2004 - Прва фаза -
20-6-2004 Лисабон Шпанија Шпанија 0 – 1 Португалија Португалија Евро 2004 - Прва фаза 1
24-6-2004 Лисабон Португалија Португалија 2 – 2 прод.
(6 - 5 пен.)
Англија Англија Евро 2004 - Четвртфинале -
30-6-2004 Лисабон Португалија Португалија 2 – 1 Холандија Холандија Евро 2004 - Полуфинале -
4-7-2004 Лисабон Португалија Португалија 0 – 1 Грција Грција Евро 2004 - Финале -
13-10-2004 Лисабон Португалија Португалија 7 – 1 Русија Русија Квал. за СП 2006 -
9-2-2005 Даблин Ирска Ирска 1 – 0 Португалија Португалија Пријателска -
26-3-2005 Барселос Португалија Португалија 4 – 1 Канада Канада Пријателска 1
8-10-2005 Авеиро Португалија Португалија 2 – 1 Лихтенштајн Лихтенштајн Квал. за СП 2006 1
12-10-2005 Порто Португалија Португалија 3 – 0 Латвија Латвија Квал. за СП 2006 -
12-11-2005 Коимбра Португалија Португалија 2 – 0 Хрватска Хрватска Пријателска -
15-11-2005 Белфастѕ Северна Ирска Северна Ирска 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска -
21-6-2006 Гелзенкирхен Мексико Мексико 1 – 2 Португалија Португалија СП 2006 - Прва фаза -
8-7-2006 Штутгарт Германија Германија 3 – 1 Португалија Португалија СП 2006 - Натпревар за 3. место 1
1-9-2006 Копенхаген Данска Данска 4 – 2 Португалија Португалија Пријателска -
6-9-2006 Хелсинки Финска Финска 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 2008 1
7-10-2006 Порто Португалија Португалија 3 – 0 Азербејџан Азербејџан Квал. за Евро 2008 -
11-10-2006 Краковија Полска Полска 2 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 2008 1
15-11-2006 Коимбра Португалија Португалија 3 – 0 Казахстан Казахстан Квал. за Евро 2008 -
6-2-2007 Лондон Португалија Португалија 2 – 0 Бразил Бразил Пријателска -
24-3-2007 Лисабон Португалија Португалија 4 – 0 Белгија Белгија Квал. за Евро 2008 1
28-3-2007 Белград Србија Србија 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 2008 -
22-8-2007 Ереван Ерменија Ерменија 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 2008 -
8-9-2007 Лисабон Португалија Португалија 2 – 2 Полска Полска Квал. за Евро 2008 -
12-9-2007 Лисабон Португалија Португалија 1 – 1 Србија Србија Квал. за Евро 2008 -
21-11-2007 Порто Португалија Португалија 0 – 0 Финска Финска Квал. за Евро 2008 -
26-3-2008 Диселдорф Грција Грција 2 – 1 Португалија Португалија Пријателска 1
31-5-2008 Визеу Португалија Португалија 2 – 0 Грузија Грузија Пријателска -
7-6-2008 Женева Португалија Португалија 2 – 0 Швајцарија Швајцарија Евро 2008 - Прва фаза -
11-6-2008 Женева Чешка Чешка 1 – 3 Португалија Португалија Евро 2008 - Прва фаза -
19-6-2008 Базел Германија Германија 3 – 2 Португалија Португалија Евро 2008 - Прва фаза 1
6-9-2008 Та Кали Малта Малта 0 – 4 Португалија Португалија Квал. за СП 2010 -
10-9-2008 Лисабон Португалија Португалија 2 – 3 Данска Данска Квал. за СП 2010 -
15-10-2008 Брага Португалија Португалија 0 – 0 Албанија Албанија Квал. за СП 2010 -
5-9-2009 Копенхаген Данска Данска 1 – 1 Португалија Португалија Квал. за СП 2010 -
10-10-2009 Лисабон Португалија Португалија 3 – 0 Унгарија Унгарија Квал. за СП 2010 -
7-10-2011 Порто Португалија Португалија 5 – 3 Исланд Исланд Квал. за Евро 2012 -
11-10-2011 Копенхаген Данска Данска 2 – 1 Португалија Португалија Квал. за Евро 2012 -
Вкупно Настапи 79 Голови (5. место) 29

Статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 13 април 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1994-1995 Португалија Боавишта ПД 17 1 КП 2 0 КУ 4 1 - - - 21 2
1995-1996 ПД 28 7 КП 2 1 - - - - - - 30 8
1996-1997 ПД 34 15 КП 5 4 КУ 6 2 - - - 45 21
Вкупно Боавишта 79 23 9 5 10 3 - - 98 31
1997-1998 Португалија Бенфика ПД 33 18 КП 6 4 КУ 1 0 - - - 40 22
1998-1999 ПД 34 24 КП 2 3 ЛШ 7[9] 7[10] - - - 43 34
1999-2000 ПЛ 34 18 КП 2 1 КУ 5 1 - - - 41 20
2000-2001 Италија Фјорентина А 30 9 КИ 3 4 КУ 0 0 - - - 33 13
2001-2002 A 23 5 КИ 1 0 КУ 6 2 СИ 1 0 31 7
Вкупно Фјорентина 53 14 4 4 6 2 1 0 65 20
2002-2003 Португалија Бенфика ПЛ 27 9 КП 1 0 - - - - - - 28 9
2003-2004 ПЛ 21 7 КП 3 0 ЛШ+КУ 0+5 5 - - - 29 12
2004-2005 ПЛ 23 7 КП 5 2 КУ 6 3 - - - 34 12
2005-2006 ПЛ 29 15 КП 4 1 ЛШ 8 0 СП 1 1 43 18
2006-2007 ПЛ 23 7 КП 5 2 ЛШ+КУ 8[9]+6 3[10]+1 - - - 41 13
2007-2008 ПЛ 23 7 КП+ЛКП 5+0 2 ЛШ+КУ 7[9]+1 1+0 - - - 36 9
2008-2009 ПЛ 24 7 КП+ЛКП 1+2 0+1 КУ 6 1 - - - 34 9
2009-2010 ПЛ 13 3 КП+ЛКП 2+2 0 ЛЕ 6[11] 1[12] - - - 23 4
2010-2011 ПЛ 6 4 КП+ЛКП 1+1 0+1 ЛШ+ЛЕ 0 0 СП 0 0 8 5
Вкупно Бенфика 290 126 42 17 68 23 1 1 401 167
2011-2012 Португалија Брага ПЛ 20 5 КП+ЛКП 2+2 0 ЛЕ 5[11] 1 - - - 29 6
2012-2013 Англија Блекбурн Роверс ЧЛ 18 4 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 20 4
Вкупно кариера 460 172 61 26 89 29 2 1 612 228

Португалија Боавишта

[уреди | уреди извор]
1996-1997.
2004-2005, 2009-2010.
2003-2004.
2005.
2008-2009, 2009-2010.

Италија Фјорентина

[уреди | уреди извор]
2000-2001.

Орден Инфанта на Дон Енрике
2004

  1. „BENFICA, Nuno Gomes dirigente“. 1 април 2014.
  2. „Fiorentina, i giocatori se ne vogliono andare“. 30 јануари 2002.
  3. Early finish for Nuno Gomes; UEFA.com, 15 May 2003
  4. Nuno Gomes enjoys happy return; UEFA.com, 5 November 2003
  5. Nuno Gomes inspires Benfica; UEFA.com, 15 October 2005
  6. Benfica earn Super Cup success; UEFA.com, 13 August 2005
  7. Tuttomercatoweb.com, уред. (15 јуни 2011). „UFFICIALE: Nuno Gomes lascia il Benfica“.
  8. Rovers.co.uk, уред. (3 јули 2012). „Rovers sign Nuno Gomes“. Архивирано од изворникот на 2012-07-06. Посетено на 2015-04-06.
  9. 9,0 9,1 9,2 2 настапи во квалификациските кола.
  10. 10,0 10,1 2 гола во квалификациските кола.
  11. 11,0 11,1 1 настап во квалификациските кола.
  12. Во квалификациските кола.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]