Прејди на содржината

Марта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Марта
Марта на левата страна, Исус во домот на Марија и Марта
Почитуван(а) во Православната црква, Римокатоличката црква, Англиканската заедница, Лутеранската црква
Слава 4 јуни (Православие), 29 јули (Католицизам, Англиканство, Лутеранство)

Марта од Витанија се споменува во Светите евангелијата по Лука и Јован. Таа живеела во селото Витанија, во близина на Ерусалим, заедно со нејзиниот брат Лазар и нејзината сестра Марија. Таа била сведок на воскреснувањето на нејзиниот брат Лазар од страна на Исус Христос.