Ангел
Ангел — гласник на Господ според еврејската и христијанската Библија. Зборот ангел доаѓа од грчкото ἄγγελος, што пак е превод на מלאך (малах) од еврејската Библија — Танах; а сличен збор ملائكة (мелек), се користи и во Куранот.
Ангелите во јудаизмот
[уреди | уреди извор]Основата на јудаизмот е строг монотеизам, односно вера во еден Бог, творец, без пониски божествени посредници. Но, со време се развило учењето за посредници меѓу Бог и луѓето: добри ангели и лоши духови, ѓаволи или демони. Ангелите или демоните претставуваат два света кои меѓусебно се во војна. Сепак, и едните и другите потекнуваат од ист творец, од кого се зависни.
Ангелите се претставувани како духовни и бестелесни суштества кои не јадат и не пијат, не се раѓаат и не умираат. Пред луѓето се појавуваат во човечка форма, и тогаш носат светли бели одежди. Функцијата на ангелот е да биде полномошен претставник на друга личност (Пост 32, 6; Суд 9, 31; 2 Бар 6, 32) или божји пратеник, односно „ангел на Јахве“ (Аг 1, 13; Ис 63, 9; 45, 12; Мал 3, 1).
Во Стариот завет изразот ангел означува некој што пренесува порака, без разлика дали тоа е човек или нечовечко суштество. Сепак ангелот може да извршува и некои други активности.
Ангелите се поделени во седум редови како што е наведено во 1 Енох 61, 10: херувими, серафими, офаними, ангели на силата (или први), на власта, избрани, и на моќта. И во 2 Енох 20 набројани се ангелските редови. Меѓутоа, во книгата Јубилеј се спомнуваат „ангели на лицата“, ангели на „светлоста“, а „ангелот на моќта“, воедно е и ангел на смртта и ги прати душите, односно го прати Енох на неговиот пат низ небесните светови.
Постои и група од шест или седум ангели односно архангели (Тов 12, 15), кои имаат пристап кај Господ. Тоа се:[1]
- Архангел Михаил (превод: оној што е налик на Бог), добрината на Бога, оној кој се зазема за децата
- Архангел Гаврил (превод: Бог е мојата сила), врши праведни дела
(Само овие двајца архангели се споменати по име во еврејското свето писмо, другите се од дополнителна литература.)
- Архангел Јофил (превод: Убавината на Бог), оној што ги избркал Адам и Ева од Еденската градина
- Архангел Рафаил (превод: Бог лечи), оној што е божјата сила за лечење
- Архангел Урил (превод: Бог е мојата светлина), оној што нè води кон судбината
- Архангел Самаил (превод: Отровот на Бог), оној што е ангел на смртта и на уништувањето
- Архангел Сандалфон (превод: Здружување), се бори против Самаил и го спојува човештвото заедно
Ангелите во христијанството
[уреди | уреди извор]Христијаните го презеле толкувањето на ангелите од Евреите.[2] На почетокот, христијанскиот концепт за ангел е гласник на Бога, а подоцна се појавуваат посебни гласници: Архангел Гаврил, Архангел Михаил, Архангел Рафаил, и Архангел Урил.[3] Потоа, во време од два века (од 3 до 5 век) претставата на ангелите добива дефинирани одлики во теологијата и во уметноста.[4]
Според Свети Августин, „'Ангел' е името на нивната служба, не на нивната природа. Ако го барате името на нивната природа, дтоа е 'дух'; ако го барате името на нивната служба, тоа е 'ангел'.“[5] Кон крајот на 4 век, Црковните отци се согласиле дека постојат различни категории на ангели, со посебни мисии и активности, но не се согласиле околу нивната природа. Според некои, ангелите имаат физичко тело,[6] додека според други ангелите се целосно духовни. Според некои теолози, ангелите не се божествени, туку се нематеријални суштества кои се подредени на Светото Тројство.[7]
Во христијанската Библија, ангелите се претставени како духовни битија кои посредуваат меѓу Бог и луѓето: „Го направи него [човекот] малку помалку од ангелите..." (Псалми 8:4–5). На Четвртиот латерански сабор (1215) е прогласено дека ангелите се создадени битија, и дека луѓето се создадени после нив. На Првиот ватикански сабор (1869) било потврдено ова.
Интеракција со ангелите
[уреди | уреди извор]„ | Не го заборавајте гостољубието, зашто некои преку него, без да знаат, примија ангели на гости!Forget not to show love unto strangers: for thereby some have entertained angels unawares.—Послание до Евреите, 13:2 | “ |
Во Новиот завет има многу средби и разговори меѓу ангели и луѓе. На пример, три случаи на интеракција меѓу ангели и луѓе се однесуваат на раѓањето на Јован Крстител и Исус Христос. Во евангелието по Лука 1:11, се појавува ангел кај Захарија за да го информира дека ќе има дете и покрај тоа што е стар, со што е најавено раѓањето на Јован Крстител. Во Лука 1:26 Архангел Гаврил ја посетува девицата Марија на Благовештение за да ѝ го претскаже раѓањето на Исус Христос. Ангелите потоа го најавиле раѓањето на Христос при посетата на кралевите на бебето, Лука 2:10.[8]
Според евангелието по Матеј 4:11, откако Исус минал 40 дена во пустината, „...тогаш ѓаволот го остави, и ете, ангели дојдоа и му служеа“. Во Лука 22:43 ангел го теши Исус Христос во Гетсиманската градина.[9] Во Матеј 28:5, ангел го најавува воскреснувањето на Исус.[8]
Папата Јован Павле II ја истакнал улогата на ангелите во неговото дело од 1986 година со наслов „Ангелите учествуваат во историјата на спасението“, каде истакнал и дека денешниот менталитет треба да ја увиди важноста на ангелите.[10]
Ангелите во исламот
[уреди | уреди извор]Ангелите (арапски: ملائكة Malāʾikah) се споменати многупати во книгите Куран и Хадис. Често имаат посебни задачи да извршат, дадени од Бога, како на пример испитување на луѓето преку богатство и лечење на болести.[11] Иако постои верување во ангели во ислаот, не постои догматска ангеологија во исламската традиција. Ангелите ги има во фолклорот, филозофските дебати, меѓутоа постои склоност по поново време да се отфрлат материјалите за ангелите, на пример со тоа што ангелот на смртта ќе се нарекува Азраил.[12]
Ангелите како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Ангелите се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.
Ангелот како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Ангел“ — песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[13]
- „Ангели“ — песна на македонскиот поет Филип Јовановски.[14]
- „Разговор со ангелот“ - песна на полскиот поет Јан Лехоњ.[15]
- „Ангелот на Света Софија“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1953 година.[16]
- „Ревматизам“ — песна на Блаже Конески од 1974 година.[17]
- „Набо, црнецот кој ги натера ангелите да чекаат“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес од 1951 година.[18]
- „Црни ангели“ - роман на францускиот писател Франсоа Шарл Моријак.[19]
- „Ангелче“ - кус расказ на италијанскиот писател Еуџенио Монтале.[20]
- „Грешниот ангел“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини.[21]
- „Овие ангели, риби и птици“ - поетски циклус на рускиот поет Андреј Пољаков.[22]
- „Црниот ангел“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[23]
- „Ангел“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[24]
- „Да ме чува ангелот престана“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[25]
- „Откако ангелот не внимава на мене“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[26]
- „Ах, од ангелот светлата паднаа“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[27]
- „Седмиот ангел“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[28]
- „Сослушување на ангелот“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[29]
Ангелот како тема во музиката
[уреди | уреди извор]Ангелот како тема во класичната музика
[уреди | уреди извор]- „Ангел Вопијаше“ – вокална композиција на композиторот П. Динев.
Ангелот како тема во популарната музика
[уреди | уреди извор]- Морбиден ангел (англиски: Morbid Angel) — американска хеви метал група.[30]
- Архангел - македонска рок-група.
- „Ангел на гравитацијата“ (англиски: Gravity's Angel) - песна на американската музичарка Лори Андерсон (Laurie Anderson) од 1984 година.[31]
- „Ангели“ (хрватски: Anđeli) - песна на хрватската рок-група Азра (Azra) од 1983 година.[32]
- „Паднатиот ангел“ (англиски: Fallen Angel) - песна на американската рок-група Блу Ојстер Калт (Blue Oyster Cult) од 1980 година.[33]
- „Преку мостот каде што живеат ангелите“ (англиски: Across The Bridge Where Angels Dwell) - песна на ирскиот музичар Ван Морисон (Van Morrison) од 1982 година.[34]
- „Ангели“ (англиски: Angels) - песна на британскиот поп-пејач Роби Вилијамс (Robbie Williams).[35]
- „Ангеле“ (српски: Anđele) - песна на црногорскиот пејач Владо Георгиев од 2004 година.[36]
- „Свети Ангел“ (англиски: Saint Angel) - песна на британскиот музичар Голди (Goldie) од 1995 година.[37]
- „Ангел“ (англиски: Angel) - песна на британскиот музичар Голди од 1995 година.[37]
- „Ангел не“ (англиски: Angel No) — песна на швајцарската електро-поп група Јело (Yello) од 1985 година.[38]
- „Црниот ангел“ (англиски: Black Angel) - песна од истоимениот албум на британската рок-група Калт (The Cult) од 1985 година.[39]
- „Заскитан ангел“ (англиски: Misguided Angel) - песна на американската група Каубој џанкис (Cowboy Junkies) од 1988 година.[40]
- „Паднат ангел“ (англиски: Fallen Angel) — песна на британската рок-група King Crimson од 1974 година.[41]
- „Во нашето ангелство“ (англиски: In Our Angelhood) - песна на шкотската рок-група Кокто Твинс (Cocteau Twins) од 1983 година.[42]
- „(Ангелите сакаат да ги носат моите) Црвени чевли“ (англиски: (The Angels Wanna Wear My) Red Shoes) - песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1977 година.[43]
- „Нашиот мал ангел“ (англиски: Our Little Angel) - песна на Елвис Костело од 1986 година.[44]
- „Да, јас сум твојот ангел“ (англиски: Yes, I'm Your Angel) - песна на Џон Ленон и Јоко Оно од 1980 година.[45]
- „Вистински црн ангел“ (англиски: Real Black Angel) — песна на американските хип-хоп музичари MC 900 Ft и DJ Zero) од 1989 година.[46]
- „Лимен ангел“ (англиски: Tin Angel) — песна на канадската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1969 година.[47]
- „Лилав ангел“ (германски: Lila Engel) — песна на германската рок-група Ној! (Neu!) од 1973 година.[48]
- „Погледни го својот дом, ангеле“ (српски: Погледај дом свој, анђеле) — песна на српската рок-група Рибља чорба од 1985 година.[49]
- „Враќање на страшниот ангел“ (англиски: Return Of The Grievous Angel) — песна на американскиот кантри-пејач Грем Парсонс (Gram Parsons) од 1974 година.[50]
- „Страшен ангел“ (англиски: Grievous Angel) — албум на американскиот кантри-пејач Грем Парсонс (Gram Parsons) од 1974 година.[50]
- „Кога ангелите“ (англиски: When The Angels) — песна на британската поп-рок група Prefab Sprout од 1985 година.[51]
- „Ангел“ (германски: Engel) — песна на германската група Рамштајн (Rammstein).[52]
- „Испрати ми ангел“ (англиски: Send me an Angel) — песна на поп-групата Риал лајф (Real Life) од 1983 година.[53]
- „Погледни го домот свој, ангеле“ (Pogledaj dom svoj anđele) — песна на српската рок-група Рибља чорба (Riblja Čorba).[54]
- „Паднатиот ангел“ (англиски: Fallen Angel) — песна на американскиот рок-музичар Роби Робертсон (Robbie Robertson) од 1987 година.[55]
- „Сладок црн ангел“ (англиски: Sweet Black Angel) — песна на британската рок-група Ролинг Стоунс од 1972 година.[56]
- „Набљудувајќи го ангелот“ (англиски: Seeing Out The Angel) — песна на британската рок-група Simple Minds од 1981 година.[57]
- „Ангелот на смртта“ (англиски: Angel of Death) — песна на американската хеви-метал група Слеер (Slayer).[58]
- „Ангелска воздишка“ (англиски: Angel Sigh) — песна на британската рок-група Spiritualized од 1992 година.[59]
- „Благодарам што ми испрати ангел“ (англиски: Thank You For Sending Me An Angel) — песна на американската рок-група Токинг хедс од 1978 година.[60]
- „Ангели на измамата“ (англиски: Angels Of Deception) — песна на британската електронска група The The од 1986 година.[61]
- „Станот на ангелите“ (англиски: Flat Of Angles) - песна на британската рок-група Фол од 1979 година.[62]
- „Град на ангелите“ (англиски: City of Angels) - песна на американската поп-рок група 10 000 Maniacs од 1987 година.[63]
Ангелите како тема во филмот
[уреди | уреди извор]- „Само ангелите имаат крила“ - американски филм во режија на Хауард Хокс.[64]
- „Небото над Берлин“ (германски: Der Himmel über Berlin) - германски филм од 1987 година, во режија на Вим Вендерс.[65]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ангеологија
- ↑ Margaretha, Evans, Annette Henrietta (1 March 2007). „The development of Jewish ideas of angels : Egyptian and Hellenistic connections, ca. 600 BCE to ca. 200 CE“. Архивирано од изворникот на 2020-10-03. Посетено на 2019-01-07.
- ↑ Barker, Margaret (2004). An Extraordinary Gathering of Angels, M Q Publications.
- ↑ „LA FIGURA DELL'ANGELO NELLA CIVILTA' PALEOCRISTIANA – PROVERBIO CECILIA – TAU – Libro“. 2008-12-27. Архивирано од изворникот на 2008-12-27. Посетено на 2017-09-23.
- ↑ Augustine, En. in Ps. 103, 1, 15: PL 37, 1348
- ↑ Ludlow, Morwenna (2012). Brakke, David (уред.). „Demons, Evil, and Liminality in Cappadocian Theology“ (PDF). Journal of Early Christian Studies. Baltimore: Johns Hopkins University Press. 20 (2): 179–211 [183]. doi:10.1353/earl.2012.0014. ISSN 1067-6341. Посетено на 11 November 2012.
- ↑ Proverbio(2007), pp. 29–38; cf. summary in Libreria Hoepli and review in La Civiltà Cattolica, 3795–3796 (2–16 August 2008), pp. 327–328.
- ↑ 8,0 8,1 „CATHOLIC ENCYCLOPEDIA: Angels“. www.newadvent.org.
- ↑ „BibleGateway, Luke 22:43“. Biblegateway.com. Посетено на 30 July 2012.
- ↑ „Angels Participate In History Of Salvation“. Vatican.va. 6 август 1986. Архивирано од изворникот на 20 October 2012. Посетено на 30 July 2012.
- ↑ Предлошка:Hadith-usc
- ↑ Stephen Burge Angels in Islam: Jalal al-Din al-Suyuti's al-Haba'ik fi akhbar al-mala'ik 2015 ISBN 978-1-136-50473-0 part 1.1 and 1.2.
- ↑ Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 63-64.
- ↑ Современост број 3/2023, стр. 10.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 29.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 28.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 67.
- ↑ Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 97-105.
- ↑ Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010.
- ↑ Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 47-50.
- ↑ Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 40.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 258.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 35.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 153.
- ↑ Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 50.
- ↑ Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 51.
- ↑ Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 95.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 14-15.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 61-62.
- ↑ Discogs, Morbid Angel (пристапено на 3 февруари 2021)
- ↑ YouTube, Laurie Anderson - Gravity's Angel (посетена на 27.11.2019)
- ↑ YouTube, Azra "Andjeli " LIVE 19.10.1987. (пристапено на 12.1.2017)
- ↑ Blue Oyster Cult: Fallen Angel - YouTube (пристапено на 24.4.2018)
- ↑ Discogs, Van Morrison – Beautiful Vision (пристапено на 24.3.2021)
- ↑ YouTube, robbie williams - angels (посетена на 19.4.2017)
- ↑ YouTube, Vlado Georgiev - Andjele - (Official Video) (пристапено на 20.2.2017)
- ↑ 37,0 37,1 Discogs, Goldie – Timeless (пристапено на 24.11.2020)
- ↑ Discogs, Yello – Stella (пристапено на 4.6.2021)
- ↑ Discogs, The Cult – Love (пристапено на 13.5.2020)
- ↑ YouTube, Cowboy Junkies Misguided Angel (пристапено на 3.5.2017)
- ↑ King Crimson – Red (пристапено на 8.2.2023)
- ↑ Discogs, Cocteau Twins – Head Over Heels (пристапено на 9.5.2020)
- ↑ YouTube, Elvis Costello - (The Angels Wanna Wear My) Red Shoes (пристапено на 28.3.2018)
- ↑ DISCOGS, The Costello Show Featuring The Attractions And Confederates* – King Of America (пристапено на 26.3.2018)
- ↑ YouTube, John Lennon & Yoko Ono-1980-Double Fantasy (пристапено на 17.6.2017)
- ↑ MC 900 Ft Jesus With DJ Zero – Hell With The Lid Off (пристапено на 3.3.2023)
- ↑ Joni Mitchell – Clouds (пристапено на 27.4.2023)[мртва врска]
- ↑ DISCOGS, Neu! – Neu! 2 (пристапено на 24.4.2023)
- ↑ Discogs, Riblja Čorba – Istina (пристапено на 16.10.2021)
- ↑ 50,0 50,1 YouTube, Gram Parsons - Return Of The Grievous Angel (посетена на 19.4.2017)
- ↑ Discogs, Prefab Sprout – Steve McQueen (пристапено на 17.10.2018)
- ↑ Охридски хорски фестивал – Ohrid Choir Festival 2005, стр. 27.
- ↑ YouTube, Real Life - Send Me An Angel (1983) (посетена на 19.4.2017)
- ↑ YouTube, Riblja Corba - Pogledaj Dom Svoj Andjele (посетена на 19.4.2017)
- ↑ YouTube, Robbie Robertson - Fallen Angel (пристапено на 23.10.2017)
- ↑ Discogs, Rolling Stones* – Exile On Main St. (пристапено на 9.3.2021)
- ↑ Discogs, Simple Minds – Sons And Fascination (пристапено на 15 април 2021)
- ↑ YouTube, Slayer ~ Angel of Death (Lyrics) (пристапено на 22.12.2017)
- ↑ Angel Sigh (пристапено на 11.1.2024)
- ↑ Discogs, Talking Heads – More Songs About Buildings And Food (пристапено на 18.12.2021)
- ↑ Discogs, The The – Infected (пристапено на 23.3.2021)
- ↑ Discogs, The Fall – Dragnet (пристапено на 8.10.2020)
- ↑ YouTube, 10,000 Maniacs City Of Angels (пристапено на 22.9.2017)
- ↑ Антена, бр. 804, 22.11.2013, стр. 13.
- ↑ IMDB, Wings of Desire (1987) (пристапено на 2.12.2017)
|
|