Лаки
Лаки | |
Координати 41°47′48″N 22°40′09″E / 41.79667° СГШ; 22.66917° ИГД | |
Општина | Виница |
Население | 162 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 05010 |
Лаки на општинската карта Атарот на Лаки во рамките на општината | |
Лаки на Ризницата |
Лаки — село во Општина Виница, во околината на градот Виница.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на патот Виница - Берово (Р1304).
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лаки живееле 600 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лаки имало 640 Македонци, егзасрхисти.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[4]
Во 2002 година во селото живееле 314 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 162 жители, од кои 136 Македонци, 2 останати и 24 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 600 | 640 | 882 | 957 | 797 | 712 | 559 | 422 | 397 | 314 | 162 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Лаки е македонско село.
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:
- Котроманци (18 к.) доселени се однекаде пред повеќе од 200 години. Нивното потекло е влашко.
- Улезовци (5 к.), Ковачевци (4 к.) и Маџирци (2 к.) првиот род е доселен од селото Ратево кај Берово. Другите два се со непознато потекло.
- Везировци (6 к.) и Домазетовци (1 к.) доселени се од селото Будинарци кај Берово.
- Сапунџии (5 к.) доселени се од селото Митрашинци кај Берово.
- Паничарци (2 к.) доселени се од некое село Паничари кај Берово (?).
- Бигланци (3 к.) доселени се од селото Бигла кај Делчево.
- Чорбаџици (9 к.) доселени се однекаде.
- Карадаци (4 к.) доселени се од селото Ветрен кај Ќустендил во Бугарија.
- Анѓелковци (6 к.) доселени се однекаде.
- Спасинци (6 к.) исто така не знаат од каде се доселени.
- Ѓор Стојанци (4 к.), Анџии (1 к.), Дедо Оканци (1 к.), Заовци (5 к.), Марковци (4 к.), Петковци (3 к.), Зуламци (2 к.), Мечкарци (2 к.), Славујци (1 к.) и Замбулии (1 к.) доселени се однекаде.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Цркви[12]
- Црква „Св. Јован Богослов“ — главната селска црква;[13]
- Црква „Св. Богородица Балаклија“ — мала црквичка;[14]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 324 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 266 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[17]
- Анџиски Валови — населба од средниот век
- Бигланско Градиште — градиште од доцноантичко време
- Градиште — градиште од доцноантичко време
- Грамади — градиште од доцноантичко време
- Манастирот — црква од средниот век
- Могила — тумул од железно време
- Сејменски Преслап — некропола од средниот век
- Стара Кула — кастел од доцноантичко време
- Црквата — црква од средниот век
- Црквиште — црква од средниот век
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Богдан Станков — револуционер на ВМОРО, четник на Симеон Молеров[18]
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]После Втората светска војна преку 20 семејства од Лаки се иселиле во Блатец и Виница. Во Пекљани се иселиле неколку родови, како. Рашниковци, Трајановци, Јовановци, Ангелови, Симеонови и Момчилови. Околу 30 семејства се иселиле во селата Сушево и Злеово во струмичко-радовишкиот крај.[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 226
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „С. Лаки– Црквата посветена на св. Јован Богослов“. Архивирано од изворникот на 2014-04-13. Посетено на 2014-04-26.
- ↑ Албум со слики
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 98-99. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.9
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|