Прејди на содржината

Кепенова класификација на климата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кепенова карта на климите во светот[1]
  Af
  Am
  Aw
  BWh
  BWk
  BSh
  BSk
  Csa
  Csb
  Cwa
  Cwb
  Cwc
  Cfa
  Cfb
  Cfc
  Dsa
  Dsb
  Dsc
  Dsd
  Dwa
  Dwb
  Dwc
  Dwd
  Dfa
  Dfb
  Dfc
  Dfd
  ET
  EF

Кепенова класификација на климата — еден од најзастапените системи на климатска класификација. Првично е осмислена е климатологот Владимир Кепен во 1884 г, со неколку преработки од самиот автор, од кои најзначајните се направени во 1918 и 1936 г. Подоцна во преработката му се приклучил колегата Рудолф Гајгер, па затоа системот понекогаш се нарекува „Кепен–Гајгерова класификација“.

Системот се темели на поставката дека растителниот свет е најдобар показател за климата во едно подрачје и затоа границите на појасите се водат според распространетоста на дадени видови растенија и дрва. Како фактор во класите се земаат и годишните и месечните температури, врнежите и сезоните во кои се јавуваат.[2]:200–1

Климите се поделени на пет групи, секоја со свои подргрупи, претставени со ознака од 2 до 4 букви.

ГРУПА A: Тропска клима

[уреди | уреди извор]

Тропските клими се одликуваат со постојано висока температура (на морско ниво и мала надм. височина) — просечната температура преку целата година е над 18 °C. Се дели на следниве типови:

ГРУПА B: Сува (пустинска или полупустинска) клима

[уреди | уреди извор]

Оваа клима се одликува со фактот што годишното количество на врнежи е под прагот на потенцијална евапотранспирација[2]:212:

ГРУПА C: Умерени клими

[уреди | уреди извор]

Оваа клима се одликува со просечна температура над 10 °C во најтоплите месеци (април до септември на северната полутопка) и -3 °C до 18 °C во најстудениот месец. Се дели на следниве типови:

ГРУПА D: Континентална клима

[уреди | уреди извор]
Сапоро под снег

Просечната температура во оваа клима е над 10 °C во најтоплите месеци, и под −3 °C во најстудените. Се јавува во внатрешноста на континентите и горните источни крабрежја, посеверно од 40° СГШ. На јужната полутопка, климата од групата D се крајно ретки поради помалите копнени маси во средните напоредници и речиси целосно отсуство на копно во појасот 40°–60° ЈГШ. Се јавува само во планините. Се дели на следниве типови:

ГРУПА E: Поларна клима

[уреди | уреди извор]

Оваа клима се одликува со просечна температура под 10 °C преку целата година:

  • тундранска клима (ET):[2]:235–7 Најтоплите месеци имаат просечна температура од 0 °C до 10 °C. Појасот се протега во најсеверните делови на Северна Америка и Европа. Стенли, Фолкландски Острови и Нук, Гренланд.
  • вечноледена клима (EF):[2]:237 Просечната температура е под 0 °C преку целата година. Присутна е на Антарктикот и во внатрешноста на Гренланд.

Кепенови карти на континентите

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Peel, M. C. and Finlayson, B. L. and McMahon, T. A. (2007). „Updated world map of the Köppen–Geiger climate classification“. Hydrol. Earth Syst. Sci. 11: 1633–1644. doi:10.5194/hess-11-1633-2007. ISSN 1027-5606.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) (direct: Final Revised Paper)
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 McKnight, Tom L; Hess, Darrel (2000). Physical Geography: A Landscape Appreciation. Climate Zones and Types. Upper Saddle River, NJ: Prentice Hall. ISBN 0-13-020263-0.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Linacre, Edward; Bart Geerts (1997). Climates and Weather Explained. London: Routledge. стр. 379. ISBN 0-415-12519-7.
  4. 4,0 4,1 „CHAPTER 7: Introduction to the Atmosphere“. physicalgeography.net. Посетено на 15 јули 2008.
  5. Tapper, Andrew; Tapper, Nigel (1996). Gray, Kathleen (уред.). The weather and climate of Australia and New Zealand (First. изд.). Melbourne, Australia: Oxford University Press. стр. 300. ISBN 0-19-553393-3.
  6. „Statistics for AUS WA.Perth.Airport RMY“. EnergyPlus. U.S. Department of Energy. Архивирано од изворникот на 2012-05-15. Посетено на 19 јануари 2009.
  7. „Climate classification of São Paulo state“ (PDF). Instituto Agronômico de Campinas.
  8. „Statistics for AUS QLD.Brisbane RMY“. EnergyPlus. U.S. Department of Energy. Архивирано од изворникот на 2012-05-15. Посетено на 19 јануари 2009.
  9. „Климатолоишки информации за Хулијака, Перу“. Хонгконшка опсерваторија. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-05-06. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]